АНКЕТИ
депресија предизвикува зошто вашата совети мозокот жените однесување чекори успех интелигенција мисли против стресот луѓето мозок мажите работа соништа меморијата меморија нивните психологија среќата менува музика врска терапија карактер стрес љубов влијае стравот живот прави влијаат сексот среќа депресијата емоции
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПРЕМАЛКУ ИЛИ ПРЕМНОГУ СОН ГО СТАРЕЕ МОЗОКОТ |
|
|
|
| Вторник, 13 Септември 2011 16:02 |
|
Сите знаеме какво е чувството кога сме ненаспани: не можеме да се концентрираме и да размислуваме логично, не ни се зборува и возиме како да сме пијани.
Но што ако секојдневно го прескокнуваме спиењето? Кај луѓето кои спијат помалку од 7 часа на вечер, мозокот побрзо старее, покажува едно истражување објавено во списанието Sleep. Од друга страна, изненадува и фактот дека и премногу спиење – повеќе од 9 часа – исто така е поврзано со побрзо стареење на мозокот. Европските истражувачи го испитуваа спиењето на повеќе од 5 000 средновечни луѓе во текот на 5 години и открија дека оние кои преминале од нормално спиење од 8 часа на повеќе или помалку имаа брз пад на меморијата, слаби когнитивни способности и послаба употреба на речник при комуницирањето во споредба со оние кои спиеле нормално.
Истражувачите дојдоа до знаење дека разликите во когнитивните способности кај луѓето се релативно мали, но додадоа дека тие се показатели за долгорочните исходи како што се стареењето и деменцијата. Истражувањето ја откри врската меѓу краткиот сон и намалувањето на менталната функција, но не покажа дали првото го предизвикува второто. Постојат и други фактори кои можат да влијаат врз сонот, на пример депресијата и хроничните болести или дури и одредени медикаменти – овие фактори истражувањето не ги вклучи – а баш тие можат да влијаат врз губењето на меморијата и заматувањето на мозокот.
„Ова се потенцијални објаснувања и во иднина мора да продолжиме да истражуваме," – вели лидерот на истражувањето Џери Фери од медицинската школа во Лондон. Сеуште не се знае дали подолгото спиење пак ја подобрува работата на мозокот. Фери вели дека оние кои подолго спијат, поретко имаат криза со спиењето.
Во целина, истражувањето дава докази дека краткиот сон е лош за здравјето. „Краткиот сон влијае врз работата на мозокот, го зголемува ризикот за срцев удар и дијабетис па дури и го намалува животот," – вели доктор Лоренс Епштајн, специјалист на медицинската школа во Харвард. Нашиот мозок зависи од сонот и од тоа како ги организираме задачите во текот на денот – спиењето ни помага да го исчистиме целиот хаос што ни го донесол денот. „Сонот е време кога се смируваме и ја формираме меморијата," – вели Епштајн. Постојат луѓе кои сакаат да спијат нормално, 7-8 часа во ноќта, но исто така има луѓе на кои им треба помалку сон.
Како да дознаеме колку часа треба да спиеме? Легнете една ноќ, се препорачува тоа да е на почетокот од неделата кога немате недостиг на сон и сте одморени – и не местете аларм, оставете телото природно да се разбуди следното утро и видете како ќе се чувствувате во текот на денот. Ако се чувствувате добро и не ви се спие, значи дека сте се наспале, вели Епштајн.
Слични Статии: |












