АНКЕТИ
влијае љубов вашата карактер живот мисли стравот луѓето нивните работа прави чекори жените успех предизвикува среќа сексот мозок врска меморијата мажите емоции музика против интелигенција среќата меморија стрес мозокот психологија терапија зошто депресијата стресот влијаат однесување соништа совети депресија менува
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ОНЛАЈН РАСПУШТЕНОСТ |
|
|
|
| Сабота, 29 Јануари 2011 00:41 |
|
Во виртуелниот свет паѓаат сите бариери и ограничувања. Можете да бидете онакви какви што навистина сте, без последици. Дали е навистина така?
Ефектите од онлајн распуштеноста многу луѓе ги чинеа нивните работни места. Поради тоа пропаднаа и голем број врски, а се уште никој не е претерано загрижен Првиот позначаен случај за некој кој ја загубил работата поради непромислените забелешки направени преку интернет, беше во 2002 година. Хедер Армстронг, автор на блогот ‘dooce’, тврдеше дека беше отпуштена откако нејзините колеги открија дека ги исмејувала на интернет. Со интернетски поими, отпуштањето поради постирањето на идеи на блоговите е надминато нешто; да се стигне сега до насловните страни вашата интимност треба да ја објавите на Твитер или Фејсбук. Еден неодамнешен пример е девојката која беше отпуштена откако кажа што точно мисли за својот шеф на Фејсбук после лош работен ден. Тоа што таа го заборави е дека и шефот е меѓу нејзините Фејсбук пријатели. На крајот тоа скапо ја чинеше. Сето тоа што го мислеше можеше да му го каже в лице. Ова се два примери за тоа што психолозите го нарекуваат “ефект на онлајн дезинхибиција”. Тоа значи дека кога се онлајн, луѓето се чувствуваат помалку инхибирани од социјалните ограничувања. Споредено со интеракциите лице во лице, на Интернет се чувствуваме послободни да го кажеме тоа што го мислиме и како резултат на тоа, кажуваме работи кои не би требало да се кажат. Интернет психологот Џон Шулер опиша шест карактеристики на интернетот кои доведоа до радикални промени во нашето онлајн однесување: 1. Анонимност При онлајн комуникацијата луѓето чувствуваат дека не може да бидат препознаени на ист начин како во јавноста. Тоа е слично на излегувањето навечер со костум и маска на лицето (разгледајте ги истражувањата за деиндивидуализација). Тоа чувство на исклучување од нашата нормална личност ни овозможува нови начини на однесување. Некои луѓе дури сметаат дека нивното онлајн однесување произлегува од онлајн алтер его. Сепак, иронично е што некои луѓе се многу покомуникативни кга се онлајн отколку во јавноста. Поради ефектот на оналјн дезинхибиција, луѓето делат премногу информации на своите профили за социјално вмрежување, понекогаш дури и работи кои не би ги признале ни на најдобрите пријатели. Лесно е да се заборави дека не ви треба обука за шпионирање за да изгуглате нечие име.
2. Невидливост Кога сме приклучени на мрежата другите не не гледаат, не мораме да се грижиме за тоа како им изгледаме и какви емоционални сигнали им испраќаме преку фацијалните изрази. На пример, замислете дека на некој пријател лице в лице му го раскажувате одредено непријатно искуство. Може да почувствувате потреба да се обидете да ги зачувате своите емоции од него, што ве спречува во раскажувањето на приказната. Сепак, онлајн можете да продолжите со приказната без да се издадете колку е непријатна. Ова ни овозможува да се отвориме за работи за кои не можеме да дискутираме во четири очи. Групите за онлајн поддршка се потпираат на оваа отвореност за да им овозможат на членовите да дискутираат за своите најдлабоки надежи и стравови. Ова е еден од потенцијално позитивните аспекти на ефектот на онлајн дезинхибиција, се додека е заштитена приватноста и идентитетот на корисниците.
3. Стоп/старт комуникација Кога комуницираме лице в лице можеме веднаш да ги забележиме реакциите на луѓето на тоа што го зборуваме или правиме. Тоа ни овозможува да избегнеме да ги вознемириме или да ги навредиме нивните ставови. Во онлајн комуникацијата не постојат такви забрани: поради несинхронизираната комуникација можно е да кажете нешто и потоа да чекате 24 часа пред да добиете одговор, или пак воопшто да не го добиете истиот. Ова важи и за двете страни. Таканаречените ‘интернет тролови’ се луѓе кои постираат на форумите за дискутирање или други онлајн групи се единстена цел да поттикнат контроверзност (онлајн познато како флејм ворс). Тие се на некој начин експерти за ‘удри и бегај’ на емоционален начин. Од друга страна, луѓето кои имаат потешкотии кога комуницираат во четири очи може да бидат зборлести и учтиви кога комуницираат онлајн. Мнозинството од нас веројатно припаѓа некаде помеѓу овие две екстремни групации. Сепак, недостигот на повратна комуникација која произлегува од говорот на телото на другите луѓе предизвикува разни неуспеси во онлајн комуникацијата. Најилустративен пример за ова се шегите. Доколку не се пропратени со говор на телото, пријателските шеги погрешно се разбираат и интеракцијата може брзо да премине во лош правец.
4. Гласови во вашата глава Самиот акт на онлајн допишување може да создаде изненадувачки интимна поврзаност. Бидејќи зборовите на другите луѓе се во нашата глава, ние можеме да ги поврземе со нашите сопствени внатрешни монолози. Во изминатите векови луѓето читаа романи и писма , кои се релативно формални начини на комуникација, а во последната декада онлајн комуникацијата ја претвори интимноста на писмата во неформална, секојдневна конверзација.
5. Имагинарен свет Анонимноста, невидливоста и елементите на фантазија при онлајн активностите, не охрабруваат да мислиме дека вообичаените правила не се применуваат. Како бегство во фантазијата, мрежата ни дозволува да бидеме кој ќе посакаме и да го правиме тоа што ќе го посакаме, било добро или лошо. Проблемот е тоа што кога животот ќе стане игра која се активира или прекинува со притискање на копче, лесно е да се отфрли одговорноста.
6. Нема полиција Сите се плашеме од осуда и казна, но овој имагинарен свет нема полиција, ниту пак други авторитативни фигури. Иако има луѓе со одреден "онлајн авторитет", тешко е да се каже кои се тие. Нема интернет влада, нема никој главен над сето тоа. Затоа луѓето се чувствуваат послободно на интернет: настрана се од авторитетот, социјалните ограничувања и конформизмот. Секако, идејата дека воопшто не постои никаков онлајн авторитет е фантазија бидејќи сите ние имаме своевиден "внатрешен полицаец", во поголема или помала мерка.
Не планирајте, импровизирајте Овие фактори заедно создаваат свет во кој можеме да се чувствуваме послободни. Но, оваа слобода е илузија која се одржува со онлајн искуството на невидливост, анонимност и недостиг на непосреден, внатрешен, емоционален фидбек од другите, или барем со нашата способност да го исклучиме тој фидбек. Можеби ова е слобода: некои луѓе изјавуваат дека се чувствуваат поблиски со своето Јас кога се онлајн. Но, постои причина зошто ги создадовме сите тие социјални инхибиции во стариот, офлајн свет. Ни овозможуваат да не ги навредуваме другите луѓе, што ни помага да ги зачуваме нашите работни места и да ги одржиме нашите врски. Не може да се каже дека интернетот не може да ни помогне да формираме врска со другите или да најдеме работа, бидејќи навистина може. Проблемот е што ние имаме претензија да бидеме помалку свесни за тоа колку нашето однесување може да се промени при онлајн комуникација и за потенцијалните недостатоци на овие промени. Во секој случај, треба да имаме на ум дека интернетот сеуште е релативно свеж изум, а ние сеуште не сме социјално усогласени со него. Долго познатото ситничарење при однесувањето лице в лице, сеуште го нема заземено своето место во онлајн однесувањето и при отсуството на преседан, ние мораме да импровизираме.
Слични Статии: |
Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним ... |
Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат ... |
Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо ... |
Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи ... |
Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув ... |
Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки... |
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување... |
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?... |
Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н ... |
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот... |
Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина. |
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер. ... |
Останати Статии
| |















