RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Што го поттикнува агресивното и насилно однесување кај децата?
 
 
 
 
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

ПСИХА МУАБЕТ


Последна Порака: 2 денови, 4 часови изминато
  • meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист Smile))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\"
  • TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
  • Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other Smile
  • Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
  • floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other Smile
  • Gorgievska : ve molam odgovorot
  • nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
  • Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate Smile
  • guest_8667 : zdr
  • guest_9917 : Very Happy
Види архива

Смајли?
Very HappySmileWinkSadSurprisedShockedConfusedCoolLaughingMadRazzEmbarrassedCrying or Very SadEvil or Very MadTwisted EvilRolling EyesExclamationQuestionIdeaArrowNeutralMr. GreenGeekUber Geek

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОД ВАС ЗАВИСИ
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
ЗОШТО ТАГУВАМЕ ПО СТРАНЦИ?
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
ТРЕНИНГ ЗА УСПЕШНА ВРСКА
Четврток, 15 Септември 2011
Слика
СО ГЕСТОВИ ДО РЕШЕНИЈА
Понеделник, 28 Февруари 2011
Слика
СПОРТ ЗА ВАШЕ ДОБРО
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
ТЕХНОЛОШКА ЗАВИСНОСТ
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО АНКСИОЗНОСТА
Вторник, 01 Февруари 2011

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер


СКОПЈЕ
Sun, 20 May 2012 1:29 pm CEST
Partly Cloudy
25°C
До: 26°C
Од: 10°C
Изгрев  5:06 am
Залез 7:51 pm
Ветер: 3.22 kmh
Влажност: 39 %
Видливост: 9.99 km
Притисок: 982.05 mb
Стабилен
 
Tommorow
 21 May 2012
PM Showers
 
25°C / 13°C

ФАЛБАЏИСКИ ТВИТЕР PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 1306 пати
Недела, 23 Јануари 2011 16:11

Кој  тип на луѓе ги користи услугите на овој социјален сервис? Зошто? За што најмногу се зборува на Твитер?

Твитер

Низ целиот свет има околу 190 милиони Твитер корисници, а 19 проценти од интернет корисниците во САД велат дека го користат Твитер или некоја слична страна за да споделуваат информации за самите себе.

Значи, кој го користи Твитер? Зошто? За што зборуваат? И што е толку неодоливо кај тие мали текстуални пораки?

Психолозите немаа доволно време да го истражат Твитер бидејќи тој се појави дури во 2006 година, иако, некои рани испитувања покажуваат дека пред Твитер постоеле и други социјални мрежи. Следуваат десет заклучоци на најновото истражување. Меѓутоа, пред да преминеме на истражувањето, еве неколку збора за Твитер:

Што е Твитер?

Твитер е спој на социјална мрежа и блог. Во блогерскиот дел , корисниците пишуваат јавна порака од 140 карактери. Во делот за социјална мрежа пак, луѓето “се следат” едни со други и стануваат дел од меѓусебните разговори наТвитер. Корисниците можат исто така да пренесуваат пораки од други луѓе на луѓето што нив ги следат.

Твитер птица

1. Твитер наликува на играта расипан телефон

Најголемата предност на оваа социјална мрежа е што пораките се куси и се пренесуваат брзо и лесно. Твитер на корисниците им служи за брзи разговори (Boyd et al., 2010). Разликата од нормалниот разговор е тоа што корисниците стануваат дел од најразлични интеракции. Тоа е исто како да сте на забава и истовремено разговарате со 10 различни групи на луѓе.

Твитер ги нуди сите можни функции што можат да се воспостават за време на еден разговор: повеќето од информациите само се повторуваат, но, со текот на времето пораките се менуваат како во играта позната како ‘расипан телефон’, во Велика Британија позната како кинески шепотења (Chinese whispers), бидејќи луѓето ги препрочитуваат пораките, одново ги интерпретираат со тоа што се менува значењето на првата порака.

Меѓутоа, Твитер не изгледа секогаш како разговор бидејќи луѓето го користат на различни начини. Исто како што зборувањето не е секогаш разговор, бидејќи некогаш може да претставува наредба, израз на изненадување или пак обичен совет. Со други зборови, Твитер не служи само за социјализирање, туку исто така има и информативна улога, до која ќе стигнеме натаму во текстот.

Твитер на телефон

2. Луѓето се приклучуваат на Твитер за да ги следат нивните пријатели

На почетокот, анализите на корисниците на Твитер мрежата покажаа дека луѓето се приклучуваат затоа што нивните пријатели веќе го користат. Мрежите изгледаа исто како во анализите на мрежите на мобилните телефони.

Големиот број на корисници беше сосема очекуван: луѓето лесно се согласуваат со техничките норми затоа што услугите се често бесплатни, а добро знаеме дека “бесплатно” е цена на која не можеме да одолееме. Бројот на корисници и не е толку интересен колку што е интересен фактот за што и како го користат Твитер.

Твитер профил

3. Повеќето од пораките на Твитер се само дрдорења

Иако не станува збор за академско истражување, една компанија за анализи издаде податоци за што зборуваат луѓето на Титер откако собрала 2 000 пораки во текот на една недела. Овие пораки спаѓаат во шест категории:

1. Празни дрдорења: 41%

2. Разговор: 38%

3. Пренесување на пораки: 9%

4.Себепромовирање: 6%

5. Спамирање: 4%

6. Новости: 4%

Она што се нарекува ‘празно дрдорење’ може исто така да се нарече социјална учтивост или пак само дрдорење. Тоа е исто како кога некој ќе ви рече: ‘Како си?’, а вие велите ‘Добро сум.’ Можеби звучи обично, меѓутоа воопшто не е безначајно.

девојка на Твитер

4. Просечната возраст е 31 година

Просечната возраст на корисниците на Твитер е 31 година, што е поголема од таа на Мајспејс што е 26 години, а помала од таа на Фејсбук што е 33 години. Линкдин ја има највисоката просечна граница што е 39 години. Се проценува дека на Твитер, најголемиот број на корисници се тие на возраст од 18 до 24 години (Pew, 2009).

5. Мажите водат на Твитер

За разликите помеѓу половите зборуваат Хејл и Пискорски (Heil & Piskorski (2009). Тие откриле дека на Твитер има малку повеќе жени од мажи (55% се жени), меѓутоа, земено во просек, мажите имаат 15% повеќе следбеници отколку жените, со тоа што мажите побрзо би следеле други мажи а жените пак за 25% повеќе би следеле мажи. Од друга страна, се покажало дека и мажите и жените пишуваат пораки во иста количина.

Овие податоци се малку невообичаени бидејќи делува нормално жените да се во центарот на вниманието во таквите социјални мрежи, без разлика дали вниманието го добиваат од мажи или други жени.

маж на Твитер

6.  20 % од корисниците информираат, а 80% се фалат

По анализата на 350 пораки собрани од Твитер, Нааман, (Naaman (2010)) откри два вида на корисници:

- Оние што информираат: тие се 20% од корисниците што споделуваат информации и комуницираат со други корисници

- Оние што се фалат: тие се 80% од корисниците и праќаат пораки во кои даваат информации само за себе

Тие што даваат информации најчесто имаат поширока социјална мрежа, можеби затоа што споделувале интересни информации и не зборувале за себе цело време.

Оваа поделба укажува на различните начини на кои корисниците го користат Твитер. Исто така, укажува дека аспектот на разговор на Твитер можеби е и преувеличен. Ако 80% од корисниците не одговараат на туѓи пораки, тогаш не станува збор за социјална мрежа.

фалбаџиски Твитер

7. Трендовите се еднократни и краткотрајни

Пораките на одредена тема (познати како Твитер трендови) многу ретко траат подолго од една недела - најчесто траат неколку дена (Kwak et al., 2010). Една статус порака најчесто добива еден тренд, и потоа се’ изумира и пораките не се враќаат. 85% од ваквите трендови се информации.

Можната причината за ова е тоа што трендовите, кои се формираат само со одредени зборови и фрази се често многу специфични.

Твитер трендови

8. Просечниот број на Твитер пораки е 1

Просечниот број на пораки на Твитер е 1 (Heil & Piskorski, 2009). Ова значи дека повеќето од луѓето на Твитер се таму само за да следат други или пак воопшто не го користат. Уште еднаш се покажува дека тоа што е бесплатен ги урива сите бариери.

Од друга страна, 10% од корисниците на Твитер придонесуваат со 90% од пораките. Овој податок е невообичаен во споредба со другите социјални мрежи каде што нема толку голема активност. Хејл и Пискорски сметаат дека во овој случај, Твитер наликува на Википедија која што исто така има толкава стапка на активни корисници. Повеќето, но не сите корисници на Твитер што имаат најмногу следбеници се познати личности, што воопшто не е изненадувачки.

Големата активност се базира на фактот дека да се биде интересен е талент што не го поседува секој (не сметајќи го ‘ефектот на ореол’, т.е. не земајќи во предвид дека станува збор за позната личност). Од време на време, сепак, се појавуваат луѓе што ќе го научат трикот како да станат славни и интересни, како на пример Стивен Фрај.

Твитер порака

9. Егзистенцијалистичките немири можат да ги мотивираат корисниците

Не ретко се вели дека Твитер е совршен за ова време на нарцисоидност. Им овозможува на луѓето да собираат следбеници, да зборуваат за самите себе, и сето тоа без воопшто да ги слушаат останатите.

Едно истражување направено од Qiu et al. (2010) посочува дека помеѓу екстровертните луѓе, егзистенцијалистичките немири се тие што ја мотивираат интеракцијата на Твитер. Ова не е случај кај луѓето кои не се толку екстровертни.

Еве еден позитивен аргумент: Твитер е една интересна играчка која функционира многу лесно. Многу е полесно од блогирањето, можете да се шегувате, не мора многу да зборувате за себе а сето ова само ви ја доближува мрежата. Истовремено, за разлика од Фејсбук и останатите социјални мрежи, Твитер не се опседнува со потребата да собира и покажува информации за вас. Не зближува како Фејсбук, ама на некои тоа им се допаѓа.

Твитер и Фејсбук

10. Твитер е помалку друштвен а повеќе информативен

Идејата дека Твитер е повеќе информативен а помалку друштвен во споредба со другите социјални мрежи доаѓа од Johnson and Yang (2009) кои открија дека корисниците на Твитер меѓусебно се сметаат првенствено како извори на интересни информации.

Ова истражување покажува дека корисниците добиле голема благодарност за информациите што ги споделиле на Твитер. Како и да е, и покрај позитивните очекувања, корисниците не го гледаат друштвениот аспект како особено добра страна.

Мрежните анализи исто така сакаат да ги нагласат и социјалните аспекти на страната. Твитер покажува релативно ниски нивоа на реципроцитет во споредба со останатите социјални мрежи. Само 22% од корисниците на Твитер меѓусебно имаат взаемно споделени линкови, во споредба со 68% на Фликр и 84% на Јаху! 360.

Kwak et al. (2010) открива дека просечната должина на патот е 4, 12 со 93, 5% на луѓе во 5 или неколку повеќе скокови. Ова е само затоа што на Твитер има мал број на славни личности и тоа им годи.

Твитер мрежа

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
article thumbnailСАЈБЕРПСИХАВИДЕО ИГРИТЕ И МОЗОЧНИТЕ БРАНОВИ

Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним  ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАДАЛИ СТЕ САЈБЕРХОНДРИК?

Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат   ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАВЕШТАЧКИ МОЗОК

Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо  ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАМАЖИТЕ И НИВНАТА ОПСЕСИЈА - ГЕЏЕТИ

Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи  ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАКОМПЈУТЕРСКИТЕ АНИМАЦИИ МОЖЕ ДА НЕ ОСУДАТ

Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув  ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХА 7 ФЕЈСБУК ЕФЕКТИВНИ НАВИКИ

Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки...


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАНАСИЛНИТЕ ИГРИ ГИ УНИШТУВААТ ЕМОЦИИТЕ

После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување...


article thumbnailСАЈБЕРПСИХА"ПАРАДОКСИТЕ" НА ИНТЕРНЕТОТ

Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?...


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАКОМПЈУТЕР КОЈ ПРЕПОЗНАВА КАРАКТЕРИ

Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н  ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАВИСТИНАТА ЗА ИНТЕРНЕТ ЗАВИСНОСТА

Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот...


article thumbnailСАЈБЕРПСИХА(НЕ)УСПЕШЕН ФЕЈСБУК

Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина.


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАЛУЃЕ, ЕМОЦИИ И КОМПЈУТЕРИ

Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер.   ... 


Останати Статии
Psihagon Ltd.

Copyright © 2011 Psihagon Ltd. All rights reserved.