АНКЕТИ
соништа карактер мозокот мисли вашата стресот влијаат против врска предизвикува влијае жените музика среќа стрес успех депресија нивните љубов мозок меморија чекори менува интелигенција меморијата емоции стравот прави луѓето депресијата мажите зошто совети психологија сексот терапија живот работа среќата однесување
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ТЕХНОЛОШКА ЗАВИСНОСТ |
|
|
|
| Понеделник, 07 Март 2011 20:34 |
|
Модерната технологија ви го одвлекува вниманието? Еве како да се справите со тоа.
Се наоѓате на половина од читањето на долг, важен документ, но одненадеж сфаќате дека не можете да се концентрирате. Тоа не се случува бидејќи темата е здодевна или бидејќи е време за чоколадо, туку поради мало, црвено светло кое упорно трепка во аголот на вашето око. Блекберито тивко повикува по вашето внимание и ве тера да престанете со читање за да дознаете што пишува во пораката. Две минути подоцна, го правите истото. Дали се работи за iPhone или фиксен или пак звучен e-mail, најновата технологија постојано не прекинува. Но, доколку некогаш сте се запрашале каков ефекти имаат таквите безбројни прекинувања врз работниот ден, истражувањето од страна на академиците од Универзитетот во Кент успеа да одговори на ова прашање.
Факултетот за психологија постави “лабараторија за читање” со камера која го следи движењето на очите. Потоа се поврзаа со 100 испитаници и ги замолија да прочитаат пасус од текст на комјутерскиот екран, пред да ги прекинат учесниците со едноминутни пораки - како телефонските повици. Потоа им беше заповедано да се вратат на претходното читање, додека камерата која го следи движењето на окото анализираше како поминаа. Истражувачите, предводени од Улрих Вегер, предавач по психологија на Кент, откри дека учесниците повторно читаат значаен дел од текстот пред да стигнат до точката кога ја напуштија првобитната задача - во толкава мера што секој прекин предизвика во просек 17% зголемување на вкупното време потребно за да се прочита целата порака.
Вегер беше инспириран да го спроведе истражувањето поради сопственото одолговлекување. “Забележав колку бев растроен додека работев на компјутер,” објаснува тој. “Го трошев моето време на читање на мејловите кога и да пристигнеа во мојот инбокс. Забележав дека кога ќе започнев да го читам името на испраќачот, го читав и првиот ред од текстот. Кога ќе го сторев тоа, продолжував со читање на целата порака, а кога ќе стигнев до таа точка, се чувствував приморан да одговорам бидејќи немаше смисла да се остави задачата половично завршена. Понекогаш ми беа потребни дополнителни информации за да одговорам на пораката, затоа морав да извршам и други задачи.” Вегер вели дека многуте негови прекини значеа дека тој “често не напредувал во тоа што првобитно работел - и на крајот се чувствував прилично уморен и без здив. Помислив дека не може да бидам единствената личност која се мачи со ова.” Разговарајќи со своите колеги ја потврди сериозноста на проблемот и обезбеди финансии од Советот за економски и социјални истражувања за да започне со испитувањето.
Верува дека истражувањето на Кент е важно бидејќи нашата модерна работна средина е “исполнета со примамливи - а понекогаш и не толку примамливи - извори на прекинување”, но признава дека е тешко да се открие начин за нивно справување. “Најдоброто нешто што може да се направи е првенствено да се обидеме и да ги избегнеме прекинувањата - често луѓето не мора да одговорат на прекинот, но го прават тоа бидејќи е примамливо,” вели тој. Истражувањето на Вегер покажа дека едноставното оставање на ознака на странта пред да одговориме на прекинот може да ни дозволи да продолжиме со читањето поефикасно подоцна, намалувајќи 10% од времето кое е потребно да се вратиме на истата точка на текстот. Академиците исто така ги испитуваа и влијанието на пратечкиот звук или музика и открија дека кога учесниците беа истовремено изложени на говор во позадина додека читаат текст, им беше потребно зналително повеќе време за да го завршат. Некои работници може да се потпрат на овие наоди како причина за затворање на канцелариите со отворен поглед.
Но, Вегер вели дека секогаш ќе постои нешто друго што ќе ни го одвлекува вниманието. Тој предлага исклучување на одвлекувачите на внимание како нотификации за пошта и уредување на бироата така што не ве насочуваат кон нешто интересно - како луѓето кои се движат надвор, но признава: “Понекогаш овие стратегии доаѓаат заедно со своите недостатоци - на пример, исклучувањето на вашиот iPod или мобилен може да предизвика копнеж па дури и притисок кој и самиот може да стане прилично деконцентрирачки.” “Најдобриот начин да ја надминеме нашата зависност за нови информации е да научиме да се контролираме себеси: можете да правите вежби за помош, користејќи вежби за контрола на мислите како концентрирање на едноставен замислен објект неколку минути секој ден,” објаснува тој.
Вегер вели дека вежбата за концентрација која ја пронашол во книга напишана од Рудолф Стејнер пред 100 години е сеуште корисна. “Колку побрзо забележите дека сте се пренасочиле кон нешто друго, оттргнете се од нападната мисла и свртете се кон првобитното. После вежбата ќе бидете поспособни да се заштитите од бројните примамливи стимули во нашиот свет на информациона пренатрупаност.” Звучи многу доблесно, но Вегер признава дека сеуште паѓа во стапицата на одолговлекувањето со кое губи време - дури и додека го пишува истражувањето за тоа. “Сеуште постојано се борам со одвлекувачите на внимание,” вели тој. За Блекбери и за неговите смартфон "роднини", Вегер вели дека не се воопшто лоши, но имаат “мешан ефект”. Тој објаснува: “Предностите на овие направи се дека не морате да одите дома за да ја добиете потребната информација. Но, недостатоците се дека ако си дозволите да станете зависни, тие ќе ве прогонуваат. Како и со сите работи: доколку можете да извлечете корист од нешто што го прави вашиот живот полесен, додека одржувате доволно внатрешна сила и слобода за да ја избегнете зависноста, тогаш вие сте господарот. Доколку не ја негувате внатрешната сила и слобода, вие станувате робот.”
Слични Статии: |
Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним ... |
Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат ... |
Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо ... |
Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи ... |
Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув ... |
Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки... |
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување... |
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?... |
Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н ... |
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот... |
Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина. |
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер. ... |
Останати Статии
| |














