АНКЕТИ
предизвикува љубов меморијата влијае менува жените совети против стрес зошто депресија мозок психологија емоции интелигенција соништа влијаат терапија вашата депресијата среќата карактер нивните стравот прави луѓето меморија врска мажите сексот успех мозокот музика чекори живот стресот среќа мисли однесување работа
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| РАМ МЕМОРИЈАТА ВО НАШИОТ МОЗОК |
|
|
|
| Четврток, 13 Октомври 2011 21:04 |
|
Успех само со работна меморија, не со пракса...
Дури и оној кој има најмали познавања од компјутери знае дека колку е поголема РАМ меморијата, толку подобро функционира компјутерот. Едно ново истражување прави слична споредба со капацитетот на работна меморија кај секој човек кој е пресуден за тоа дали еден човек функционира добро или одлично. Доктор Зак Хембрик, научник од Мичиген, открива дека луѓето со поголем капацитет на работна меморија се подобри од оние со понизок капацитет, и ова се случува дури и кај луѓето со големо искуство и знаење. Тврдењето на Хембрик е спротивно од јавното мислење дека праксата и работата се коефициентот икс - ова е мислење кое го делат авторите на книги-бестселери како што се Дејвид Брукс и Малком Гледвел.
Хембрик смета дека капацитетот на работна меморија кој е тесно поврзан со општата интелигенција е решавачкиот фактор за тоа што е добро, а што одлично. Работната меморија е всушност складиште на мозокот за регулирање на информациите при покомплексни когнитивни задачи како што е разбирање на јазикот, учењето и размислувањето. Низ серија на истражувања, Хембрик и колегите открија дека луѓето со повисоко ниво на работна меморија биле подобри отколу оние со пониско ниво на работна меморија дури и кога станувало збор за луѓе со искуство и знаење за дадената задача. Во истражувањата се анализираа комплицирани задачи како на пример читање ноти за пијано.
„Иако е јасно дека знаењето што се стекнува со искуството е основа за добро функционирање, тоа не е секогаш доволно." - вели Хембрик, професор по психологија. „Капацитетот на работна меморија исто така може да го одреди степенот на солидно функционирање во сложените домени како што се музиката, шахот, науката па дури и во спортовите како што е голфот." Хембрик изјавува дека и Гледвел и Брукс мислат дека за добра работа е потребно само искуство и знаење. „Едно лице со коефициент на интелигенција 150 теоретски е поинтелигентно од друго лице со коефициент 120, но тие дополнителни 30 поени воопшто не се битни кога зборуваме за целокупниот успех во животот," - вели Брукс.
Хембрик на ова одговара: „Дејвид Брукс и Малком Гледвел едноставно грешат. Доказот е сосема јасен: повисоко ниво на интелигенција го става лицето во предност - колку повисок коефициент - толку подобро." Истражувањата покажуваат дека интелигенцијата има потекло и од гените и од околината, вели Хембрик, сепак, „Ние многу долго време се обидувавме и не успевавме да смислиме начин да ја зголемиме интелигенцијата кај луѓето." Хембрик и неговите колеги продолжуваат да го анализираат овој проблем. „Сеуште не се знае дали може да се подобри општата интелигенција." - вели тој. „Ние се надеваме дека тренингот на когнитивната способност може да донесе подобрувања. Но сеуште го бараме вистинскиот начин."
Слични Статии: |











