АНКЕТИ
зошто нивните однесување против психологија соништа вашата терапија прави меморија музика менува чекори мозок предизвикува луѓето стравот работа мозокот стресот успех сексот среќата совети депресија карактер љубов депресијата влијаат влијае живот стрес жените емоции интелигенција мисли врска среќа меморијата мажите
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| 5 ПРИДОБИВКИ ОД ПОЗНАВАЊЕТО КАКО РАБОТИ МОЗОКОТ |
|
|
|
| Понеделник, 26 Декември 2011 15:03 |
|
Како и секој и вие можеби ќе се запрашате која е користа од познавањето на тоа како функционира вашиот мозок. Што може тоа знаење да ви помогне за вашето здравје или пак за врската што ви значи најмногу во вашиот живот? Зошто да одам толку длабоко, би се запрашале? Истражувањата покажуваат дека знаењето за тоа како функционира вашиот мозок имаат оздравувачки ефект врз клучните врски. Според Даниел Сигал, автор на книгата „Развоен мозок: Како врските и мозокот се во интеракција да не обликуваат во она што сме" постојат барем пет работи кои се корисни ако се потрудите да го запознаете вашиот мозок одблизу.
1. Го гради вашето знаење и разбирање. Кога имате друга референтна рамка преку која може да се разберете себеси, имате поголемо разбирање не само за себеси туку и за животот воопшто. Ова знаење ви помага да имате подобра релација со себеси затоа што дознавате како мозокот и вашата релација со себеси се дизајнирани да функционираат заедно.
2. Ве фокусира на сегашноста. Ова отвара нови можности да бидете „присутни' за вашите сакани и тоа на оздравувачки начин. Кога ќе се посветите на тоа што се случува во вашето тело и ум, физички, ментално и емоционално, добивате нов увид и перспектива со која потенцијално си одговарате многу „зошто" прашања за себеси и вашите минати искуства. Ова исто така го поплочува патот до процесите кои физички можат да ги променат нервните патишта кои се поздрави за вас.
3. Ви помага да ги цените универзалните човечки атрибути Како што го развивате вашето знаење за тоа како функционира мозокот, ги разбирате универзалните тежнеења за емоционална исполнетост и цел, имате се повеќе нови начини на размислување за вашите искуства и човечката мотивација. Ги гледате другите како уникатни суштества, а истовремено и како сопатници, на ова мистериозно и споделено патување наречено живот.
4. Ја развива вашата способност емпатија Вештината да се видат другите такви какви што се и да се разберат, без да влегуваме во емоционалната замка да ги „поправаме", е критична. Без ова, човечките суштества едноставно не се чувствуваат доволно сигурни да даваат или примаат љубов. Ништо неможе да се мрдне нанапред. Разбирањето за тоа како работи вашиот мозок и поврзувајќи се себеси со сегашноста, развива вештини за емпатија која е основната состојка за здрава, взаемно исполнувачка врска.
5. Ви дава повеќе опции, самодисциплина и флексибилност Кога ќе ги усогласите умот и телото, вашата способност да управувате со вашите емоционално одговори расте. Ова ги зголемува опциите со кои располагате во однесувањето, самодисциплината и флексибилноста. Овие квалитети ве прават посилни, поотпорни и покреативни во вашиот одговор на предизвиците. Има помала веројатност дека ќе реагирате реактивно во вашите комуникации. Истражувањата покажуваат дека флексибилноста е атрибут на среќните и влијателни луѓе. Другите е поверојатно да се поотворени за вашето влијание кога и покрај некоја пречка останувате флексибилни.
Сумарно, знаењето за вашиот мозок ја зголемува вашата самосвест и врската со другите, како што ја зголемува вашата способност да живеете во сегашноста, да бидете емпатични и флексибилни. Вашите опции за различни начини на размислување се проширени. Кога знаете како функционира вашиот мозок, поподготвени сте да го земете во владение вашиот живот како свесен креатор на вашите емоционални одговори.
Слични Статии: |















