АНКЕТИ
совети емоции меморијата работа карактер стрес мажите интелигенција вашата музика успех соништа нивните мисли психологија стресот однесување стравот сексот живот љубов терапија против депресијата мозок чекори предизвикува зошто менува мозокот врска прави влијае среќа влијаат меморија луѓето депресија жените среќата
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ОГЛЕДАЛА ВО ВАШАТА ГЛАВА? |
|
|
|
| Среда, 11 Јануари 2012 18:19 |
|
Дали ви се случило само гледајќи што му се случува на некој друг, да ве обземат истите емоции?
Кога ќе забележиме дека некој се проѕева и ние се проѕеваме. Кога ќе видиме дека пајак лази по нечија нога, и нам ни доаѓа нелагодно чувство. Ако забележиме дека некој се наоѓа во непосредна опасност и нас не облева страв. Кога ќе видиме како некого го боцкаат со игла во раката, на пример кога му земаат крв, мускулите на нашата рака несакајќи се згрчуваат и дишењето ни се интензивира. Кога ги гледаме нашите спортисти блиску до остварување на некоја спортска цел, срцето ни полудува од возбуда.
Е сега, како тоа, само гледајќи ги другите, доживуваме такви, понекогаш и многу интензивни реакции, небаре истите тие работи ни се случуваат нам? Одговорот може да го најдеме во нашите мозочни клетки. Еден тип на неврон, наречен неврон огледало, ни помага да разбереме како тоа без мака ги „читаме" умовите на другите луѓе и стануваме целосно емпатични со нив – го чувствуваме она што тие го чувствуваат. Невроните огледала, автоматски не ставаат во нечија кожа.
Во едно истражување, на пример, со користење на магнетна резонанса, правени се снимки од мозоците на вљубени партнери кои се ставени во ситуација да го гледаат својот партнер како доживува болка. Снимките покажале слична активност во нивните мозочни региони задолжени за емоциите како и нивниот партнер кој бил реално ставен во ситуација на болка. Излегува дека, кога сме емпатични со нечија болка, на извесно ниво, ние всушност и ја чувствуваме таа болка.
Една фасцинантна карактеристика на невроните огледала е таа што тие се единствените мозочни клетки кои се активираат на ист начин без оглед дали нешто гледаме или правиме. Овие специјални неврони го „огледуваат" она што го прави некој кон кого ни е насочено вниманието. На пример, кога ќе видиме дека некој се смее, нашите неврони огледала за смеење се активираат, тоа пак поттикнува невроактивност која не води кон доживување на чувства поврзани со смеењето, како на пример среќа. Со други зборови, ги добиваме сите бенефити од смеењето без да направиме дури и најмало движење со устата.
Огледалните неврони, исто така, ни помагаат и да ги разбереме туѓите намери. Тие се активираат кога гледаме дека некој нешто прави, што ни помага да предвидиме која е нивната цел и што би можеле да направат понатаму. На пример, ако видите дека некое дете како посега по чоколадо на рафтот пред него,имате копија на тоа што го прави во вашата глава, што ви помага да ја разберете неговата цел (да дојде до чоколадото, се разбира).
Истражувањата за невроните огледала се сеуште во повој, и има многу работи кои треба да се научат. Но, засега, оние меѓу нас кои се срамат од солзите кои сами од себе им течат кога гледаат некоја драматична сцена на телевизија, некој филм на пример, и да, некогаш дури и реклама, треба да им олесне, затоа што емоциите кои ги имаме во таков случај не се во потполност во наша контрола. Односно, може некогаш дури и целосно да неможеме да ги сопреме солзите. Слични Статии: |













