АНКЕТИ
терапија мисли мажите стравот менува интелигенција зошто живот стресот меморијата психологија совети мозок однесување депресија стрес карактер депресијата чекори сексот врска соништа предизвикува вашата луѓето против емоции нивните мозокот меморија прави среќа работа музика жените влијае влијаат љубов успех среќата
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| НАСИЛНИТЕ ИГРИ ГИ УНИШТУВААТ ЕМОЦИИТЕ |
|
|
|
| Недела, 30 Октомври 2011 16:58 |
|
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување...
Во Норвешка, неколку игри со пукање во прво лице исчезнаа од пазарот некое време после убиствата. Дали интензивните борби прикажани на рамен екран резултираат и со агресивно однесување во вистинскиот живот? Истражувачите од Универзитетот во Бон открија обрасци на мозочна активност кај тешките гејмери која се разликуваа од оние кај лицата кои не играа.
Поврзаноста на игрите со пукање "во прво лице" со насилството постојано се разгледува. Учесниците се внесуваат во улогата на стрелец кој се бори со своите противници во воени ситуации користејќи разни оружја. Се смета дека норвешкиот убиец интензивно учествувал во такви светови пред да убие десетици луѓе во округот на владата во Осло и на островот Утоја. После стрелачката активност во Ерфурт, Емсдетен и Винхеден, дебатата дали насилните игри го намалуваат прагот на инхибиција и резултираат со насилно однесување беше одново активирана.
Психолозите, епилептологистите и неуролозите од Универзитетот во Бон го студираат ефектот на сликите од игрите со пукање и други емотивно исполнети слики врз активноста на мозокот на гејмерите. "Во споредба со луѓето кои се воздржуваат од вакви игри, тие покажуваат разлики во начинот на контрола на емоциите," изјавува водечкиот автор д-р Кристијан Монтаг од Институтот за психологија на Универзитетот во Бон.
Претерано играње на насилни игри од околу 15 часа неделно 21 субјект на возраст од 20 до 30 години играа стрелачки игри во прво лице во просек речиси 15 часа неделно. За време на студијата, има беше покажан стандардизиран каталог од фотографии кои сигурно предизвикуваат емоции во човековиот мозок, користејќи видео наочари. Истовремено, истражувачите ги снимаа реакциите во нивните мозоци користејќи еден од мозочните скенери во Центарот за живот и мозок при Универзитетот во Бон. Сликите вклучуваа фотографии кои се користат во насилните игри, но и слики од несреќи и жртви на катастрофи. "Овој микс од слики ни помогна да го пренесеме субјектот и во светот на фиктивниот стрелец во прво лице со кого се запознати и да предизвикаме емоции преку реални слики," објаснува д-р Монтаг. Овој каталог од слики им беше покажан и на контролна група од 19 лица кои немаа искуство со насилни видео игри.
Кога субјектите ги разгледаа реалните, негативни слики, се појави значително зголемена активност во нивните амигдала. Оваа област на мозокот е силно поврзана со процесирањето на негативните емоции. "Изненадувачки, амигдалата на субјектите како и на контролната група беа слично стимулирани," изјавува Монтаг. "Тоа покажува дека двете групи реагираа на сликите со слично силни емоции." Но, левите медијално-фронтални лобуси беа јасно помалку активирани кај корисниците на насилни игри отколку кај контролните субјекти.
Ова е мозочната структура која луѓето ја користат да го котролираат својот страв или агресија. "Стрелците во прво лице не реагираат толку силно на реалните, негативни слики бидејќи тие се навикната на нив од нивните дневни комјутерски активности," заклучи Монтаг. "Може да се каже дека тие се понечувствителни во споредба со контролната група." Од друга страна, процесирајќи ги сликите од компјутерските игри, стрелците во прво лице покажаа поголема активност во мозочните области поврзани со сеќавањето и работната меморија отколку членовите на контролната група. "Тоа укажува дека гејмерите се ставаат себеси во видео играта додека има се покажуваат сликите од компјутерските игри и бараа потенцијална стратегија за да најдат решение за покажаниот статус на играта," вели д-р Монтаг.
Насилните игри како причина за промена на мозочната активност Едно прашање кое се појави за време на интерпретирањето на резултатите е дали корисниците покажаа променета мозочна активност поради игрите или дали тие беа потолерантни кон насилството од самиот почеток и како последица на тоа, преферираа игри со стрелци во прво лице. Истражувачите од Универзитетот во Бон беа во можност да предложат одговор на ова прашање врз основа на фактот дека зедоа во предвид разни карактеристики на личноста како страв, агресивност, бесчувствителност или емоционална стабилност. "Немаше разлика помеѓу субјектите и контролната група во таа област" изјавува д-р Монтаг. "Ова укажува дека насилните игри се причина за разликата во процесирањето на информацијата во мозокот."
Од резултатите, д-р Монтаг заклучи дека емоционалното десензитивирање не се јавува само додека се играат компјутерски игри. "Конечно имавме можност да ја откриеме и намалената контрола на емоциите кај стрелците во прво лице за реалните сликите," вели тој. Затоа тој смета дека овие реакции не се лимитирани само на виртуелните светови. Иако постојат многу студии за видео игрите и агресивното однесување, има изненадувачки малку студии за нивниот ефект врз мозокот. "Нашите резултати овозможуваат индикации дека претераното користење на игри со стрелци во прво лице доаѓа заедно со своите проблеми," вели д-р Монтаг. "Но, ќе ни бидат потребни дополнителни студии да се фрли светло на поврзаноста помеѓу насилните игри, мозочната активност и актуелното однесување."
Слични Статии: |
Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним ... |
Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат ... |
Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо ... |
Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи ... |
Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув ... |
Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки... |
После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување... |
Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?... |
Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н ... |
Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот... |
Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина. |
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер. ... |
Останати Статии
| |















