АНКЕТИ
љубов стравот депресијата сексот нивните луѓето мисли мажите совети влијаат успех психологија мозокот стресот меморијата предизвикува стрес соништа емоции среќа жените чекори работа влијае однесување против врска карактер живот меморија среќата интелигенција терапија зошто менува музика депресија мозок прави вашата
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| МОЛЕКУЛ ЗА МЕМОРИЈА |
|
|
|
| Вторник, 08 Март 2011 19:47 |
|
Научниците открија молекул кој не само што може да избрише, туку може и да подобри и зачува податоци во меморијата дури и по неколку месеци.
„Ако пиете кафе или амфетамини за да го држите мозокот активен, вашето учење ќе биде подобро на почетокот на процесот, но тоа се случува со сите луѓе,“ – вели истражувачот Тод Сактор од Медицинскиот центар Downstate. “Она што досега никој не успеал да го направи е да почека неколку дена или пак недели после прочитаната информација и потоа да преземе нешто со што ќе може да ги зачува веќе складираните податоци.” Претходните истражувања за модулирање на меморијата главно се базирале врз терапии што се практикуваат за време на процесот на учење и запомнување податоци. Истражувањето на Сактор се фокусира на мозочниот ензим кој игра основна улога во одржувањето на долготрајната меморија.
Каде се формира меморијата? Сактор и неговиот помошник, Јадин Дудаи од Институтот за наука Weizmann во Израел, тренираа глувци да препознаат вкус на гадење во стомакот сличен на човечкиот кој се појавува поради турење со храна. Ова сеќавање беше регистрирано во нивниот мозок и, месеци после таквото искуство на гадење, глувците избегнуваа храна со таков вкус. За да ја изменат меморијата на глувците, истражувачите прво ги тренирале да поврзуваат одредена храна со болки во стомакот, а потоа им вбризгувале вирус што не предизвикува болест, направен специјално за да го издвои ензимот за промена на меморијата. Ензимот е наречен протеин кинеза М зета или, скратено PKMzeta. Вирусот ја создаде работната верзија на протеинот или пак некоја мутирана форма што ја блокира активноста дури и на природно изразениот протеин.
Поголемото ниво на PKMzeta молекулот во мозокот на глувците предизвика подолготрајна меморија. Истражувачите покажаа дека зголемените нивоа на ензимот ја подобруваат способноста за паметење кај глувците, а мутираната форма за блокирање на активноста ја брише меморијата. PKMzeta функционира поинаку од другите материи што ја подобруваат меморијата, бидејќи ја зголемува природната способност на мозокот за запомнување, односно, секојдневните искуства ги претвора во долготрајна меморија. Меѓутоа, научиците сеуште не го откриле механизмот преку кој се добива пристап до оваа долготрајна меморија по собирањето на податоците. Дудаи и неговиот тим веруваат дека PKMzeta е основен за одржувањето на меморијата. „Луѓето порано мислеле дека одржувањето на меморијата е пасивен процес, дека нема што да се складира, туку само се менуваат податоците,“ Карим Надер, истражувач од Универзитетот McGill во Канада кој не беше дел од истражувањето, вели: „Ова укажува дека механизмите за одржување на меморијата се активни и можат да се контролират.“
Нов лек за зајакнување на меморијата? Се смета дека во иднина, овој протеин ќе биде почетна точка за откривање медикаменти за менување на меморијата. Со него ќе се лечи Алцхајмерова болест преку зајакнување на меморијата, или пак ќе се лечат луѓе со пост-трауматски нарушувања од стрес како и пациенти со фобии, преку намалување на нивната меморија при моментите на зголемен страв. Различни полиња на меморијата ќе можат да се менуваат со менувањето на PKMzeta на различни полиња во мозокот. „Постојат и други молекули кои имаат потенцијал за одржување на меморијата,“ – вели Дејвид Гланцман кој исто така не бил вклучен во истражувањето. „Меѓутоа, јасно е дека PKMzeta е водечкиот молекул.“ Дури и откако им била избришана меморијата за вкусот на гадење, глувците не можеле одново да научат дека не го сакаат тој вкус, што се случи и кај ликовите во филмот “Spotless Mind” откако им се избриша првобитната меморија. „Тој дел од мозокот е сеуште способен да учи нови работи,“ – вели Дудаи. „Не го оштетивме тој дел до толку многу за да не е способен за повторно учење.“
Слични Статии: |












