АНКЕТИ
влијаат стравот зошто сексот врска карактер против стрес депресија однесување прави жените депресијата среќата музика нивните мисли љубов совети живот предизвикува стресот психологија среќа емоции мажите меморија работа вашата влијае успех мозок мозокот терапија соништа чекори меморијата менува луѓето интелигенција
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| КОКАИН КАКО НАГРАДА |
|
|
|
| Понеделник, 22 Ноември 2010 23:00 |
|
Според најново истражување објавено во списанието "Биолошка психијатрија", човечкиот мозок го перцепира кокаинот како награда.
Кокаинот е една од најстарите познати дроги која започнува масовно да се користи кон крајот на 19-ти век. Истовремено, може да се каже дека навистина знаеме малку за нејзиниот ефект врз човековиот мозок или за механизмите кои доведуваат до зависност од неа. Најновиот натпис од др. Марко Лејтон при Невролошкиот Институт во Монтреал (НИМ), Мек Гил Универзитетот и Здравствениот Центар на МекГил Универзитетот, , не само што покажува дека мозокот реагира на кокаинот како на награда, туку исто така ја поврзува подложноста на зависност со овие механизми. Резултатите од ова истражување покажуваат дека шмркањето кокаин предизвикува лачење на големи количества допамин во централниот мозочен регион кој се вика стријатум. Допаминот се активира како одговор на мозокот на некоја награда или на дрога која создава зависност.
Студијата беше спроведена врз 10 уживатели на кокаин (кои не беа зависници). На денот на тестирањето сите тие вшмркаа кокаин, а наредниот ден земаа лажен бел прашок. Пред и по земањето на дрогата им беа направени тестови на крвта и им беше мерено нивото на допаминот со ПЕТ скенери. "Способноста на кокаинот да го активира лачењето на допамин значително варираше од една до друга личност. Нашата студија укажува дека ова е поврзано со тоа колку личноста користела дрога во минатото," објасни Др. Лејтон. Колку повеќе некој користел кокаин за време на животот, толку повеќе мозокот ќе излачува допамин при секое наредно земање на "белиот прав". "Според тоа веројатно интензитетот на мозочната реакција на кокаинот како награда е поврзан со зголемена подложност на зависност," вели Др. Лејтон.
Иако често беше демонстрирана поврзаноста на употребата на дрога со интензитетот на лачење на допаминот, истражувачите се уште не можат целосно да разберат како тој механизам функционира. Дали постојаната стимулација која мозокот ја перцепира како награда создава зависност, или пак можеби тоа го прави подложноста на зависност која доведува до зголемено лачење на допамин? На ова прашање не е лесно да се даде одговор, со оглед на тоа што и други фактори се во игра (на пример, други аспекти од човековиот личен историјат). Кој и да е одговорот на претходното прашање, врската помеѓу допаминот и кокаинот значи дека овој хормон е потенцијална "мета" за лечење од зависност. Потребно е да се извршат повеќе испитувања пред третманите, но оваа студија ни отвора сосема нови хоризонти на истражување.
Слични Статии: |











