АНКЕТИ
мисли живот врска нивните успех против менува вашата совети луѓето жените зошто меморија мозок музика карактер среќа мозокот влијае мажите предизвикува стрес соништа љубов депресијата сексот меморијата работа депресија стресот стравот интелигенција среќата однесување емоции терапија влијаат чекори психологија прави
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО УМ И ТЕЛО |
|
|
|
| Вторник, 27 Септември 2011 19:25 |
|
Кога имаме некој проблем што треба да го решиме, ние не го користиме само мозокот, туку цело наше тело.
Постојат докази од когнитивната психологија кои ја потрврдуваат оваа врска. „Способноста да го користите телото за да решeте некој проблем го менува начинот на кој ги решавате проблемите." – вели професорката Марта Алибали од Универзитетот во Висконисин. „Движењата на телото се едни од ресурсите кои ги користиме при когнитивните процеси." Овој заклучок што е донесен од едно ново истражување од страна на Алибали и нејзините колеги Роберт Ц. Спенсер од Универзитетот од Висконсин и Луси Нокс и Сотаро Кита од Универзитетот во Бирмингем, вели дека и кога треба да решeме проблеми кои се поврзани со движење и простор, неспособноста да се користи телото не' присилува да бараме други стратегии, а тие што ги поседуваме се сосема ефикасни.
Истражувањето вклучуваше два експерименти. Во првиот беа вклучени 86 американски студенти, од кои половината биле спречени да ги движат рацете со помош на ракавици кои биле прикачени за табла. Другите пак не можеле да ги движат нозете со помош на ленти кои биле прикачени на друга табла. На вторите им било чудно затоа што биле врзани, но ним рацете им беа слободни. Од другата страна, лицето кое го водеше експериментот поставуваше прашање од типот „Ако пет механизми се наместени во една линија, и ако едниот почнеш да го движеш обратно од стрелките на часовникот, како ќе се движи последниот механизам?" Испитаниците гласно го решавале проблемот а притоа беа и снимани.
Потоа, биле анализирани снимките и се гледале гестовите со рацете на испитаниците, вербалните објаснувања кои покажувале дека испитаникот ги визуелизира тие физички движења, или пак употребата на математички правила. Резултатите покажаа дека луѓето на кои им било дозволено да ги движат рацете, го правеле тоа и притоа користеле перцептивно-моторни стратегии за да го решат проблемот. Луѓето кои имале врзани раце, како и оние кои не правеле гестови (дури и кога им било дозволено), користеа апстрактни математички стратегии за да го решат проблемот. Во вториот експеримент, 111 возрасни лица од Британија го решавале истиот проблем но немале право гласно да размислуваат. И тие исто така биле снимани, а ги објаснувале нивните стратегии подоцна. Резултатите биле исти.
Податоците поставуваат подлабоки прашања за врската меѓу умот и телото и нивната врска со просторот, вели Алибали. „Ние луѓето постојано користиме визуелно-просторни метафори за да ги решиме проблемите и да направиме концепт за работите – дури и во домени кои не се изгледаат физички. Доброто расположените е "високо", а лошото е "ниско". Ова е метафоричко структуирање на нашиот концептуален поглед." Алибали, образован психолог, прашува: „Како може да ја зголемеме моќта на акцијата и перцепцијата при учењето?" Или пак: „Што е со когнитивните стратегии на луѓето кои не можат да го движат телото?"
Слични Статии: |











