АНКЕТИ
мажите меморија среќата мисли музика интелигенција емоции врска успех против зошто соништа терапија мозок стресот нивните меморијата предизвикува психологија прави вашата депресијата менува мозокот стрес влијае сексот живот работа карактер чекори однесување среќа жените депресија љубов стравот совети влијаат луѓето
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ВИСТИНАТА ЗА ИНТЕРНЕТ ЗАВИСНОСТА |
|
|
|
| Четврток, 29 Септември 2011 15:03 |
|
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот...
Хилари Кеш се враќа дома од работа и пред неа се појавуваат 2 можности за пополнување на времето: да излезе во градината и да ги негува цвеќињата, или едноставно да седне пред компјутер. На цвеќињата навистина им е потребна нега. Од друга страна, компјутерот може да почека, посекако таа ја заврши нејзината задача за денот. И покрај се', Кеш седнува пред компјутер и се чувствува како да ја привлекува некаков магнет. Можеби и' стигнал меил од некоја пријателка, можеби има нешто интересно на Твитер, или пак некој постирал нови слики на Фејсбук.
„Мене навистина ми е тешко да се одделам од компјутерот," – вели Кеш. „Тешко ми е да си речам: Тргни се од компјутерот – оди да ги навадиш цвеќињата." Дали менува нешто ако седне на копјутер или ги навади цвеќињата? Да, менува многу работи, велат експертите. Експертите велат дека животот на интернет предизвикува појава на таканаречен "мозок-пуканка" – мозок кој е премногу навикнат на постојана стимулација предизвикана од вршењето електронски задачи со што се губиме во животот надвор од интернетот, каде работите "пукаат" многу побавно отколку на интернет.
Смартфон повеќе од сопственото дете Леви, професор на Универзитетот во Вашингтон, ја раскажува приказната кога држел предавање во некоја фирма за информатика. На ручекот после предавањето, еден вработен му кажал како претходната ноќ неговата сопруга побарала од него да ја избања нивната ќерка. Наместо да ужива во времето поминато со своето дете, тој го потрошил времето на телефон, праќал и примал пораки. Не морал да работи, но имал потреба да го користи телефонот, и тоа било големо искушение за него, иако знаел дека детето го чека во бањата.
„Навистина е чудно," – цели Кеш, советувач кој организира терапии за луѓе кои сакаат да се откажат од нивните телефони и останати забавни предмети. „Не можеме само да стоиме и да чекаме автобус, и штета што е така, затоа што и на нашиот мозок му е потребен одмор и време за обработка на податоците." Клифорд Нас, психолог на Стенфорд, вели дека истражувањата покажуваат дека работата на интернет прави да забораваме да ги читаме човечките емоции. Кога на зависниците од интернет им беа покажани фотографии со слики од луѓе, ним им беше тешко да ја одредат емоцијата која луѓето на сликите ја изразуваат.
Кога им читал приказни, имаа проблем со пронаоѓањето на емоциите на луѓето во приказните. „Човечката интеракција е научена вештина, а тие не ја користат доволно често," – вели тој. Влијанието на технологијата врз мозокот Човечкиот мозок е така направен што веднаш бара благодарност, брзина и непредвидливост во технологијата, вели Кеш. „Никогаш не можам да претпоставам што ќе има ново на Твитер. Од каде да знам кој ми пратил меил? Од каде да знам каде ќе ме однесе наредниот клик на глувчето? Што ме чека?" – вели Кеш. „А точно знам што ме чека во градината."
Доктор Нора Волков, директор на Националниот Институт за зависност од дроги, признава дека и таа тешко одолева на предизвиците што и' ги нуди нејзиниот мобилен телефон. „Кога сум на одмор, постојано проверувам се' иако не морам," – вели таа. „Или пак, ќе излезам на прошетка со сопругот, и не можам да се контролирам, проверувам пошта. Чувствувам вина, но сепак го правам тоа." Таа објаснува дека постојаната стимулација може да ги акривира клетките на допаминот во пределот за задоволство на мозокот.
Со текот на времето, и со доволната употреба на интернетот, структурата на нашиот мозок се менува и физички, покажува едно ново истражување. Истражувачи од Кина направиле снимки со магнетна резонанца на мозокот на 28 студенти кои поминувале околу 10 часа на интернет. Во споредба со оние кои минувале помалку од 2 часа на интернет преку денот, овие студенти имале помалку сива маса која е главниот носач на мисловниот процес во мозокот. Како да се справите со проблемот Постојат луѓе кои лесно се префрлуваат од виртуелниот во реалниот свет. Ако не сте еден од нив, еве неколку совети:
1. Забележувајте колку време поминувате на интернет Запишувајте колку часа минувате на интернет, и како ги користите, предлага Леви. Обрнете внимание како се чувствувате додека стоите пред компјутер. „Сите што пробаа, имаа што да сфатат." – вели тој. „Многу често луѓето се приклучуваат на интернет кога им е досадно или кога се нервозни."
2. Поставете си граници Одредете си време – на пример, 2 часа за да одговарате на меилови, да променете нешто на профилот на Фејсбук, предлага Кеш. После тоа, исклучете го компјутерот, телефонот и правете нешто во реалниот свет. 3. Зјапајте низ прозорец Две минути гледајте низ прозорецот. Ова служи како добар тренинг да го забавите мозокот.
4. Дозволете си слободно време Психологот Роберт Лихи предлага дека треба да си најдете слободно време. „На пример, јас нема да проверувам пораки помеѓу 6 и 9 навечер," – вели тој. Лихи, директор на Американскиот Институт за когнитивна терапија, предлага да се наградувате самите себеси за секој час поминат во реалниот свет. 5. Јавете им се на пријателите Наместо да им праќате пораки, јавете им се на телефон. „Јавете им се на пријателите и излегувајте со нив барем 3 часа на ден, затоа што тоа ќе ве оттргне од компјутерот."
6. Тестирајте се Според Центарот за зависност од технологија, имате вистински проблем ако вашите најблиски се загрижени затоа што поминувате премногу време на интернет. Тие Ви нудат тестови со кои може да одредите во која фаза сте.
Слични Статии: |
Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним ... |
Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат ... |
Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо ... |
Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи ... |
Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув ... |
Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки... |
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување... |
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?... |
Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н ... |
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот... |
Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина. |
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер. ... |
Останати Статии
| |


















