АНКЕТИ
меморијата депресијата менува емоции мозокот карактер работа совети против љубов музика стрес нивните среќа вашата психологија сексот интелигенција мозок живот успех врска луѓето прави влијаат стравот среќата меморија зошто однесување мажите терапија мисли стресот влијае чекори жените предизвикува соништа депресија
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЖЕЛБА ЗА БЕСМРТНОСТ |
|
|
|
| Петок, 22 Април 2011 18:41 |
|
Стравот од смртта и желбата за бесмртност е природна појава која се случува кај секој смртник.
Човечкиот мозок не може едноставно да се соочи со идејата за непостоење. Психолошките истражувања покажуваат дека на луѓето им е тешко да сфатат дека животот на земјата е ограничен. За да се утешат, луѓето бараат излез во религијата, или бараат начин да се прослават за да останат запаметени. Верувањето дека постои живот после смртта е во нашата природа. Тоа не е ментален механизам што може да го користиме за да побегнеме од реалноста на самиот факт дека нема да постоиме кога ќе дојде крајот на нашиот живот. Психолозите се обиделе да го потврдат ова. Во неколку експерименти, Џеси Беринг и неговите колеги најдоа доказ дека верувањето во живот после смртта е интуитивно, тоа се појавува природно. Тие открија дека децата сметаат дека со смртта се прекинуваат биолошките процеси (на пример, не функционираат ушите), меѓутоа, голем дел од децата сметаат дека психолошките функции (на пример, размислувањето и посакувањето) продолжуваат и после смртта. Беринг го откри истиот податок и кај возрасните, и што е поинтересно, тој откри дека кај нив е обратно, тие беа сигурни дека психолошките функции престануваат порано од биолошките. Позната ни е и идејата дека не можеме да си ја замислиме сопствената смрт. Во 20 век, Сигмунд Фројд, откривачот на психоанализата, ја дискутираше темата дека волјата за смрт ја обезбедува бесмртноста. Во еден есеј за Првата светска војна, Фројд напиша дека е вознемирувачки фактот што мажите сакаат да одат во војна, меѓутоа тоа било така затоа што тие биле уверени дека ќе станат бесмртни.
Верувањето во постоењето или непостоењето, или пак вечното постоење е во самиот мозок. Некои луѓе со психијатриски нарушувања веруваат дека воопшто не постојат. Пациенти кои страдаат од сериозна психотична депресија, сметаат дека се мртви или пак дека нивното тело се распаѓа или пак дека во нивното тело нема органи. Оваа појава кога луѓето сметаат дека не постојат се вика нихилистичка заблуда или заблуда на негирање. Слично невропсихијатриско нарушување се јавува кај луѓето кои имаат повреди во париеталниот лоб на нивниот мозок и сметаат дека се мртви или не постојат. Во ретки случаи, можат да помислат дека се бесмртни. Идејата за бесмртност е клучна во многу религии. Всушност, главното прашање за кое религијата бара одговор е што се случува со нас после смртта. Египет беше изворот на првата вистинска монотеистичка религија. Верувањето е дека Озирис повторно ќе се врати од мртвите исто како и поплавата на реката Нил што се случувала секоја година, и дека растенијата ќе почнат да растат од мртва земја па така и луѓето ќе се вратат од смртта и ќе живеат засекогаш. Самото зачувување на телата во сувата почва на Египет беше охрабрувачки знак што доминираше во египетската вера со години, а потоа целата оваа вера станала основа за јудаизмот, христијанството и исламот. Старите Еѓипќани сметале дека душата преживувала и ја избегнувала смртта. Зачувувањето на телото со мумифицирање беше основниот чекор за да се се врати душата во исто тело.
Криониката е модерна техника на мумификација. Тоа е всушност замрзнување на телото на човек кој неодамна умрел со цел да се овозможи неговото воскресение во иднина. Телото, кое е во состојба на суспензија се замрзнува до степен кога молекуларното физичко распаѓање целосно престанува. Кога ќе се пронајде лекот за болеста што предизвикала смрт, лицето може да се врати во живот и да живее. Спомениците и другите украси се само симболи за човечката потрага по постојаност, бесмртност, вечност и убавина. Ваквите предмети играле голема улога во религиозниот и општествениот живот на примитивните заедници. Митовите за камените фигури што се враќале во живот ии живите луѓе кои се присторувале во статуи ги има во изобилство во античката и религиозната митологија.
Нашите гени бараат вечност преку репродукцијата, иако, амебите, бактериите и вирусите живеат многу подолго од луѓето. Пренесувањето на гените и не е баш некоја гаранција за бесмртност. Идентичните близнаци се 100% генетски поврзани. Родителите и децата делат 50% од гените. Бабите и дедовците, внуците, тетките и чичковците, правнуците и полу-браќата и сестрите делат 25% од гените. До седмата генерација, остануваат само 0,78% од гените на претците. Самата слава не може да постигне бесмртност. Името и делото на некој познат човек ќе останат “да живеат” и после неговата смрт. Тоа сепак зависи од тоа како еден човек е запомнат од следните генерации. Со изобилството на идеи, теории и уметнички дела, научни откритија, музички и визуелни продукции, шансата дека една личност ќе остане запаметена за секогаш е многу мала. Понекогаш, самата мисла дека сме дел од универзумот и дека деловите од нашите тела се враќаат во земјата и повторно живеат како жива материја на земјата може да не’ утеши. Може да станеме цвеќе, дрво, река, птица, риба или лав. Ние сме бесмртни затоа што сме направени од бесмртна материја. Лудвиг Витгенштајн еднаш рекол: „Ако сметаме дека вечноста не е само бескраен временски период туку безвременост, тогаш вечниот живот ќе им припаѓа на тие што живеат во сегашноста.“ Вечноста е тука во сегашноста и не е нешто што не’ чека во иднината.
Слични Статии: |
Иако постојат одредени стандарди и верувања во психологијата, погледите често може да се разликуваат, особен ... |
Психичките феномени се контроверзни и секоја дискусија за паранормалното предизвикува дебата... |
Хипнозата е променета состојба на свеста при која субјектот е поподложен на сугестии и поприемчив за насочув ... |
Ако знаете да практикувате антихипноза ќе можете да се здобиете со поголема контрола врз вашиот живот и ќе мо ... |
Телекинезата е психичка способност, позната и како “ум-над-материја” вештина. |
Телепатијата се дефинира како комуникација на мисли, чувства или знаење од една на друга личност без да се ко ... |
Стравот од смртта и желбата за бесмртност е природна појава која се случува кај секој смртник. |
Што е трето око или шестото сетило, како што уште го нарекуваат? |
Науката смета дека некои предвивдувачки соништа не треба да се занемаруваат. |
Колкаво е влијанието на интуицијата врз секојдневниот живот? |
Дали е вистинита теоријата според која постои телепатија помеѓу близнаците? |
Човечката свесност е бесконечна како огромниот простор во соларниот систем. |
| Останати Статии | |












