АНКЕТИ
предизвикува стресот среќа зошто мозок среќата прави луѓето совети мозокот жените мисли стрес меморија стравот депресијата емоции работа соништа чекори влијае влијаат психологија успех сексот врска љубов меморијата нивните живот мажите терапија депресија против менува вашата однесување музика карактер интелигенција
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ХРАНА КОЈА ГО ПОТТИКНУВА МОЗОКОТ |
|
|
|
| Недела, 06 Ноември 2011 10:52 |
|
Постојат разни начини за зголемување на моќта на мозокот и еден од нив вклучува храна која промовира оптимално мозочно функционирање...
Дознајте што значи здравата храна за мозокот. Мозокот ја има контролата дури и над најмалите движења на телото. Човековото тело без мозок е како автомобил без шофер. Нашата психичка и физичка благосостојба зависи од функционирањето на мозокот. Подоброто мозочно функционирње ни дозволува ефикасно да се справиме со стресот, го одржува високот ниво на енергија и обезбедува психичка јасност. Во денешниот начин на живот каде мораме да балансираме помеѓу работата во канцеларија и личните обврски, под оптималното функционирање на мозокот може да влијае како голема препрека за нашето напредување. Со оглед на овој факт, личноста мора да ја зголеми моќта на мозокот. Храната за изострување на мозочната моќ овозможува природен пат за подготовка на мозокот за нови предизвици со кои личноста мора да се соочи.
Храна за зајакнување на мозокот Како да ја зголемите моќта на мозокот? Јадењето на вистинската храна може да придонесе за неизмерно подобрување на мозочната функција. За разлика од додатоците или билките, храната за подобрување на мозочната моќ се лесно достапни и не коштаат цело богатство. Следува дел од храната за зајакнување на мозокот:
Храна богата со Омега 3 масни киселини Студиите покажаа дека храната со висока концентрација на омега 3 масни киселини игра витална улога во подобрувањето на моќта на мозокот. Речиси 60% од мозокот се состои од есенцијални масни киселини и од таму доаѓа смислата за вклучува на ваква храна во диетата. Всушност, истражувањето потенцира дека внесувањето на храна богата со омега 3 есенцијални масни киселини е клучна за правилен развој на мозокот. Со цел да се подобри когнитивното функционирање на мозокот, личноста треба да го вклучи овој вид на храна во начинот на исхрана. Психичкото здравје, кое директно зависи од правилното функционирње на мозокот може значително да се подобри со внесувањето на оваа храна. Било да се работи за надминување на пречките во учењето, зголемување на нивото на концентрација или спречување на психички болести, луѓето тоа може да го постигнат со едноставно внесување на овие јадења во исхраната. Храна која е богата со омега 3 масни киселини е:
• Мрсна риба, на пример лосос или скуша • Ленено семе • Маслиново масло
Храна богата со антиоксиданти Забележано е дека со стареењето напоредно опаѓа и мозочното здравје. Се цел да се запре прогресивната детериорација на мозокот и да се одржи остроумен и на стари години, неопходно е на дневното мени да има храна богата со антиоксиданти. Антиоксидантите го штитат мозокот од оштетувањето со слободни радикали и ги спречуваат болестите како Алцхајмеровата. Антиоксидантите може да ја зголемат моќта на мозокот преку подобрување на меморијата и зголемување на когнитивните вештини. Студиите покажуваат и дека за ефикасно функционирње на мозокот, личноста не смее да си дозволи да ја избегнува храната богата со антиоксиданти. Така, нема да мора да се грижи за мозочните пореметувања поврзани со стареењето, доколку следните јадења богати со антиоксиданти станат интегрален дел од диетата:
• Зеленчук кој вклучува компири, спанаќ, брокули, синап, зелје и карфиол • Овошје кое вклучува боровинки, јагоди, сливи, суво грозје, црвено грозје, малинки и портокали
Храна богата со протеини Храната богата со протеини исто така ја зголемува моќта на мозокот. Јадењата кои се богати со протеини придонесуваат и за одржување на здраво мозочно функционирње. Недостигот на протеини во мозокот може негативно да влијае на меморијата и способностите за учење. Нашите неврони содржат билиони нервни клетки. Овие неврони меѓусебно комуницираат преку ослободувањето на невротрансмитери. Мозокот користи амино киселини, важен составен дел на протеинот за продуцирање на овие невротрансмитери. Некои од овие невротрансмитери се одговорни за контролирањето на емоциите како анксиозност и болка. Овие хемикалии се корисни и за предизвикување на сон, покачено ниво на енергија и промовирање на психичка благосостојба. Недостатокот на протеини го редуцираат производството на овие хемикалии, што може да предизвика омалаксаност и општа слабост. Затоа, за да се одржи нормално мозочно функционирање, личноста треба да се храни со следните јадења богати со протеини:
• Јајца • Јаткасти плодови (бадеми и лешници) • Пилешко без кожа • Соја
Храна од интегрални зрна Јадењето на храна со интегрални зрна е исто така неопходно за подобрување на мозочната активност. Интегралните зрна се одличен извор на витамин Б6, кој му овозможува на мозокот да продуцира невротрансмитери. Без сомневање, витаминот Б6 се смета за витамин на мозокот. Б комплекс витамините кои во изобилство се среќаваат во интегралните зрна обезбедуваат подобрување на мозочното функционирање. Храната богата со интегрални зрна вклучува:
• Овесни снегулки • Интегрален ориз • Овесни трици • Интегрални тестенини Во целина, ова е дел од храната за зајакнување на мозокот кои го спречуваат стареењето на еден од најважните делови на телото. Покрај храната за зголемување на моќта на мозокот, личноста може да прифати и други стратегии како медитација, техники на длабоко дишење и внесување на билки како гинко билоба и рузмарин за подобрување на мозочната функција.
Слични Статии: |

















