АНКЕТИ
депресијата љубов влијае совети жените мажите соништа сексот стравот музика психологија карактер мозок среќа мисли луѓето зошто вашата работа чекори живот мозокот врска однесување стресот прави стрес нивните предизвикува депресија меморијата емоции меморија терапија против интелигенција влијаат среќата успех менува
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ФЕЈСБУК ПРОТИВ СРАМЕЖЛИВОСТ |
|
|
|
| Вторник, 01 Март 2011 01:00 |
|
Дали Фејсбук е за срамежливците тоа што водата е за жедните?
Џош Чајлс е срамежлив. Во друштво на непознати луѓе тој често чека некој, било кој, да го праша нешто или да започне муабет. На забава, во бар или ресторан, “Само седам надевајќи се дека некој ќе ми прозбори,” вели тој. “Чекам.” Но, на Фејсбук, 32 годишниот жител на Вудбриџ е г-дин Личност. Тој постојано го обновува својот статус, комнентира на новостите на другите, постира слики, прави шеги и ги регистрира своите лајкови. Воедно, кога ќе забележи дигитална поврзаност со одредена личност, неговата срамежливост исчезнува, вели тој. “Нема сомнеж дека Фејсбук го подобрува мојот живот преку градење на врски со други луѓе,” вели Чајлс. На многу начини, Чајлс е претставник на новиот тренд преку кој истражувачите сакаат да испитаат дали социјалните мрежи, особено Фејсбук, се за срамежливите луѓе она што водата е за жедните.
Студиите, со наслов како “Влијанието на срамежливоста врз користењето на Фејсбук” и “Срамежливоста и онлајн сервисите за социјално вмрежување,” се справуваат со едно важно прашање: Дали ерата на прекумерно споделување може да извади срамежливите и осамени луѓе од нивните кожурци? Наодите беа интригантни. Неодамнешните студии покажаа дека срамежливите луѓе трошат повеќе време на Фејсбук отколку социјално самоуверените луѓе, како и дека срамежливите се позадоволни од овие сервиси отколку другите. Срамежливите луѓе се поблиски со пријателите од социјалните мрежи отколку несрамежливите. Една студија, објавена во списанието Cyber Psychology, “Однесувањето и социјалното вмрежување,” покажа дека Интернетот и социјалните мрежи им помогнаа на осамените деца да ги исполнат своите “клучни потреби за социјална интеракција, самооткривање и експлорација на идентитетот.” Иако некои експерти го сметаа Фејсбук како причина за избегнување на човечки контакти, многу терапевти ја прифаќаат технологијата како алатка која може да ги отвори социјалните патишта за срамежливите клиенти.
“Она што го забележуваме е дека за многу срамежливи или социјално анксиозни луѓе, Фејсбук веројатно овозможува напредок,” вели Џонатан Далтон, терапевт во Центарот за бихејвиорална терапија во Вашингтон и се занимава со советување на вакви луѓе. “Фејсбук може да се искористи во голема мера како мост.” Дури и во деновите на бавна конекција на дајал-ап интернетот, срамежливите и осамените сепак користеа онлајн комуникација. Криејќи се зад имињата на екранот, тие комуницираа во собите за разговор под други имиња, постојано пишувајќи со часови. Постоеја илјадници соби за разговор кои најмногу се користеа во текот на ноќта - откако срамежливите и осамените се враќаат дома од работа. Далтон вели дека имаше два клиенти кои изјавувале дека нивниот најдобар пријател се наоѓа на далечно место каде што досега не го посетиле. Фејсбук, со своите 600 милиони членови, е поинаков. Создаден од позната срамежлива личност - Марк Зукенберг, кој понекогаш обилно се поти при ТВ интервјуа - сајтот ги охрабрува луѓето да ги пренесат интимните детали од својот живот: од каде се, хобија, омилени ТВ емисии, љубовен статус, слики од семејството, омилени книги, шеги, религиозни погледи и политика.
Овие детали се материјал на секојдневните разговори и потпалувачи на врските. Но за срамежливите луѓе, откривањето или учењето на овие интимни информации го поттикнува стресот. “Срамежливите луѓе имаат потешкотии при наоѓањето на теми за разговор,” вели Далтон. “Фејсбук ви дава почетна точка.” Социјалните мрежи како Фејсбук ја прават таквата информација достапна на безопасен начин, дозволувајќи им на срамежливите луѓе да учат и да споделуваат без страв дека ќе бидат исмејувани за изгледот или дали ќе потат или поцрвенуваат додека зборуваат. Во студија објавена во списанието Social and Personal Relationships, Леви Бејкер од Универзитетот во Тенеси утврди: “Кога е дадена можноста за учење од другите и откривање на личните информации, тоа често води кон поголема интимност, користејќи ги сервисите за социјално вмрежување. Сето тоа може да го олесни развојот на врската.”
“Доколку ги избегнувате луѓето, се изолирате, а ако се изолирате, тогаш сте осамени,” вели Мери Алворд, психолог од Монтгомери Кантри, која се интересира за социјалното вмрежување. “Јас поддржувам се што може да помогне за промовирање на интеракцијата, да се започне процесот.” Тоа беше привлечноста на Фејсбук за Јан Лурија, 27 годишен студент во Округот Арлингтон. Тој стигнал до точка на избегнување на повеќето контакти. “Мојата срамежливост ме спречува да им пристапам на другите луѓе,” вели тој. Тој се чувствува помалку инхибиран на Фејсбук, каде има повеќе од 230 пријатели и постира разни содржини секој ден - смешни видеа, интересни новости. Го искористил сајтот дури и да покани девојка на состанок. Не беше успешен, но се обиде, а тоа беше напредок. “Сметам дека Фејсбук навистина го подобри мојот живот,” вели Лурија. “Ми дозволува да се поврзувам со луѓе со кои не би се поврзал на друг начин.”
Други срамежливи Фејсбук корисници и некои терапевти не се убедени во овие тврдења, истакнувајќи ја лошата страна на претераното користење на социјалните мрежи. 33 годишна жена која работи во социјален сервис вели дека Фејсбук ја олесни деловната комуникација со луѓето чии профили имала можност да ги проучи. “Може да забележите што сакаат, а тоа ви помага да им пристапите на соодветен начин,” вели таа. Но, иако има 180 пријатели на Фејсбук, “Сеуште се чувствувам осамена,” вели таа. “Не се чувствувам како да имам 180 пријатели. Не е како да имам 180 пријатели со кои би можела да се дружам и надвор.” Навистина, студијата на Бејкер откри дека иако Фејсбук ги продлабочува врските, многу срамежливи корисници сеуште соопштуваат дека се чувствуваат осамено. Експертите укажуваат дека ова би можело да се случува бидејќи некои срамежливи луѓе го користат Фејсбук како патерица, чувствувајќи се поудобно со дигитални пријатели отколку со реални.
Слични Статии: |
Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним ... |
Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат ... |
Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо ... |
Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи ... |
Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув ... |
Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки... |
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување... |
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?... |
Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н ... |
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот... |
Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина. |
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер. ... |
Останати Статии
| |














