АНКЕТИ
предизвикува стрес депресијата влијаат жените стравот карактер мажите мозокот работа мозок интелигенција депресија музика соништа вашата зошто успех совети менува однесување живот нивните меморија љубов против мисли чекори луѓето влијае прави емоции врска стресот среќа психологија меморијата сексот среќата терапија
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| "ПАРАДОКСИТЕ" НА ИНТЕРНЕТОТ |
|
|
|
| Среда, 26 Октомври 2011 09:49 |
|
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?...
Дали интернетот е лош за нас? Следува психолошко истражување за поврзаноста помеѓу употребувањето на интернет и зависноста, осаменоста и депресијата. Како сите нешта што ги трансформирале нашите животи, интернетот исто така го привлече вниманието на песимистите и клеветниците кои тврдат дека е лош за нас. Две од пореспектибилните тврдења против интернетот се дека е зависност и дека може да ја зголеми осаменоста и депресијата.
Веројатно поневистинито од двете тврдења е дека интернетот предизвикува осаменост, со оглед на тоа дека е медиум за комуникација. Сепак, некои тврдат дека луѓето завршуваат со користење на интернет наместо да се социјализираат лице во лице. Пред повеќе од десет години кога интернетот не беше толку експониран, група на истражувачи откри нешто што го нарекоа "парадоксот на интернетот." И покрај тоа што беше уште еден начин на комуникација со другите луѓе, тие открија дека употребата на интернет беше поврзана со депресија и осаменост.
Но, кога истражувачите ги испитуваа истите луѓе 3 години подоцна, овие ефекти исчезнаа. Не само тоа, туку открија и дека употребата на интернет е поврзана со зголемена добросостојба и општествена ангажираност. Сега, кога интернетот достигна адолесценција, овие недоразбирања - да, интернетот е лош за тебе, не, добар е за тебе - сеуште постојат. Некои истражувања испаднаа позитивни, некои неутрални, некои многу негативни. Слични неубедливи резултати кога посебно се истражуваа и-мејлот, собите за разговор или генералната социјабилност.
Зависност од Интернет Прашањето дали е можно да се стане зависен од интернет се покажа како поконтреверзно за експертите. Дебатата особено се загреа околу тоа дали треба да се вклучи во психолошки пореметувања. Една од причините зошто е толку тешко да се одлучи дали постои интернет зависноста делумно е аргументот околу значењето на зборот зависност. Еден начин за надминување на овој проблем е јасно дефинирање на интернет зависноста - запишете како изгледа интернет зависник - потоа обидете се да ја примените оваа дефиниција врз луѓето за кое сметате дека се зависници, доколку навистина им одговара. Но, кога се истражија 39 студии за интернет зависноста, тие открија дека дефиницијата не одговараше. Всушност најпопуларната дефиниција за интернет зависноста немаше смисла. Не успеа да направи разлика помеѓу луѓето кое беа психолошки тажни и таканаречените интернет зависници. Изгледа дека идеата за интернет зависник како корисна дијагностичка алатка не функционира.
Всушност не мора да направите било какво истражување за да дојдете до заклучок дека концептот за 'интернет зависник' е без смисла. Тоа е бидејќи интернетот е медиум за комуникација, не е крај за себе. Некој може со часови секојдневно да порачува водка онлајн, но вие ќе бидете под голем притисок да расправате дека се работи за интернет зависник, а не за алкохоличар. Наместо самиот интернет, примарни цели кои треба да се опишат како зависности се коцкање, порнографија и шопинг, иако многумина сеуште тврдат дека луѓе не може да бидат зависни од овие работи бидејќи тие се поблиски до принуди. Значи, постојат малку докази дека луѓето навистина станаа зависни од интернетот во вистинска смисла на зборот.
Средување на конфузијата Други, помалку респектибилни тврдења се однесуваат на тоа зошто интернетот може да биде лош за нас. Но, тие не се базираат на некакво истражување и често се поддржани од луѓето кои очајно се обидуваат смислат нешто што ќе привлече внимание. Не вреди да се спомнуваат, дури и кога се прекоруваат, но мора да се истакне дека има барем мал или пак никаков доказ да сето тоа. На насловната страна на еден британски медиум стоеше насловот "Фејсбук шири сифилис." Ова е светското резонирање кое се користеше за да се дојде до овој заклучок: инфекциите од сифилис во дел од Британија се во пораст; некои луѓе имаат секс со луѓе кои прво ги сретнале на Фејсбук; поради тоа Фејсбук шири сифилис.
Другите тврдења околу интернетот се понезначајни и поповршни, но го употребуваат истото ниво на вештини за расудување. Еве неколку со кои можеби сте запознати: интернетот ќе ви предизвика рак, ќе ве здебели, загрижи, оглупи, ќе ве направи расеани, понекреативни, неспособни за концентрација итн. Веројатно тоа се наоѓа на врвот на зависноста, осаменоста, депресијата и сифилисот.
Слични Статии: |
Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним ... |
Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат ... |
Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо ... |
Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи ... |
Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув ... |
Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки... |
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување... |
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?... |
Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н ... |
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот... |
Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина. |
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер. ... |
Останати Статии
| |















