АНКЕТИ
против меморија живот интелигенција мисли меморијата карактер зошто предизвикува психологија совети среќата љубов музика сексот вашата влијае стравот мозок прави менува мозокот соништа емоции чекори стресот влијаат луѓето депресија однесување стрес среќа успех врска мажите депресијата жените терапија нивните работа
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| КАКО ДА ГО ПРЕЖИВЕЕТЕ РАСКИНОТ |
|
|
|
| Понеделник, 03 Октомври 2011 08:21 |
|
Прекинувањето на љубовната врска може да манифестира неколку форми на физичка вознемиреност...
Кога 23-годишната Еми Скот ја раскина љубовната врска со нејзиниот колега, мораше да продолжи да се сретнува секојдневно со него на нивното работно место. Притоа, таа буквално страдаше од скршено срце. „Тоа беше најнепријатното чувство во мојот живот – се чувствував како некој да ми седи на градите – тоа е комбинација од болка и притисок што тешко се издржува, и моите пријателки велат дека мене срцето навистина ми е скршено." Истражувачите знаат дека прекинот на врската може да предизвика промени во мозокот кои можат да влијаат на здравјето. Едвард Смит, психолог од Универзитетот Колумбија открива дека интензивната емоционална болка може да предизвика физичка болка.
Исто така, физичката болка се појавува на чуден начин. Освен болки во градите, може да добиете настинка, да страдате од несоница како и од бројни гастро симптоми од слаб апетит па се' до дијареа. Тоа е начинот на кој вашето тело покажува стрес. Дали сте астматични? Може да добиете напад на астма. Можеби ќе ви се појави егзема или псоријаза. Вашата кожа ќе реагира. Имате чувствителни црева? Подгответе се за тоалет. „Додека бев на колеџ, дознав дека мојот дечко ме изневерува. Ослабев скоро за половина од мојата тежина и цела недела се лечев со Преднизон," – вели Кристина Стоевер Јанг.
Еве на што најмногу се жалат луѓето: 1. Жалба: Притисок во срцето и болка, и нееднаков ритам на срцето Причина: Кога стресот е предизвикан од раскинување или развод, телото ослободува огромни количини на кортизол и адреналин. „Секогаш кога нивото на адреналин ви е високо, срцето ви чука побрзо и се појавуваат несоодветни отчукувања и аритмија, чувствувате притисок во градите и загушливост во вратот." – вели доктор Џон М. Кенеди, кардиолог. Жените кои имаат проблем со срцето поради тешкотиите во бракот се соочуваат со три пати поголем ризик за добивање срцев удар отколку жените кои не се под стрес. Што е полошо, постои еден синдром кој имитира срцев удар и е наречен Такоцуба синдром, односно синдром на скршено срце кое може да иницира срцев удар. Но кога кардиологот го проверува срцето не може да најде ниедна блокирана артерија затоа што сите се широко отворени. Стресот симулира симптоми на срцев удар: „Синдромот на скршено срце е екстремна форма на тоа што една болка во срцето може да му направи на нашето тело," – вели Кенеди. Овој синдром може да е смртоносен, но ако се лекува, срцето опоравува во тек од 6 месеци.
Како да се лекува: Треба да се користи се' што може да го намали стресот: вежбање, јога, тај-чи, медитација, опуштање преку правилно дишење. 2. Жалба: Настинка или грип Причина: Истите хормони на стрес можат да му наштетат на имунолошкиот систем и го остава телото подложно на бактерии и вируси. „Кога се соочувате со бактерија или вирус, вашето тело се обидува да се брани," – вели доктор Валери Скот. „Но вашиот имунолошки систем е ослабен и не сте доволно силни да се борите со болеста." Како да се лекува: Справувањето со стресот го подобрува вашиот имунолошки систем. Вежбањето и редовната исхрана помагаат најмногу, особено витаминот Б кој го зголемува имунитетот. Треба да се практикува одмор, опуштање со музика, филм или друштво на пријатели.
3. Жалба: вознемирени црева (болки во стомакот, губење на апетитот, дијареа) Причина: Преголемата количина на кортизол ја пренасочува крвта од вашиот дигестивен тракт и вие имате намален апетит, болки во стомакот, надразнети црева и дијареа. Како да се лекува: Обидете се со апчиња за смирување на дигестивниот систем. Аспиринот ги намалува болките во стомакот. Бидете во убаво друштво. „Сакате да бидете во друштво на семејството и пријателите како и луѓе кои ве поддржуваат."
4. Жалба: Несоница Причина: Навиката за спиење се менува кога телото е под стрес. Некои луѓе по цел ден остануваат во кревет – други не можат да заспијат. Науката сеуште не може да објасни зошто се случува ова, но најверојатно причина се многуте мисли, присетувања на врската и сето тоа влијае врз сонот. Исто така, хормоните за стрес можат да го пореметат вашиот ритам на спиење. Како да се лекува: Бидете активни за вашето тело да добие потреба за сон, но не се преморувајте. Вежбајте, но правете го тоа до 9 вечер, затоа што тоа предизвикува несоница. Избегнувајте кофеин после 3 часот наутро од истата причина. Исклучете го телевизорот, компјутерот и мобилниот телефон барем еден час пред да легнете: намалете го светлото, запалете свеќи и дозволете си топла бања. „Кога ќе го смирите стресот, целиот организам се средува и се подобрува," – вели Скот.
Слични Статии: |
Заборавањето е нормално, но како точно забораваме, како мозокот го води овој процес, се до неодамна, беше недо ... |
Оружја кои користат брановидни снопови со насочена енергија за да предизвикаат болка и електрична стимулаци ... |
Помалите групи на мајмуни може да победат во територијалните војни против поголемите групи. |
Дали ви се случило само гледајќи што му се случува на некој друг, да ве обземат истите емоции? |
Научниците пронајдоа докази за хронестезија, или ментално патување низ времето. |
Како и секој и вие можеби ќе се запрашате која е користа од познавањето на тоа како функционира вашиот мозок. |
Едно возбудливо откритие покажува дека начинот на кој пчелите ги носат одлуките многу наликува на функциони ... |
Новата гранка на науката, синтетичката биологија, наскоро ќе биде во можност да направи вештачки вируси кои ќ ... |
Новото истражување укажува дека повремената употреба на екстаза, нелегална дрога која создава чувство на еу ... |
Во нашиот мозок што тешко го разбираме има бранови кои, ако се користат претпазливо и одговорно, носат позити ... |
Човекот не е единственото живо суштества кое можат да ги распознава лицата на другите луѓе. Според последнит ... |
Луѓето под стрес развиваат одредени навики и нивното однесување не е насочено кон целта. |
Состојката холин која припаѓа на групата B витамини помага при заштита на мозокот од ефектите на стареењето... ... |
Каква е меморијата кај одредени видови и што тие паметат најмногу? |
Колку сте сигурни дека се она на кое се сеќавате навистина се случило?... |
Кога личноста размислува за палави работи, дали една страна од мозокот станува повозбудена од другата? |
Жените имаат седум до девет пати поголема веројатност да страдаат од "синдромот на скршено срце"... |
Истражувачи од САД велат дека пост-смртната анализа на неколку деца со аутизам покажа дека нивниот мозок е по ... |
Ако мозокот е гладен, се што е слатко ќе ви изгледа уште послатко, покажува едно истражување од научниците на ... |
Методот за комуницирање со луѓе со оштетен мозок кои се во вегетативна состојба е откриен од научници од Вели ... |
Останати Статии
| |














