АНКЕТИ
чекори менува живот влијаат стравот мисли стресот зошто психологија музика љубов карактер интелигенција против мозок врска нивните жените предизвикува луѓето емоции прави среќа депресијата меморијата среќата терапија влијае мозокот мажите совети однесување стрес успех вашата работа меморија депресија сексот соништа
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПЧЕЛИТЕ ФУНКЦИОНИРААТ КАКО ЕДЕН СЛОЖЕН МОЗОК |
|
|
|
| Среда, 21 Декември 2011 12:41 |
|
Едно возбудливо откритие покажува дека начинот на кој пчелите ги носат одлуките многу наликува на функционирањето на еден сложен мозок кај цицачите. Одбирањето на дом е полно со одлуки, за нас и за пчелите. Една од најраните одлуки со која се соочуваме е каде да живееме. Кирк Вишер од Универзитетот во Калифорнија, во соработка со Томас Сили од Корнел Универзитетот, Њу Јорк, долго проучуваа како пчелите ги носат овие одлуки. Роеви од пчели се одвојуваат од својата мајчинска колонија и заминуваат да бараат дом, барајќи безбедно засолниште во дрво или било каде што ќе направат добар дом за новата колонија. Во овој процес, тие комуницраат меѓусебно за тоа што пронашле преку танц: пчела-скаут која се враќа од добро место се преместува одново и одново во шаблон со осум фигури што укажува на насоката и на оддалеченоста на местото, а другите скаути ги читаат танцовите и самите вршат увид на местото.
Обично, скаутите на ројот наоѓаат повеќе од едно место, при што ројот се соочува со одлука која мора брзо да се донесе бидејќи ројот е изложен на опасност и сезоната за собирање на мед поминува. Сепак, одлуката мора да биде добра, идната благосостојба на ројот зависи од местоположбата на домот. Вишер, Сили и колегите објавија дека открија друг, занемаруван, сигнал кој игра улога во овој процес - сигнал кој е сличен на оној кој се јавува меѓу невроните на мозоците на мајмуните кога донесуваат одлуки. Се нарекува „стоп сигнал“ и се работи за многу кратко зуење кое се пренесува од скаутот ставајќи ја главата наспроти танцувачот. Ефектот е да се намали и на крајот да се запре танцот.
“Изгледа дека стоп сигналите кај пчелите имаат иста улога како инхибирачките врски во мозокот на мајмуните кои одлучуваат како да ги насочат очите во одговор на визуелниот стимул,” вели Вишер, професор по ентомологија. “Во еден случај имаме пчели, а во другиот имаме неврони кој ги потиснуваат нивоата на активност на единиците - танцувачките пчели или нервните центри - кои претставуваат различни алтернативи. Однесувањето на пчелата може да фрли светло врз општите проблеми на донесување на одлуки. Пчелите се сигурно многу поголеми од невроните, но се полесни за студирање!”
За да го проучат стоп сигналот, Сели, Вишер и Томас Шлегел од Бристол Универзитетот, поставија роеви на остров на крајбрежјето на Мејн кое беше лишено од природни шуплини за вгнездување. Тие поставија и две идентични кутии-гнезда. Ги обележаа пчелите скаути кои ги посетуваа двете кутии со две различни бои. Потоа го снимија скаутите додека ги играа лулачките танцови и ги следеа танцовите продуцирани од маркираните скаути со микрофон и видео лента за да одредат кога ги примија стоп сигналите и од кои пчели. Она што тимот го забележа беше дека стоп сигналите беа примарно испратени до танцувачите соопштувајќи за одредено место од скаутите кои беше обележано на другата положба. “Пораката која испраќачот скаут ја пренесува на танцувачот веројатно е дека танцувачот треба да го намали својот ентузијазам. бидејќи има друго место за вгнездување кое е вредно да се разгелда,” вели Вишер. “Таквиот инхибиторен сигнал не е неопходно непријателски. Едноставно кажува, ‘почекајте малку, еве нешто друго што може да се разгледа, затоа да не брзаме со регрутирање на секоја пчела до положбата која може да не биде најдобра за нашиот рој. Сите пчели имаат сличен интерес во изборот на најдоброто достапно место.”
Вишер објасни дека начинот на вкрстена инхибиција забележана кај пчелите кои бараат дом ја отсликува вкрстената инхибиција откриена во нервниот систем. Во документите од истражувањето, теоретските модели на Патрик Хоган и Џејмс Маршал од Шефилд Универзитетот, демонстрираат дека таквата вкрстена инхибиција им помага да се осигураат дека одлуката нема да биде “слепа улица“ меѓу алтернативи со еднаков квалитет.
“Тоа е критично, бидејќи ројот мора да одбере една местоположба за ројот, дури и кога две места се еднакво квалитетни и достапни,” вели Вишер. “Оваа вкрстена инхибиција ја ограничува продукцијата на танцови и овозможува ангажирање на пчелите кон престојната местоположба.” Роевите на медни пчели се формираат кога, за да создадат нова колонија, илјадници пчели ги напуштаат кошниците кои стануваат пренаселени, носејќи ја со себе и мајката кралица. Ројот пчели се групира неколку дена во близина на родителската кошница додека неколку стотици пчели скаути, најстарите во ројот, ги лоцираат и објават проспективните места за вгнездување и да го одберат најдоброто.
За да го соопшти местото за гнездење, танцувачката пчела се движи шаблонски низ осум фигури и се ниша лево десно додека се минува низ средниот дел. Аголот на телото додека се движи го претставува аголот каде што треба да летаат другите пчели. Траењето на делот со нишање ги информира пчелите за тоа колку далеку е местото за гнездење. За да се одбере како иден дом, местото за гнездење мора да привлече одреден број на пчели скаути. Понатаму, постои натпревар помеѓу местоположбите за вниманието на ограничен број на скаути. Кога еднаш местото ќе привлече “кворум“ на скаути, пчелите го забележуваат и започнуваат да ги менуваат нивните сигнали на ројот. Потоа тие создаваат сигнал вибрирајќи со нивните мускули додека притискаат друга пчела. Овој сигнал ги води пчелите, од кои повеќето само тивко чекаат во ројот за време на процесот на носење на одлука, за да се загреат за подготовката за тргнувањето.
Овој вибрирачки сигнал е поврзан и со промената на стоп сигналите. Откако започнува вибрирањето, стоп сигналите повеќе не се пренесуваат реципрочно, туку танцувачи започнуват да примаат стоп сигнали од скаутите кои го посетиле нивното место за гнездење, како и алтернтивните места. “Очигледно во овој момент, пораката на стоп сигналите се менува и може да се смета како ‘престанете со танцувањето, време е да се припреми ројот за летање,‘” објаснува Вишер. “Важно е за скаутите да бидат со ројот кога полетува, бидејќи тие се одговорни за водењето на летот до местото за гнездење.”
Слични Статии: |
Помалите групи на мајмуни може да победат во територијалните војни против поголемите групи. |
Едно возбудливо откритие покажува дека начинот на кој пчелите ги носат одлуките многу наликува на функциони ... |
Човекот не е единственото живо суштества кое можат да ги распознава лицата на другите луѓе. Според последнит ... |
Каква е меморијата кај одредени видови и што тие паметат најмногу? |
Во нов труд кој за првпат беше презентиран на годишната средба на Американското здружение за напредок на нау ... |
Голем број на истражувања потврдија дека нивото на стрес кај луѓето се намалува кога во близина имаат некое м ... |
Многу луѓе велат дека нивните кучиња целосно го игнорираат тоа што се гледа на телевизија, додека пак други в ... |
На резус мајмуните не им е потребно да читаат мисли за да забележат плоден партнер. Потребно им е само да знаа ... |
Ако треба да го препознаете криминалецот помеѓу повеќе луѓе, дали мислите дека ќе го користите истиот метод ш ... |
Според едно ново истражување, животните почесто се разболуваат при полна месечина отколку во останатите пер ... |
Рибите не само што само што чувствуваат болка, туку имаат и сложен емоционален живот. |
Истражувачите се обидуваат да ги проучат емоциите на животните, барајќи трагови кои го откриваат донесување ... |
Останати Статии
| |

















