АНКЕТИ
влијаат мозокот жените влијае депресијата депресија карактер предизвикува терапија стресот љубов меморија чекори психологија луѓето врска успех музика емоции работа среќата мисли прави интелигенција вашата совети против однесување меморијата сексот нивните среќа живот мозок мажите соништа зошто менува стравот стрес
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| МИТОВИ ЗА ЧОВЕЧКИОТ МОЗОК |
|
|
|
| Сабота, 22 Октомври 2011 09:27 |
|
Без оглед на многубројните истражувања, човечкиот мозок до денес е мистерија за научниците...
A што се однесува до „обичниот свет" тој има слаба претстава како е тој конструиран и како функционира, пишува интернет изданието на весникот „Times of India". Соработниците на Националниот институт за здравство во САД подготвија список на 10 најпопуларни заблуди за мозокот, меѓу кои една од најпознатите и најраспространетите e дека човекот користи само 10 отсто од својот мозок. Самото тврдење е од почетокот на минатиот век и се припишува на популарниот американски психолог Вилијем Џејмс, кое звучи убедливо, но е погрешно.
Резултатати од скенирање на мозокот јасно покажале дека за исполнување на конкретна задача потребна е хармонична работа на различни делови на мозокот. Вториот мит се однесува на луѓе кои патат од аутизам. Се смета дека тие имаат посебни, вродени таленти, што е уште еден мит кој го создаде телевизијата. Експертите констатирале дека таквите пациенти можат да имаат одлични физички потенцијали, но тоа не може да се каже за умствени. Исто така, многумина сметаат дека шизофренијата значи поделена личност, но тоа всушност е психичко растројство кое се карактеризира со проблем со концентрацијата, халуцинации, социјална изолираност и недвижење.
Некои пак сметаат дека мозокот не се менува, но тоа не е така – мозокот одлично се обновува по повреди и се реконструира. А алкохолот, наспроти распространетото верување, не ги убива клетките на мозокот, иако неговата конзумација може да влијае на мозочниот систем, но само на дендритите – куси, разгранети продолжетоци, преку кои невроните добиваат информации. Додуша, реткиот синдром Вернике – Корсаков, се карактеризира со губење на неврони во некои делови на мозокот, но тоа не е примарен ефект од алкохолизам, туку секундарен ефект на недостаток на витамин Б, предизвикан од прекумерно конзумирање на алкохол. Како погрешно се наведува и тоа дека оштетувањата на мозокот се „вечни". Меѓутоа, се зависи од степенот на местото и повредата, умерените трауми лесно се контролираат, вечни и неповратни остануваат само тешките повреди, но сите повреди не го доведуваат човек до вегетативна состојба.
Една од најстрашните заблуди е и таа дека луѓето имаат најголем мозок. Со паралелно истражување е откриено дека просечен човечки мозок тежи околу 1,4 килограми, а мозокот на цицач од видот на китови (Physeter catadon) тежи околу 7,7 килограми. Вистина, некои научници потенцираат дека не е важна големината на мозокот, туку пропорцијата на големината на мозокот и телото, која кај луѓето е околу 1:50, додека кај другите животни околу 1:180 или 1:120. Важно е и тоа колкав дел од мозокот е ангажиран во когнитивната функција за распознавање, а од сите цицачи човекот има најголема мозочна кора (cerebral cortex) вклучена во функциите на памтење и говор.
Ако се говори за структурата на мозокот, некои луѓе веруваат дека мозокот е компактна маса, иако тој се состои од безброј клетки – ганглии и неврони. Една од 10 заблуди е и таа дека човекот има само пет сетила. Меѓутоа, вкусот, мирисот, допирот, слухот и видот навистина се најсилни, но не се единствени сетила. Постојат и други, како што се чувство за рамнотежа, болка и положба на телото во просторот. Митот за тоа дека со слушање на музика на Моцарт, кои ја практикуваат идни родители, може да се стане попаметен, прв пат го опиша истражувачот Алфред Томатис, а стана популарен благодарение на музичарот Дон Кемпбел. Верувањето стана многу популарно, но ниту едно истражување до сега не ја потврдило таа теорија.
Слични Статии: |













