АНКЕТИ
мисли терапија среќата работа емоции успех влијае депресијата прави карактер среќа стравот стрес однесување љубов меморија зошто психологија совети мозок влијаат менува депресија луѓето против соништа мажите меморијата жените живот нивните чекори стресот интелигенција сексот мозокот врска вашата музика предизвикува
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| БИЛИНГВАЛНОСТА НЕ Е ШТЕТНА ЗА МОЗОКОТ |
|
|
|
| Вторник, 20 Септември 2011 16:18 |
|
Како успеваат луѓето кои зборуваат повеќе од еден јазик да не ги мешаат јазиците меѓусебно? Како им текнува на точниот збор за точниот јазик кога се смета дека за добро познавање на еден јазик потребно е да се знаат околу 30 000 зборови?
Токму тоа беше интересно прашање и за науката со децении, и притоа се појавуваа сложени теории за тоа како мозокот процесира повеќе од еден јазик, а понекогаш се појавуваа теории кои сметаа дека билингвализмот ја деградира работата на когнитивниот систем. Меѓутоа, психологот Мајк Витевич од Универзитетот во Канзас смета дека сложените објаснувања за тоа како мозокот процесира два или повеќе јазици се сведуваат на едно просто објаснување. „Вродените карактеристики на зборовите – нивната звучност – даваат доволни податоци за да можеме да откриеме на кој јазик припаѓаат," – вели тој. „А и не ви треба да знаете повеќе од тоа."
Во една анализа на англискиот и шпанскиот јазик, Виветич откри дека постојат и зборови кои звучат слично во двата јазика. Повеќето теории за тоа како билингвалните лица го пронаоѓаат вистинскиот збор во меморијата сметаат дека секој збор е "означен" со податок за тоа на кој јазик му припаѓа, вели Виветич. Но тој не се согласува со ова. „Со оглед на тоа дека зборовите од еден јазик звучат различно од зборовите на друг, веројатно има дополнителна и непотребна ментална работа за да се означи секој збор и неговата припадност."
Еве една аналогија. Замислете дека во фрижидерот имате јаболка и портокали. Јаболката се јазикот што го знаете, а портокалите се друг јазик што исто така го знаете, а фрижидерот е делот од меморијата познат како лексикон во кој е складирано знаењето за јазиците. За да најдете јаболко, вие барате нешто црвено во фрижидерот, а за да најдете портокал, барате нешто портокалево. Од време на време, можеби ќе земете недозреано, зелено јаболко, а сте сакале да земете црвено. Во овој случај доаѓа до "мешање" на јазикот што се случува понекогаш, иако ваквите случаи се ретки, вели Виветич. „Овој процес на барање специфично парче овошје е сосема ефикасен како таков – но означувањето на секое јаболко како јаболко, и секој портокал како портокал ми изгледа напорно и непотребно."
Со огледа на тоа дека зборовите во еден јазик звучат различно од зборовите во друг, родителите кои зборуваат различни јазици не треба да се грижат дека нивните деца ќе се збунат или пак дека ќе има наштетат ако им зборуваат на два различни јазици, вели Виветич. „Повеќето луѓе во повеќето земји зборуваат повеќе од еден јазик," – вели Виветич. „Ако САД сака успешно да конкурира на пазарот и глобалната економија, нам ќе ни требаат луѓе кои знаат да комуницираат со потенцијалните инвеститори и клиенти."
Слични Статии: |











