АНКЕТИ
мисли емоции среќа карактер мозокот депресија соништа врска психологија стрес сексот успех влијаат стресот музика љубов стравот однесување против влијае предизвикува вашата живот совети меморија луѓето среќата мозок терапија меморијата жените чекори депресијата зошто интелигенција работа мажите нивните прави менува
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ШТО Е ТЕЛЕПАТИЈА? |
|
|
|
| Сабота, 12 Февруари 2011 19:22 |
|
Телепатијата е често нарекувана шесто сетило. Тоа ни овозможува да ги почувствуваме работите без да имаме контакт лице-во-лице со некого.
Основната дефиниција за телепатија е чувствување на реакциите и мислите на другите без користење на петте сетила. Кога сметате дека зборувате на друга фреквенција, можеби зборувате телепатски. Кај луѓето кои се занимаваат со одгледување на разни животни познато е дека голем број од припадниците на животинското царство постои одредена форма на телепатско однесување. Без оглед на тоа дали се работи за инсекти или за делфини кои користат поочигледна форма на телепатија наречена сонар, факт е дека телепатијата е реална за многу суштества. Некои антрополози се цврсто убедени дека постојат примитивни племиња кои денес можеби сеуште ја користат моќта на телепатијата за да комуницираат меѓусебно. Познати се голем број случаи на телепатија. Сепак, некои сметаа дека истата е вештерство или воопшто не постои. Реалноста е дека секој може да ја научи оваа способност како што ги учи другите аспекти на животот како пишување и зборување, на начин кој е разбирлив. Ако имаме проблеми со овие задачи, не велиме дека тие не постојат бидејќи не можеме да ги научиме, туку само го прилагодуваме нашето учење така што ги заобиколуваме проблемите кои ја причинуваат неспособноста за учење.
Една од способностите за која се сметаше дека ја поседуваме како луѓе во минатото беше телепатијата, но тоа еволуираше надвор од нашата свест. Во тоа време, шестото сетило беше нормално како и останатите сетила. Како што е погоре напоменато, телепатијата некое време се водеше како шесто сетило. Друга слична аналогија за телепатијата е трето око. Тоа е окото кое гледа многу повеќе од физичкиот свет. Многумина ја искусуваат телепатијата без да забележат. Дали некогаш сте биле вознемирени или депресивни без да знаете зошто? Тоа може да е форма на телепатија позната како интуиција. Дали некогаш сте ја промениле константната рутина бидејќи сте имале чудно чувство, за да потоа дознаете дека се случила несреќа на местото каде што требало да патувате, токму во тоа време. Ова може да ве натера да се запрашате дали и вие ќе бевте дел од несреќата доколку ја задржевте стандардната рутина. Тоа е интуицијата која ви зборува, или телепатија дека таму има потенцијална опасност.
Некои можеби се запрашале како престанавме да поседуваме потемелна телепатија за разлика од интуиција. Религијата сноси дел од вината. Повеќето форми на структуираните религиозни верувања не се придржуваат до фактот дека телепатијата постои, наместо тоа се смета дека истата е дел од темните, примитивни општества. Ова му влева страв на обичниот човек кој смета дека она што телепатијата го прави може да биде зло. Религиите имаат толкава моќ над општеството така што многу луѓе беа учени да немаат верба во телепатијата, туку само во ‘Месијата’ или ‘Спасителот’ или ‘Пророкот’, а не во своите природни способности. Но, поради ова се поставува прашањето зошто религиите се толку сомничави за телепатијата уште од почетокот? Одговорот веројатно лежи во желбата за моќ на многу од религозните ‘лидери’ и авторитетите кои не сакаат нивните свети моќи да бидат предизвикани од телепатите. Се разбира, не се сите религиозни лидери исти, но но многумина се и биле низ историјата.
Научниците имаат основна потреба за да можат да ги објаснат сите настани. Поради неостварливата природа на телепатијата, тие не веруваат дека постои иако многу луѓе имале такви искуства во животот. Многу тестирања беа правени врз познатите телепати, но сепак научната заедница ги отфрла овие откритија. Тие сметаат дека постои еден вид на измама, бидејќи некои од тестовите не беа спроведени во контролирани ситуации. Сепак, емоциите и инстинктите се познати и прифатени дека постојат од страна на научниците. Значи тоа што се јавува тука е едноставна предрасуда: научниците можат да чувствуваат емоции па затоа мора да ги прифатат. Инстинктите исто така можат бидат почувствувани од луѓето и потребни се за објаснување на животинското однесување, затоа тие се обврзани да ги прифатат и нив. Сепак, овие работи се исто недостижни и неостварливи како и телепатијата. Може да постои и еден вид на завист кога станува збор за телепатијата. Можеби научниците одлучија да го игнорираат фактот или да ја означат погрешно телепатијата како инстинкт. Тешко е да се одговори како ја изгубивме оригиналната способност за телепатија. Можеби со напредокот на човекот и технологијата сме ја изгубиле нашата потреба да бидеме потелепатични.
Слични Статии: |
Иако постојат одредени стандарди и верувања во психологијата, погледите често може да се разликуваат, особен ... |
Психичките феномени се контроверзни и секоја дискусија за паранормалното предизвикува дебата... |
Хипнозата е променета состојба на свеста при која субјектот е поподложен на сугестии и поприемчив за насочув ... |
Ако знаете да практикувате антихипноза ќе можете да се здобиете со поголема контрола врз вашиот живот и ќе мо ... |
Телекинезата е психичка способност, позната и како “ум-над-материја” вештина. |
Телепатијата се дефинира како комуникација на мисли, чувства или знаење од една на друга личност без да се ко ... |
Стравот од смртта и желбата за бесмртност е природна појава која се случува кај секој смртник. |
Што е трето око или шестото сетило, како што уште го нарекуваат? |
Науката смета дека некои предвивдувачки соништа не треба да се занемаруваат. |
Колкаво е влијанието на интуицијата врз секојдневниот живот? |
Дали е вистинита теоријата според која постои телепатија помеѓу близнаците? |
Човечката свесност е бесконечна како огромниот простор во соларниот систем. |
| Останати Статии | |












