АНКЕТИ
прави меморија мисли емоции чекори вашата луѓето зошто мозокот против врска психологија сексот терапија стравот среќата депресијата стрес стресот музика влијае предизвикува менува депресија однесување карактер мажите живот влијаат љубов среќа успех мозок совети меморијата соништа нивните жените работа интелигенција
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| НЕВРОНАУКАТА НОВОТО ЛИЦЕ НА ВОЈНАТА |
|
|
|
| Четврток, 09 Февруари 2012 14:27 |
|
Оружја кои користат брановидни снопови со насочена енергија за да предизвикаат болка и електрична стимулација на мозокот која ја подига борбената моќ на војникот – можеби звучат како свежо излезени од научно фантастичен филм, но според експертите последните достигнувања во невронауката ги ставаат веќе на повидок. Рапидниот напредок во можноста да се мапира мозочната активност и да се манипулира со неговиот одговор со стимулатори може да го промени лицето на војната, ваков е најновиот заклучок на експертите објавен од Кралското Друштво на Британската Национална Академија на Науките. Го пишувале експерти во невронаука, психологија, меѓународна безбедност и етика.
Експертите, разгледувајќи го уделот што би можела да го има невронауката во некои идни воени конфликти, рекоа дека истражувачите кои се бават со најнапредните делови во медицинската наука во моментов, треба да бидат свесни за можноста нивната работа да се употреби, или поточно злоупотреби, за цели со штетни последици.
„Знаеме дека истражувањата во оваа област имаат потенцијал да допринесат со голем бенефит за општеството – истражувачите доаѓаат се поблиску до пронаоѓање на ефективни третмани за болести и нарушувања од типот на Паркинсоновата, депресијата, шизофренијата, епилепсијата и зависноста, но, разбирањето на мозокот и човечкото однесување, здружено со развојот на фармацевтската индустрија, исто така остава јасна можност за деградација на човековите перформанси кои можат да бидат искористени во новите оружја." - рече Род Флауер, професор за биохемиска фармакологија на Универзитетот на Кралицата Мери во Лондон, кој всушност и ја водеше дискусијата.
Извештајот од овој панел, го подели прашањето на невронауката во конфликт и безбедноста во две главни области – потенцијалот да ја зголеми способноста на воените сили, и потенцијалот да ги намали или уништи перформансите на непријателот.
Од аспект на зголемување на перформансите извештајот укажува на напредокот во технологиите на невронски интерфејси кои ќе овозможат машини како што се беспилотните летала да бидат контролирани директно од човечкиот мозок, додека прогресот на невровизуелизацијата може да им помогне на регрутните армиски шефови да наоѓаат регрути со специфични особини.
Според експертите од висок интерес за воените команданти е да имаат можност да пронаоѓаат способности кои се битни за одредена борбена задача. Додека една личност може да има врвна способност да забележува воени цели во натрупана хаотична околина, друга може да има извонредна способност за носење важни одлуки под висок стрес, а напредокот во невровизуелизацијата и техниките за стимулација на мозокот може да помогнат во истакнување на овие разлики за време на прегледите во процесот на регрутација.
„Исто така има голем број на истражувања кои се изведуваат во моментов во врска со некои медикаменти кои можат да ја подобрат будноста, вниманието и меморијата на воениот персонал на бојното поле" – се наведува во извештајот.
Ирена Трејси, експерт во областа на визуелизација на мозокот од Универзитетот во Оксфорд, рече дека повеќето употреби на технологијата на нервни интерфејси, како што се мозочните протези или импланти, досега се во фаза на проба и претежно во медицината – особено вклучени во рехабилитацијата на луѓе со протетски екстремитети.
„Може да замислите само како би биле употребувани во војската – и за рехабилитација на војници но и за контрола на далечински уреди. Некои од нив се во фаза на далечен сог во моментов, но брзината на развој на оваа технологија денес... е навистина алармантно голема" – изјави Трејси на пресот во Лондон.
Човекот и Машината Флауер даде и пример за тоа како летало како што се беспилотните може во иднина да биде контролирано од личност со ваков мозочен имплант – нешто што покрена голем број етички прашања.
„Оваа идеја носи една нова магла во дистинкцијата меѓу умот и машината, која што евидентно мора да се разгледува многу внимателно. Ако веќе сме дошле до точка каде што можеме да контролираме софистицирана машина, а машината направила нешто... како на пример било каков воен криминал, кој ќе биде одговорен за тоа, вие или машината?" – истакнува Флауер.
Извештајот исто така ги разгледува невронаучните апликации кои можат да дадат поттик за нови оружја – особено напредокот во неврофармакологијата и употребата на лекови кои можат да го забрзаат или забават развојот на хемиските агенси. Овој извештај посочува и за нови оружја со т.н. насочена енергија, кои се во развој, вклучувајќи го и еден кој се нарекува Активен Негирачки Систем, кој употебува сноп од бранови со дијаметар од еден милиметар да ја затопли кожата и да предизвика многу болно чувство на горење.
Малколм Дандо професор за меѓународна безбедност на Универзитетот во Брадфорд, како и други автори на извештајот, истакна дека промените во невронауката може да се случат во иднината а не сега, па сепак научниците ќе имаат време да се подготват за нивното влијание.
„Ние сме сеуште на самиот почеток на целиот тек на апликации на невронауката и тоа ни дава можност да ги процениме сите за и против аргументи." – рече тој. Слични Статии: |





















