АНКЕТИ
интелигенција однесување депресијата соништа емоции среќа психологија совети мозок жените зошто стравот музика предизвикува прави љубов живот вашата меморијата успех против меморија мозокот работа среќата стресот чекори мажите сексот влијае нивните терапија депресија стрес влијаат врска менува карактер луѓето мисли
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| САМОСВЕСНИ РОБОТИ |
|
|
|
| Понеделник, 07 Март 2011 19:57 |
|
Нашите механички пријатели, роботите, стануваат се повеќе свесни за своето постоење.
Иако самосвесноста на машините повеќе изгледа како научна фантастика отколку наука, постојат цврсти практични докази за тоа, објаснува роботичарот Ход Липсон од Лабараторијата за компјутерска синтеза на Унверзитетот Корнел. “Најголемиот предизвик денес за роботите е откривањето како да се прилагодат на нови ситуации,” вели тој. “Постојат милиони роботи, повеќето во фабриките и доколку се е на вистинското место во вистинско време за нив, тие се натчовечки во нивната прецизност, моќ, брзина, во нивната способност да работат постојано 24/7 во ризични услови - но доколку еден дел не е на свое место, тогаш играта завршува.” Овој недостиг на прилагодливост “е причината зошто немаме многу роботи во домот, кој е понеструктуиран од фабриката,” додаде Липсон. “Клучно е роботите да создадат модел од себеси за да откријат што функционира, а што не, со цел да се прилагодат.”
Затоа, Липсон и неговите колеги развија робот со форма на четириножна морска звезда чиј мозок, или управувач, разви модел за своето тело. Истражувачите го стартуваа дроидот со свест за моторот и останатите делови кои ги поседува и му дадоа директива за движење. Преку обиди и грешки, добивајќи повратен одговор од неговите сензори со секое движење, машината користеше повторени симулации за да открие како е составено неговото тело и самостојно разви тромава, но ефективна форма на движење. Сега, наместо да имаме роботи кои ги моделираат сопствените тела, Липсон и Хуан Загал, од Универзитетот на Чиле во Сантиаго, развија роботи кои во суштина се потпираат на сопствените мисли. Тие постигнаа способност за метакогниција, поставувајќи два умови во еден бот. Еден контролер беше наградуван кога се движеше кон сините точки кои се движеа по случајни шаблони и за избегнувањето на црвените точки како да се отровни, а вториот контролер го моделираше однесувањето на првиот и дали беше успешно или не. И зошто два умови може да бидат подбри од еден? Истражувачите ги променија правилата така што се наградуваше движењето кон црвените точки, а избегнувањето на сините. Рефлектирајќи ги постапките на првиот контролер, вториот можеше да направи промени за да се прилагоди на неуспехот - на пример, ги филтрираше сонзорните податоци за да ги направи црвените точки да изгледаат сино, а сините да изгледаат како да се црвени, вели Липсон. На овој начин роботот можеше да се адаптира после само 4 до 10 физички екперименти, наместо после илјадници кои ќе беа потребни доколку се користеа вообичаените еволутивни техники на роботиката.
“Тоа може да доведе до начин за препознавање на опасни ситуации, учејќи од нив без да има потреба физички да поминат низ нив - тоа е нешто што недостига во роботиката,” вели компјутерскиот научник Џош Бонгард од Универзитетот во Вермонт, поранешен соработник на Липонови кој не учествуваше во оваа студија. Покрај роботите кои размислуваат за тоа што го мислат, Липсон и неговите колеги истражуваат и дали роботите може да го моделираат тоа што го мислат другите, особина која психолозите ја нарекуваат “теорија на умот”. На пример, тимот имаше еден робот кој го набљудуваше однесувањето на другиот и неговото неправилно, спирално движење кон светлото. Повремено, набљудувачот можеше да го предвиди движењето на другиот доволно добро да дознае каде да постави “стапица” за него на површината. “Тоа во основа е читање на мислите,” вели Липсон. “Наша мисија е да им дадеме на машините еднакви способности за самосвест како кај луѓето,” вели Липсон. “Ова истражување може да доведе до нови погледи за комплицираната тема за нашата самосвесност од друг агол - како функционира, зошто и како се развива.”
Една потенцијална апликација која ја тестираа за самосвесните машини е со модел на мост, со континуирано сензорно набљудување на вибрациите околу сопствената рамка за да развијат слика за сопственото “тело”. “При симулациите покажавме дека може да ги идентификува ослабените споеви многу порано отколку при вообичаените методи на инженеринг,” вели Липсон. “Мостот нема ненадејно да се разбуди еден ден и да ве поздрави, но на примитивен начин може да кажете дека има слика за себе, доволно за да вклучи црвено светло кога нешто не е во ред.” Клучното прашање за ова истражување се однесува за тоа колку далеку може да стигне. “Ова се многу едноставни роботи, од осум или неколку движечки делови, па релативно е лесно да конструираат модели за се. Но доколку се доразвијат, дали сеуште ќе може да создадат добар модел од себеси?” прашува Бонгард. “Тоа прашање важи и за социјалните роботи, кои го набљудуваат човековото однесување. Прашањето за прилагодливоста е она што истражувањето го испитува во моментов.”
Интересно, истражувањето откри и која психичка болест можат да ја развијат роботите. На пример, роботот со форма на морска звезда кој создаваше слика за себе “спонтано развиваше синдром на фантомски екстремитет, сметајќи дека има раце и нозе и покрај тоа што немаше,” вели Липсон. “Како што роботите стануваат посложени и се развиваат, можеме да ги забележуваме дека истите видови на пореметување кои се јавуваат кај луѓето, можат да се јават и кај машините.” Липсон детално го претстави истражувањето на неговиот тим на годишната средба на Американското здружение за напредок на науката на конференцијата во Вашингтон. Слични Статии: |
Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним ... |
Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат ... |
Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо ... |
Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи ... |
Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув ... |
Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки... |
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување... |
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?... |
Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н ... |
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот... |
Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина. |
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер. ... |
Останати Статии
| |












