АНКЕТИ
влијаат луѓето вашата карактер врска среќа депресија против зошто однесување нивните сексот љубов прави терапија психологија мисли емоции соништа жените успех стресот депресијата среќата стрес стравот мозок музика менува меморија мозокот предизвикува работа совети живот мажите чекори интелигенција влијае меморијата
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| РОБОТ НА ИДНИНАТА |
|
|
|
| Вторник, 07 Декември 2010 23:25 |
|
Сакате ли помош при секојдневните обврски? Тогаш за вас е идеален роботот Домо кој извршува низа задачи.
Во футуристичката цртана серија "Џетсонови", роботот куќна помошничка по име Рози ги вршеше сите работи поврзани со домаќинството – чистење, готвење и миење на садовите. Може да поминат децении пред да станеме сведоци на вакво нешто во нашите животи. Но на Институтот за Технологија во Масачусетс (МИТ) истражувачите работат на многу рана верзија на интелегентни роботи помошници – хуманоид наречен Домо кој зема предмети и ги става на полици или тезги. Робот како Домо може да им помогне на постарите лица или оние кои се врзани за инвалидски колички со едноставни работни задачи – може да ги става тањирите настрана. Исто така, тој може да биде мошне користен во земјоделството, вселенските патувања, а може да им помага и на работниците кои работат на монтажни ленти, вели Арон Едсинџер постдокторант на МИТ кој работеше на Домо изминативе три години. Едсинџер го опишува Домо како "наредната генерација" на првобитни роботи направени на МИТ – Кисмет, кој беше дизајниран за интеракција со луѓе, и Ког, кој мошеше да научи да ракува со непознати предмети. Домо содржи елементи од овие два роботи во себе. "Вистинскиот потенцијал на роботите во иднината ќе биде сфатен кога тие ќе можат да извршуваат голем број рачни задачи," во кои спаѓаат и оние кои бараат интеракција со луѓе, вели Едсинџер. Денес постојат голем број роботи кои вршат рачна работа на подвижните ленти во фабриките, но овие машини следат одредено сценарио и не можат да научат да се адаптираат на нови ситуации, како што може Домо, изјави Родни Брукс, директор на Лабараторијата за Компјутерска Наука и Вештачка Интелегенција при МИТ. "Роботите во фабриките за автомобили ракуваат со предмети, но тие ја прават истата работа, на ист начин, секојпат," изјави Брукс. "Доколку посакуваме роботите да бидат навистина корисни, тие мораат да бидат способни да ракуваат со предметите со кои ракуваме ние."
Живеење во вистинскиот свет
Тимот на Едсинџер, надгледуван од Брукс, реши да се фокусира на создавањето на робот кој ќе може да функционира во вистинска човечка околина – на пример, во нечија кујна. Роботите кои се дизајнирани да им помогнат на луѓето во домовите би морале да имаат способност да ги игнорираат гужвата и вревата кои се среќаваат во повеќето опкруженија и да се сконцентрираат само на одредени стимули, вели Едсинџер. "Типично роботите се ставаат во многу рестриктивни светови бидејќи тогаш можете да ја контролирате околината. Доколку ставите робот во нечиј дом, тогаш тој пристап не можете веќе да го применувате во овој случај," изјави тој. "Ние сакаме роботот да му се прилагоди на светот, а не светот да му се прилагоди на роботот." Поставен на работната маса на Едсинџер, Домо може да "види" се што се случува пред неа. Како што тој со своите сини очи гледа низ собата, камерите испраќаат информации на 12 компјутери кои ги анализираат и решаваат на што неговиот поглед да се фокусира. Визуелниот систем на Домо е ускладен со неочекувано движење, што му овозможува да се фокусира на важни стимули во човековото опкружување. На пример, лоцирањето на лица е од суштинска важност за социјална интеракција, а луѓето често се во движење. Кога Домо ќе забележи некое движење на објект кој изгледа како лице, тој го фокусира погледот на него. Едсинџер неодамна демонстрираше како Домо може да им помогне на луѓето во успешно извршување на задачи. Штом ќе го привлече погледот на Домо (и неговото внимание), тие разменуваат поздрави. "Хеј, Домо," вели Едсинџер, на што Домо одговара со " Хеј, Домо." "Полицата, Домо," вели Едсинџер, поттикнувајќи го роботот да пронајде полица. Домо гледа наоколу се додека не забележи маса во близината која би можела да послужи. Роботот ја испружува левата рака за да ја допре полицата, исто како што луѓето во темнина го бараат прекинувачот за светлина, за да се осигураат дека полицата е навистина таму. Штом Домо ќе ја лоцира полицата, ја испружува десната рака кон Едсинџер, кој му става кеса со зрнца кафе во отворената рака. Домо малку ја протресува кесата со цел да добие чувство со каков предмет си има работа, а потоа ја префрла кесата во левата рака (која е најблиску до полицата). Тогаш ја крева раката нагоре и ја става кесата на полица. Иако делува како безначајно движење, протресувањето на кесата во раката е клучно за да може роботот правилно да го стави предметот на полицата, вели Едсинџер. Домо е програмиран да ја сфати големината на предметот преку тоа што ќе се фокусира на еден негов дел, на пример, капаче од шише за вода. Кога тој ќе го протресе капачето, може да разбере колку е големо шишето и да реши дали ќе го премести од една во друга рака или пак веднаш ќе го стави на полицата.
Човечката врска
Филозофијата зад пристапот на тимот е дека роботите и луѓето можат да работат заедно со цел да извршат задачи кои никој од нив не би можел поединечно да ги заврши. "Доколку можете да отстраните некои делови од процесот и да му дозволите на роботот да ги врши рачните работи, тоа е убава синергистичка врска," вели Едсинџер. "Поентата е дека тој (процес) мора дабиде покорисен или повреден од трудот кој е вложен во него." За да Домо или било кој друг робот има безбедна интеракција со луѓето, роботот мора да почувствува кога го допира човек. Домо има пружини во рацете и вратот кои можат да осетат сила и да одговорат на неа. Доколку ја грабнете неговата рака и ја турнете, тој ќе се придвижи како што вие сакате. "Со тоа што му ги ставивме пружините таму, добивате физичка попустливост која го прави целото тело еластично, а тоа го прави побезбедно за интеракција со луѓе," изјави Едсинџер. Но доколку примените преголема сила или му ги придвижите рацете во погрешна насока, тој го изразува своето незадоволство со пискотлив звук: "Ауч!" Доколку сакаме роботите да бидат корисни во домот, исто така е важно да имаат хуманоидна форма, за да можат луѓето да се чувствуваат поопуштено во нивна близина. Вакви помошници роботи можат да бидат многу корисни во изнаоѓањето решенија за претстоечката здравствена криза предизвикана од стареењето на генерациите родени во 1950-тите, вели Едсинџер. Помошта околу едноставни работи како донесување на одреден предмет, може да значи многу за постарите луѓе или инвалидите. НАСА ја спонзорираше работата врз Домо, а сега проектот го подрржува Тојота, која е заинтересирана да се создадат роботи за домаќинствата. Уште една примена е на монтажни ленти во фабриките. Идејата е дека интелигентни роботи би можеле да работат заедно со луѓето со цел да ги направат работниците попродуктивни и да го спречат големото селење на фабриките каде што има поефтина работна рака, изјави Едсинџер. Иако лежерниот живот исполнет со уживање додека роботите ги извршуваат сите рачни работи се уште се чини како недостижна научна фантастика, Брукс вели дека може да ја предвиди иднината каде роботи специјализирани за разни задачи ќе можат да помагаат во домашните задачи. "Не сметам дека ќе постои еден робот Рози кој ќе работи се по дома," вели Брукс. "Поверојатно е дека ќе постои цел тим на роботи кои ќе извршуваат различни задачи."
Слични Статии: |
Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним ... |
Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат ... |
Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо ... |
Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи ... |
Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув ... |
Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки... |
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување... |
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?... |
Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н ... |
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот... |
Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина. |
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер. ... |
Останати Статии
| |











