АНКЕТИ
мозок предизвикува музика терапија врска влијае среќата мозокот мисли прави мажите чекори емоции депресија депресијата менува интелигенција однесување успех против меморија живот сексот среќа влијаат луѓето работа стравот стрес совети карактер нивните жените стресот психологија соништа зошто љубов вашата меморијата
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПОДЕЛЕН МОЗОК |
|
|
|
| Понеделник, 19 Септември 2011 16:00 |
|
Истражувањата направени врз пациенти со хирушки поделен мозок покажуваат дека двете хемисфери на мозокот се способни свесно да функционираат независни една од друга.
Хирушката поделба на мозокот, односно комисуротомија, се практикувала врз пациенти со епилепсија кои не реагирале на терапијата со лекови. Нервните влакна што ги поврзуваат двете хемисфери на мозокот се делат и притоа нема никакви несакани последици, но при подетална анализа, може да се увиде дека двете половини на мозокот функционираат со своја одделна совест. Пост-комисуротомен синдром Откако ќе се изврши операцијата, привремено се појавува синдром при кој левата рака и левото стапало, кои се под контрола на десната хемисфера, не се под свесна контрола на пациентот. Ова се случува се' додека двете хемисфери се приспособат да работат заедно. Има еден пример за една жена која се успала, но нејзината десна хемисфера реагирала на алармот додека левата хемисфера сеуште спиела, па нејзината рака ја удрила жената по лицето за да се разбуди. Некои пациенти без никаква цел ја закопчуваат нивната облека со една рака, додека другата рака ги откопчува.
Специјалност на двете мозочни хемисфери Генерално прифатено е дека двете страни на мозокот се специјализирани за различни функции; левата страна повеќе се занимава со логика, и се активира при учење јазици и математика, додека пак десната е попасивна и повеќе се занимава со невербална комуникација, ориентација во просторот, препознавање предмети, уметност и музика. Секоја страна од мозокот ја контролира спротивната страна на телото.
Експериментот со поделениот мозок на Роџер Спери Во доцните 1950ти, Роџер Спери, професор по невропсихологија од Америка, детално го проучуваше поделениот мозок на пациентите. Тој разви една задача која праќаше визуелни податоци само до една хемисфера и притоа едно око на пациентот беше затворено. Визуелниот стимул беше прикажан само една десетина од секундата, што значи дека немаше време за движење со окото со што би се раширила информацијата до двете страни од мозокот. Јазикот се процесира во левата хемисфера, што значи дека ако сликата стигне само до левото визуелно поле од поделениот мозок на пациентот, пациентот нема да може да го именува стимулот.
Чудни резултати Кога на пациентите им беше прикажана слика само на едната половина од нивното визуелно поле, а потоа на другото, тие реагираа вториот пат како никогаш претходно да не ја виделе сликата. Ако истовремено им биле прикажани два симболи (на пример, долар на едната страна, и прашалник на другата) и ако притоа требало да кажат што виделе, тие со левата рака го цртале симболот на доларот а гласно кажувале дека виделе прашалник.
Предметите што им биле ставани во рацете можеле да ги именуваат ако им биле во десната рака (која е под контрола на левата хемисфера), но не можеле да погодат што имаат во левата рака. Сепак, ако предметот потоа бил поставен помеѓу други предмети, можеле да го одделат од другите со левата рака, затоа што невербално, тие сепак биле свесни за предметот. Ако на пациентот му е покажана некоја експлицитна слика на десната хемисфера и ако го праштаат што видел, нема да знае да го именува но ќе покаже знаци на срам, и најчестиот коментар што го дава дека видел некаква "чудна слика."
Лажен разум и рационализација Разумот е исто така под влијание. Ако на пациентите им биле покажани две слики, по една на секое визуелно поле, како на пример кокошка и планина со снег, и ако од нив било побарано да дадат добра асоцијација за сликите од една листа на зборови, тие на пример, би избрале нога од кокошка за да асоцираат на кокошката или пак лопата за да асоцираат на снегот. Интересно е тоа што кога биле прашани зошто избрале лопата, одговорот го поврзувале со кокошката, на пример "лопатата се користи за чистење на изметот од кокошката." Ова се случува затоа што левата хемисфера не е свесна за сликата со снегот, а таа е одговорна за говорот. Пациентите всушност "рационализираат", тоа е еден потсвесен процес при што се даваат изговори, а тоа го опишал и Сигмунд Фројд.
Специјализација и различен тек на мислата Спери успеал да открие дека секоја хемисфера на мозокот е специјализирана за извршување на различни функции и исто така има свои сопствени перцепции, меморија и искуства, како да има два текови на мислата кои функционираат во една иста личност. Пери доби Нобелова награда за ова истражување во 1994 година.
Слични Статии: |














