АНКЕТИ
успех љубов вашата емоции мажите мисли сексот стресот врска однесување влијаат работа зошто терапија мозок депресија чекори нивните против карактер предизвикува прави меморијата среќа стрес музика соништа совети стравот интелигенција среќата менува луѓето влијае меморија мозокот депресијата живот психологија жените
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| МЕМОРИЈАТА СЕ ПОДОБРУВА СО КОНКУРЕНЦИЈАТА |
|
|
|
| Среда, 05 Октомври 2011 14:42 |
|
Едно ново истражување покажува дека конкуреницијата меѓу клетките ја подобрува меморијата во мозокот.
Податоците помагаат при истражување на причината за невролошки нарушувања како што е Алцхајмеровата болест, аутизмот и шизофренијата. „Податоците за тоа како функционира мозокот ги добивавме од анализирањето на нашите сетилни и моторни системи, но многу малку се знае за механизмите што ги организираат нервните патишта кои се вклучени во посложените функции на мозокот, како што е меморијата," – вели авторот Хисаши Умемори.
Мозочните клетки растат и се прошируваат низ патиштата за да поврзат различни делови од мозокот, вели Умемори. Како што се развива мозокот, овие врски се приспособуваат една на друга и стануваат поефикасни. Проблемите со овој процес можеби се главните одговорни за некои невролошки нарушувања. „Сакавме да дознаеме како мозочните патишта стануваат поефикасни во текот на развојот на мозокот." – вели Умемори. „Дали мозокот избира да одржува добри врски и да се ослободи од лошите и што се случува ако е така?"
За да се истраже како нервната активност ги организира патиштата на меморијата, истражувачите користеа глувци кои биле генетски модифицирани со тоа што нивните неврони за интерес биле отстранети за целите на истражувањето. Научниците ја анализираа врската меѓу хипокампусот, кој претставува основа за формирањето меморија, и церебралниот кортекс, кој пак е основа за перцепцијата и свесноста, како и за други когнитивни функции. Истражувачите деактивираа околу 40 проценти од невроните за поврзување и, со текот на деновите, анализираа како мозокот ги елиминираше неактивните невронски врски и ги оставаше само активните.
Истражувањето покажа дека ако сите неврони се деактивирани, нивните врски не се елиминираат. „Ова ни кажува дека мозокот наоѓа начин да одреде кои невронски врски се добри, а кои не," – вели Умимори. „Невроните си конкурираат едни со други. Но, ако сите се подеднакво лоши, нема да бидат елиминирани." Истражувачите разгледаа и дел од хипокампусот кој е еден од двата предели на мозокот кој продолжува да генерира нови неврони. Тука тие открија втор тип на конкуренција: нови клетки кои се натпреваруваат со созреаните клетки, а се очекуваше да се открие натпревар само помеѓу созреаните клетки.
Кога научниците ја блокираа можноста за формирање нови клетки, елиминацијата престана а мозокот остана со веќе постоечките клетки кои не беа деактивирани. Пораката е дека учењето и меморијата се формираат кога мозокот ги елиминира лошите врски, објаснува Умемори. Тој додава: „Колку подобро ги разбираме механизмите за работа, толку подобро ќе разбереме што се случува кога тие не функцираат."
Слични Статии: |












