RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Што го поттикнува агресивното и насилно однесување кај децата?
 
 
 
 
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

ПСИХА МУАБЕТ


Последна Порака: 2 денови, 4 часови изминато
  • meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист Smile))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\"
  • TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
  • Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other Smile
  • Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
  • floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other Smile
  • Gorgievska : ve molam odgovorot
  • nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
  • Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate Smile
  • guest_8667 : zdr
  • guest_9917 : Very Happy
Види архива

Смајли?
Very HappySmileWinkSadSurprisedShockedConfusedCoolLaughingMadRazzEmbarrassedCrying or Very SadEvil or Very MadTwisted EvilRolling EyesExclamationQuestionIdeaArrowNeutralMr. GreenGeekUber Geek

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
УБАВИНА ЗА ПОДОБРА ПРОЦЕНКА
Понеделник, 28 Февруари 2011
Слика
СТРАДАТЕ ЛИ ОД АВИОФОБИЈА?
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
ШТО Е СПОРТСКА ПСИХОЛОГИЈА?
Среда, 02 Ноември 2011
Слика
НАСТАНОК НА ПЕДОФИЛИЈАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
ШТО Е ПАРАПСИХОЛОГИЈА?
Вторник, 18 Јануари 2011
Слика
ОД ВАС ЗАВИСИ
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
ПРИЈАТЕЛСКА РАЗМЕНА
Сабота, 04 Декември 2010
Слика
ДАЛИ СТЕ ЕМОЦИОНАЛНИ ПРЕЉУБНИЦИ?
Четврток, 18 Ноември 2010

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер


СКОПЈЕ
Sun, 20 May 2012 1:59 pm CEST
Partly Cloudy
24°C
До: 26°C
Од: 10°C
Изгрев  5:06 am
Залез 7:51 pm
Ветер: 4.83 kmh
Влажност: 38 %
Видливост: 9.99 km
Притисок: 982.05 mb
Опаѓа
 
Tommorow
 21 May 2012
PM Showers
 
25°C / 13°C

КОМПЈУТЕРСКИТЕ АНИМАЦИИ МОЖЕ ДА НЕ ОСУДАТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 633 пати
Понеделник, 14 Ноември 2011 20:08

Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадува тоа што фотоапаратите и други направи за сликање веќе долго време се презентираат како докази во судските процеси...

суд

Неодамна, компјутерските анимации се повеќе зачестија во судниците. Веројатно, тие им помагаат на адвокатите да ги визуелизираат важните настани во несреќата.
Компјутерските анимации спаѓаат во две различни групи на докази:

Демонстративни докази: Анимацијата се креира рачно, најчесто од уметник. Во оваа улога, анимацијата е само додаток на изјавата на сведокот преку илустрирање на клучните настани. На пример, спацијалните врски тешко може да се објаснат со зборови, затоа анимацијата може да биде корисна и да ги покажува настаните кои ја опкружуваат несреќата, на пример, позицијата, брзината и траекторијата на возилата и пешаците.

Суштински докази: Анимацијата се создава на компјутер, кој креира слики базирани на внесените податоци и некои алгоритми програмирани во софтверот. Настанот, како што е несреќата, се симулира во компјутерот.

Кога е презентирана како суштински доказ, анимацијата може да се претстави како реконструкција или визуелизација на реалниот настан. Идејата е да се покаже што сведокот или обвинетиот можел и не можел да види. На пример, може да е побарана за да покаже што возачот или пилотот видел пред судирот. Доказот може да се искористи за да покаже дека пилотот не можел да ја види линијата за висок притисок или дека возачот лесно можел да го види пешакот.

анимација на човек
Во оваа апликација, важно е да се запомне дека анимациите имаат тешки перцептуални ограничувања.

Компјутерската графика е само симулација на реалната средина. Невозможно е да се каже дали анимацијата изостави или претстави важни визуелни елементи. Перцепцијата не е целосна, но зависи од контекстот. Виртуелно сите судови зависат од позадината, другите објекти во сцената итн.

Обично постои одредена дисторзија на длабочината. Визуализацијата користи математички методи за да ја симулира реалноста. Моделите на камери со објектив користени за да создадат визуелни сцени може да ги променат перцепираната длабочина и далечина. Исто така, луѓето често ја користат информацијата од двете очи (стероскопски вид) при длабинската перцепција. Овие информации во сликите и анимациите не постојат.

анимација на ситуација

Компјутерскиот екран има ограничена способност за создавање на слики. Компјутерските екрани имаат многу пониска просторна и временска резолуција отколку реалните слики. Тие може да не се способни да продуцираат мали објекти или текст, кој е клучен знак за длабочинската и површинската ориентација. Тие се ограничени во својата способност да ја изразат бојата и не може да создадат некои суптилни варијации на бојата. Компјутерските екрани исто така не може да продуцираат многу високи контрасти, така што видливоста на објектите може да се потцени. На крај, компјутерските монитори не се многу светли и не може да создадат светлосно ниво кое е слично на нормалната дневна светлина. Бидејќи подобро гледаме на поголема светлина, ова може да резултира со погрешна проценка на условите.

судница

Искривувања од мали размери. На суд, графичкиот приказ зафаќа голема сцена која може да го покрие целосното видно поле на гледачот и да го намали во големина од неколку степени на визуелен агол. Визијата е најчиста кога објектот е во праволиниско видно поле. Потоа сликата се формира во мрежницата, област во ретината со наголема резолуција. Бидејќи сликите паѓаат подалеку во периферијата на видното поле, тие формираат области на пониска фоторецепторна густина и се помалку видливи. Сепак, графичките прикази во судница се мали и гледачите не ја користат својата периферна визија. Внимание обично се движи со мрежницата, така што присутниот објект е во директен поглед. Судијата и поротнциите точно знаат каде да гледаат и може да ги насочат очите и да се фокусираат на клучниот дел на сликата.

анимација за несреќа

На крај, личноста вклучена во несреќа може да имала само дел од секундата за да го детектира објектот додека луѓето во судницата може да ја гледаат сликата подолг период. Овие фактори речиси сигуро доведуваат до изразено преценување. На пример, има компании кои создаваат форензички анимации за да ја покажат гледната точка на возачот за пешакот неколку мигови пред несреќата. Во приказот, пешакот се појавува само неколку степени од видното поле наместо од визуелната периферија, а судот, за разлика од возачот, знае дека ќе се случи несреќа и го фокусира вниманието и гледа директно кон пешакот. Има мал или воопшто нема неред во позадина што би ја намалил очигледноста, нема одвраќање поради други возила, знаци или внимание насочено кон возењето. Гледачите во судот се уверени дека го гледаат истото што можел да го види и возачот и да ја преценат вистинската видливост на пешакот.

анимација за судир

Судот го фокусира вниманието. Вниманието е многу важно за перцепцијата. Во судницата, членовите на поротата знаат дека треба внимателно да ја анализираат компјутерската анимација. Сепак, во вистинскиот настан, гледачот можеби имал други задачи кои му одзеле дел од вниманието. Перцепцијата мора секогаш во предвид да го зема и вниманието, што значи дека поротата може да биде заведена за условите на видливост.

Поротата не го знае тоа што го знаел набљудувачот. Перцепцијата зависи од искуството, што значи дека поротата никогаш не може да знае или да замисли што беше забележано од набљудувачот за време на настанот. Голем дел од нашата перцепција и однесување се водени од очекувањата кои ги развиваме како резултат на нашето искуство со средината. Поротата нема да разбере, на пример, дека возачот кој секој ден вози по истиот пат цела година и никогаш не видел пешак бил заслепен од очекувањето дека нема никој да премине преку улицата. Исто така, поротата нема да разбере дека ова слепило предизвикано од очекувањата е совршено нормално и адаптивно човечко однесување, а не недолично однесување и злоупотреба.

поротата

Анимацијата може да биде суптилно заведлива и пристрасна дури и кога се користи само за да ги илустрира несреќните настани. Да претпоставиме дека анимацијата овозможува надземен поглед на судирот на две возила. Поротниците може лесно да ги збунат нивните перцепции на брзината и локацијата на објектите забележани во анимацијата со перцепциите на учесникот за локацијата и брзината за време на несреќата. Поротата може да изведе погрешни заклучоци од анимацијата за видливоста на возилата, перпцепираната брзина, времето за реакција, итн. На пример, анимацијата може да покаже како задниот дел на камионот завршува во мал автомобил застанат на автопатот.

анимација на несреќа

Од анимацијата, може да изгледа како да требало возачот на камионот лесно да го забележи автомобилот и да запре навреме. Всушност, перцепцијата на брзината е многу сиромашна за објектите кои се движат кон или настрана од нас, така што грешката за неуспехот за разликување на застанат од автомобил кој се движи кон нас е повеќе прашање на вродена човечка способност отколку на крајна небрежност. Исто така, луѓето ја користат големината за да ја проценат далечината, поради фактот дека застанатиот автомобил беше мал уште повеќе ја искривува перцепцијата на брзина и далечина. На крај, застанатиот автомобил на средината од автопатот е спротивно на очекувањата на шоферот, со што уште повеќе се одложува реакцијата на возачот. Ништо од ова не би било очигледно од гледањето на анимацијата.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
article thumbnailСАЈБЕРПСИХАВИДЕО ИГРИТЕ И МОЗОЧНИТЕ БРАНОВИ

Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното вним  ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАДАЛИ СТЕ САЈБЕРХОНДРИК?

Во медицинските кругови веќе се прифати терминот "сајберхондрија" – опседнатост на луѓето да ги проверуваат   ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАВЕШТАЧКИ МОЗОК

Со декади научниците сонуваа за градење на компјутерски систем кој би го реплицирал талентот на човечкиот мо  ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАМАЖИТЕ И НИВНАТА ОПСЕСИЈА - ГЕЏЕТИ

Без разлика дали се во прашање комуникациски уреди, плеј стејшн, спортска опрема, автомобили, музички системи  ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАКОМПЈУТЕРСКИТЕ АНИМАЦИИ МОЖЕ ДА НЕ ОСУДАТ

Моќта на сликите е претставена преку поговорката “една слика вреди илјада зборови.” Поради тоа не изненадув  ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХА 7 ФЕЈСБУК ЕФЕКТИВНИ НАВИКИ

Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки...


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАНАСИЛНИТЕ ИГРИ ГИ УНИШТУВААТ ЕМОЦИИТЕ

После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување...


article thumbnailСАЈБЕРПСИХА"ПАРАДОКСИТЕ" НА ИНТЕРНЕТОТ

Дали користењето интернет доведува до зависност, осаменост, депресија.... и сифилис?...


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАКОМПЈУТЕР КОЈ ПРЕПОЗНАВА КАРАКТЕРИ

Според новата студија објавена во PLoS ONЕ, истражувачите развија нова алатка за пресметување која има помага н  ... 


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАВИСТИНАТА ЗА ИНТЕРНЕТ ЗАВИСНОСТА

Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот...


article thumbnailСАЈБЕРПСИХА(НЕ)УСПЕШЕН ФЕЈСБУК

Доколку некогаш сте се запрашале како и зошто настанал Фејсбук, еве ја вистинската причина.


article thumbnailСАЈБЕРПСИХАЛУЃЕ, ЕМОЦИИ И КОМПЈУТЕРИ

Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ ја истражуваат улогата на емоциите на релација човек-компјутер.   ... 


Останати Статии
Psihagon Ltd.

Copyright © 2011 Psihagon Ltd. All rights reserved.