АНКЕТИ
сексот среќата мажите психологија луѓето љубов живот интелигенција депресијата мозокот прави карактер меморијата стравот музика чекори среќа менува врска зошто работа мисли жените емоции однесување вашата влијаат влијае предизвикува нивните терапија меморија стресот против совети мозок соништа стрес депресија успех
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| КОМПЈУТЕРСКА УБАВИНА |
|
|
|
| Петок, 17 Декември 2010 00:48 |
|
Старата поговорка вели: "Убавината е во окото на набљудувачот". Но дали набљудувачот мора да биде човек?
Тоа не е неопходно, велат научниците од Универзитетот во Тел Авив (УТА). Амит Кагијан, дипломец од Училиштето за Компјутерски науки при УТА, успеа успешно да "научи" компјутер да ја интерпретира женската атрактивност. Кагијан ги објави своите наоди во списанието "Vision Research". Ко-автори беа менторите на Кагијан проф. Ејтан Рупин и проф. Гидеон Дрор. Студијата ги комбинираше световите на компјутерското програмирање и психологијата, пример на мултидисциплинарно истражување по кој УТА е познат насекаде низ светот. Но постои посериозна димензија на оваа проблематика која ја надминува суетата. Ова откритие е уште еден чекор понапред во развивањето на вештачката интелегенција кај компјутерите. Друга примена за овој софтвер би можела да биде во пластичната и реконструктивна хирургија и во програмите за компјутерска визуелизација како на пример технологијата за препознавање на лица.
Од математика до естетика
"Се досега, компјутерите беа учени како да ги идентификуваат основните карактеристики на лицето, како на пример разликата помеѓу маж и жена, и дури да детектираат изрази на лицето," вели Кагијан. "Но нашиот софтвер му препушта на компјутерот сам да направи естетска проценка. Поврзани со емоции и апстрактни начини на размислување, луѓето можат да направат проценка, но тие обично не сфаќаат како дошле до своите заклучоци." Во првата фаза од студијата, на 30 мажи и жени им беа презентирани 100 различни лица на жени со бела боја на кожата кои беа на приближно иста возраст. Испитаниците беа замолени да ја оценат убавината на секое лице. Тие ги оценуваа на скала од 1 до 7 и не објаснуваа зошто дале таква оценка. Тогаш Кагијан и неговите колеги на компјутер ги обработија фотографиите и ја мапираа математички геометриската форма на лицата.
Додатни својства како симетријата на лицето, мазноста на кожата и бојата на косата беа исто така внесени во анализата. Врз основа на човечките преференци, машината ја "научи" врската помеѓу својствата на лицата и оценките за атрактивност. Потоа ја изложија на ист тест на кој беа изложени и човечките испитаници, но овојпат со нов сет на лица. Кагијан вели: "Компјутерот имаше импресивни резултати – неговите проценки беа многу слични со оние кои ги даваа луѓето." Ова се смета за значителен потфат, верува Кагијан, затоа што тоа е како да компјутерот имплицитно "научил" да ја интерпретира убавината преку обработка на податоци кои му биле претходно дадени.
Убавината е златна
Помислата дека убавината може да се сведе на бинарни податоци и да биде интерпретирана преку математички модел не е ништо ново. Пред повеќе од 2000 години грчкиот мистик, филозоф и математичар Питагора ја имаше воочено поврзаноста помеѓу математиката, геометријата и убавината. Тој сметал дека својствата на физичките објекти кои кореспондираа со "златниот сооднос" (математика, геометрија, убавина) се оние кои се најатрактвни.
"Знам дека Платон ја поврзува добрината со убавината," вели Кагијан. "Лично сметам дека во природата постои некој вид на универзална поврзаност со убавината, естетска интерпретација на универзалната вистина. Но бидејќи секој од нас е заробен во своите човечки предрасуди и лични гледишта, тоа може да не одвлече од пронаоѓањето на конечната формула за целосно разбирање на убавината." Кагијан, кој го посетуваше мултидисциплинарниот програм Ади Лаутман за исклучителни студенти на ТАУ, вели дека можен нареден чекор е да се научат компјутерите како ја препознаат машката "убавина". Ова може да биде потешко. Психолошко истражување покажа дека не е лесно да се постигне согласност за тоа што ја дефинира машката убавина. И неговиот потрет, вели Кагијан шегувајќи се, нема во никој случај да биде дел од експериментот. "Веројатно би ја разнел машината," вели тој.
Слични Статии: |
Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним ... |
Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат ... |
Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо ... |
Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи ... |
Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув ... |
Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки... |
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување... |
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?... |
Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н ... |
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот... |
Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина. |
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер. ... |
Останати Статии
| |











