АНКЕТИ
работа емоции предизвикува луѓето љубов стрес мисли меморија депресијата соништа карактер мозок совети стресот интелигенција меморијата сексот психологија среќата менува прави стравот живот среќа успех влијаат однесување влијае вашата жените мозокот терапија чекори нивните музика врска мажите депресија зошто против
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| НОВ ПЕРСОНАЛЕН РОБОТ |
|
|
|
| Сабота, 12 Февруари 2011 19:03 |
|
Сметајте го тоа како мал чекор - всушност тркалање - за роботот, не огромен, но значаен чекор за роботиката.
Вилоу Гарејџ, истражувачка група за роботика од Силиконската Долина, вели дека се работи за експериментален ПР2 робот, кој има тркала и може да се движи со брзина до милја и половина во еден час, а може да отвори и да помине низ 10 врати и да се приклучи на 10 стандардни ѕидни штекери за помалку од еден час. Во еден поинаков тест, истиот робот го заврши маратонот во канцеларија од компанијата, изминувајќи 26.2 милји. ПР2 сеуште нема да се натпреварува со луѓето; за овој потфат му беа потребни повеќе од четири дена. Ова можеби нема да изгледа импресивно за личноста која сака да купи функционален робот-батлер. Но за роботичарите и новата генерација на технолози во Силиконската Долина, ова е значајно постигнување, уште еден чекор на патот кон индустријата за персонални роботи.
Вилоу Гарејџ беше формиран од Скот Хасан, еден од дизајнерите на оригиналната Гугл алатка за пребарување. Името на компанијата е референца за мала гаража на Вилоу роад во паркот Менло, Калифорнија, која беше првата канцеларија на Гугл. Компанијата се обидува да развие нова генерација на роботи лични асистенти. Роботичарите во оваа и другите компании предвидуваат создавање на механички лични асистенти кои превземаат голем дел од напорната работа, од чистење низ куќата до носење на пиво од фрижидерот. Ова не нешто ново, ниту пак првпат роботите да се обидат да отворат врата, да се снаоѓаат низ собите и самите да се ставаат на полнење. Зверот, робот изработен во Универзитетот Џон Хопкинс во средината на 1960-тите, имаше способност за лоцирање на стандардни зидни штекери за полнење. И направите како не многу скапиот iRobot румба чистачот со вакууум можат да лоцираат и да се поврзат со специфично дизајнираните пунктови за полнење.
Но, роботичарите велат дека роботот од Вилоу Гарејџ е првиот кој ја интегрира способноста да изведува повеќе операции во реална средина. “Има и други групи кои претходно отворале врати,” вели Ендру Нг, роботичар од Стенфорд заедно со неколку студенти кои се вработија во компанијата. Но, г-дин Нг вели дека веројатно ова е првиот робот кој е способен доследно и постојано да отвора врати и да се приклучува на полнач.
Вилијам Л. Витакер, роботичар од Карнеги Мелон Универзитетот и победник на натпреварот за предизвикот на управување со роботи организирано од Министерството за одбрана, вели дека беше “единствено” да се види како робот се управува во зграда и постојано и доследно се полни самиот. “Овие момци се вистинската работа,” вели тој. Лабараторијата во Вилоу Гарејџ е на помалку од една милја до друг пионерски проект за мобилни роботи кој беше развиен од Интернационалната СРИ во доцните 1960-ти. Роботот, познат како Шејки, имаше малку вградени компјутерски можности и беше далечински управуван со комбинација од супер и миникомпјутери.
“Во последните 40 години имаше многу напредок, но не напредок кој се забележува,” вели Нил Нилсон, пионерски истражувач за вештачка интелигенција, кој беше еден од дизајнерите на Шејки. “Голем дел од напредокот беше направен преку отстранување на шифрите кои ги користевме.” За да му овозможат на Шејки да се управува, вели тој, лајсните на зидот беа обоени црно за да му помогнат да го препознае зидот, а објектите беа обоени со црвено за да можат да бидат идентификувани од визуелните системи.
Главната цел на истражувачите од Вилоу Гарејџ е да се создаде Оперативен систем за роботи, или ОСР, кој во голема мера ќе ја олесни работата на новите генерации на развивачи на софтвер. Мајкрософт развива сличен систем базиран на верзија од оперативниот систем Виндоус, но обидот на Вулоу Гарејџ е проект со отворени ресурси наменет за да го зголеми придонесот на бројните експерти за роботика низ светот.
За таа цел, тим на роботичари од Универзитетот во Токио неодамна го модифицираа ОСР на Вилоу Грејџ за работа на робот кој тие го развиваа, вели Стив Казинс, претседател и извршен директор на Вилоу Гарејџ. “Крајната цел е да се овозможи постоење на палета способности кои се толку општи и универзални, што можат да се користат како елементи за развој на покомплицирани апликации,” вели Себастија Трун, директор на Лабараторијата за вештачка интелигенција во Стенфорд и член на одборот на Вилоу Гарејџ.
Тековниот ПР2 робот е на погон преку неколку Интел микропроцесорски чипови и “гледа” со комбинација на сензори вклучувајќи скенирачки ласери и видео камери. Способен е да лоцира електрични приклучоци и да се управува во зграда која е дизајнирана да има упатства за пристап на Американци со пречки во развојот да можат да се снајдат. Ваквите згради немаат врати со кружни кваки за отворање, кои ја поедноставуваат задачата на роботот за отворање на вратата. ПР2 го носи својот приклучок на магнет прикачен на основата. Во последниот тест, еден од приклучоците беше зад заклучена врата, па роботот треба ше да биде доволно интелигентен да прекине со својот обид и да почне да се движи кон наредниот приклучок. Вратите кои требаше да ги отвори беа наизменично затворени, отворени и делумно отворени.
Еден од научниците ги изрази своите чувства за пресвртницата во содржајна e-mail порака: “Сега можат да избегаат и да се бранат себеси.”
Слични Статии: |
Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним ... |
Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат ... |
Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо ... |
Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи ... |
Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув ... |
Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки... |
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување... |
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?... |
Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н ... |
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот... |
Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина. |
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер. ... |
Останати Статии
| |

















