АНКЕТИ
соништа меморијата против нивните музика психологија совети стресот луѓето зошто влијае однесување депресијата успех жените интелигенција влијаат вашата мозокот терапија мозок предизвикува депресија менува мажите емоции сексот среќа стрес мисли чекори среќата работа прави меморија живот стравот карактер љубов врска
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ВИСТИНА ИЛИ ПРЕТПОСТАВКА |
|
|
|
| Понеделник, 14 Март 2011 23:29 |
|
Во моментите кога мозокот не може да го даде точниот одговор, се потпира врз претпоставките.
Денес, научниците имаат доказ дека оваа стратегија се применува во најраниот период на процесирање на сетилните податоци, вели едно ново истражување. Истражувањето ја искористи погрешната перцепција за човечкиот мозок: Луѓето секогаш мислат дека магливите, лошо оформените предмети се движат побавно отколку што тие се движат реално. Разумното објаснување за ова е дека: „Предметите на овој свет не претпочитаат да се движат многу брзо,“ – рече Ед Вул, невронаучник од Универзитетот во Калифорнија, кој не е дел од новото истражување. „Предметите не минуваат покрај вас со 100 километри на час. Всушност, кога тие се движат, навистина се движат бавно.“ Истражувачите веќе се запознаени со фактот дека нашиот мозок се потпира врз претпоставки кога има проблеми со точното разбирањер на нешто, меѓутоа, ним не им е јасно каде и кога точно во мозокот се случуваат овие процеси.
Во новото истражување, Брет Винч од Универзитетот во Њујорк, заедно со Џастин Гарднер од Институтот за наука за мозокот во Јапонија ги скенирале мозоците на луѓето додека тие анализирале колку брзо се движат црните и белите линии на екранот. На почетокот, задачата била релативно лесна со цел да видат како испитаниците ќе се снајдат во нормална ситуација. Некои региони на мозокот почнале поактивно да работат кога испитаниците почнале да ја оценуваат брзината, меѓутоа, други региони ја намалиле активноста. Тимот користел статички модел за да ги открие овие сигнали на мозочната активност и откриле дека некои од најважните визуелни оддели во мозокот се активирале за да ја одредат брзината на предметот. „Фактот дека можеме да ја одредиме брзината досега не бил посочен од никого,“- рече Вул. За да откријат кои делови од мозокот биле активни кога мозокот повеќе работел на претпоставка, истражувачите го направиле тестот потежок со тоа што ги направиле линиите помагливи. Притоа, испитаниците немале точни податоци кои би ги сметале за релевантни, активноста премина во нивните визуелни центари за да ги вметне деловите на мозокот кои примаат податоци директно од очите. Притоа, овој процес одеше заедно со намалувањето на брзината на оценување кај испитаниците.
Резултатите покажале дека се потпира на фразата “повеќето предмети се бавни”, со што ги одредуваат визуелните патишта во мозокот уште во почетокот на процесирањето на податоците, рече Винч. Вул рече дека овие резултати се интересни, меѓутоа, потребни се дополнителни истражувања за да откријат како точно мозокот ги користи информациите со кои веќе располага: „Гледајќи ги резултатите, јас не би рекол дека сум сосема убеден дека мозокот дека ги вградува претпоставките во толку рана фаза на визуелното процесирање,“ – рече тој. Едно алтернативно објаснување на овие резултати би било дека мозокот ги користи претпоставките подоцна во визуелниот процес, но потоа тие региони на мозокот ги праќаат назад информациите до фронталните визуелни системи кои биле истражувани од страна на Винч и Гарднер.
Слични Статии: |











