RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВРОДЕНА ПОПУЛАРНОСТ
Вторник, 21 Декември 2010
Слика
ТРЕТО ОКО
Вторник, 12 Април 2011
Слика
АВТОХИПНОЗА
Среда, 17 Август 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ТРОШЕЊЕТО И ШТЕДЕЊЕТО
Понеделник, 28 Октомври 2013
Слика
УЧИТЕЛКА РОБОТ
Среда, 19 Јануари 2011

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



ХИЕНИТЕ НЕ СЕ СМЕАТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2350 пати
Понеделник, 13 Декември 2010 22:55

Иако звучи како смеење, кикотењето на хиените е всушност манифестација на фрустрираност.

хиена се кикоти

Со помош на ново истражување може да се разграничат хиените врз основа на нивното кикотење.

Се до денес овие пискотливи звуци не беа добро сфатени од страна на научниците. Истражувачите ги снимија звуците и ја направија првата акустична анализа врз нив со цел да разберат како варираат овие звуци помеѓу индивидуите и кога се користат.

Научниците открија дека хиените обично ги испуштаат овие звуци кога се борат за храна или кога се во некој вид социјален конфликт.

хиени се хранат

"Кога група хиени се храни од пленот можете да слушнете многу кикотење, особено за време на конфликт помеѓу две хиени," изјави биологот Николас Матевон од Жан Моне Универзитетот во Франција, кој е повремен професор на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

Матевон и колегите набљудуваа 17 хиени во заробеништво на Беркли, и ја мереа должината, фреквенцијата (највисокиот тон) и амплитудата (јачината на звукот) на нивното смеење. Тие открија дека фреквенцијата на звукот зависи од социјалниот статус на хиената: Подредените хиени испуштаат поразлични и попискави звуци.

Општеството на хиените е сложено и матрилинеарно, што значи дека женките владеат. Постои силна борба за храна и социјалниот статус игра голема улога во животот на индивидуата.

борба меѓу хиени

"Женките се доминантни, и постои навистина строга хиерархија, особено кога се хранат," изјави Матевон за "LiveScience". "Изгледа дека подрдените животни повеќе се кикотат од доминантните. Затоа сметаме дека тоа е всушност звук со кој се изразува фрустрација."

Иако студијата беше спроведена врз животни во заробеништво, очигледно дека голем дел од социјалното однесување на хиените не се смени. Истражувачите сметаат дека нивните наоди можат исто така да се применат на хиените во дивината, иако би требало да се спроведат повеќе тестови со цел да се потврдат овие наоди.

"Општеството на хиените е толку комплицирано што навистина им се потребни ефикасни средства за меѓусебна комуникација," вели Матевон. "Сметам дека овие звуци се само дел од многу сложен комуникациски систем во кој спаѓаат разни звуци, како и хемиски системи и визуелни системи."

хиена

Биолозите открија дека можат да ги разграничат индивидуите врз основа на нивното кикотење, бидејќи смеењето се разликува врз основа на возраста и социјалната положба во групата. Идна цел на истражувачите е да се обидат да одредат дали хиените ги користат овие звуци и како средство за меѓусебна идентификација. Оваа студија е дел од поголем проект во кој научниците сакаат да ја проучат улогата на звучната комуникација кај разни животински видови.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.