АНКЕТИ
депресијата зошто меморијата депресија сексот луѓето чекори живот нивните однесување музика мозок работа среќа терапија мисли љубов влијае жените психологија мажите против карактер стресот прави соништа предизвикува стрес совети вашата успех интелигенција стравот среќата врска емоции меморија мозокот менува влијаат
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| КАКО ТРГУВААТ ЛУЃЕТО И ЖИВОТНИТЕ |
|
|
|
| Четврток, 09 Декември 2010 00:11 |
|
И животните, како и луѓето си разменуваат производи меѓусебе, но во нивниот свет не постои добра или лоша бизнис репутација.
Луѓето од дамнешните времиња па се до ден денес разменуваат добра и услуги или тргуваат со цел да добијат нешто што сами не би можеле да го имаат. Тоа е основата на економијата, и потребна е голема верба дека на секоја од страните ќе им се исплати ризикот од тргувањето. Кога ќе се наруши довербата, како што се случи со неодамнешниот економски колапс на пазарот на недвижнини во САД, економијата забавува. Волјата да се ризикува се базира во најмал случај на репутацијата на партнерите во тргувањето и може да биде единствена карактеристика која само луѓето ја поседуваат. Нашите најблиски еволутивни сродници, шимпанзите, не се многу добри во тоа, според ново истражување спроведено од научниците во Центарот за Истражување на Јазикот при Државниот Универзитет во Џорџија.
Сара Броснан од Државниот Универзитет во Џорџија, асистент професор по психологија, и истражувачот Мајкл Беран спроведоа студија со цел да видат дали шимпанзите спонтано ќе почнат да ја разменуваат храна помеѓу себе, користејќи жетони кои ја претставуваа храната. Резултатите укажаа дека животните се способни когнитивно да ја разберат трговијата, но без стимуланс од страна на научниците, таа исчезнува. Познато е дека шимпанзите разменуваат услуги, како на пример, чешкање за храна, но изгледа дека тоа не важи и за трговските артикли. Поголемиот дел од размената на услуги се одвива помеѓу партнери кои долго комуницираат меѓусебе, па според тоа и се навикнати едни на други. На тој начин шимпанзите веќе однапред знаат дали ризикот ќе им се исплати, и во поголемиот дел од времето се тргува со релативно ефтина стока.
"Доколку јас ве почешкам пет минути, а вие не ми возвратите на ист начин, не сум изгубил многу," вели Броснан. "Но можеби не би сакал да тргувам со храна која претставува 10 до 20 проценти од калориите кои ги внесувам секој ден ако постои ризик дека нема да ми биде возвратено. Доколку вие не го исполните вашиот дел од договорот, тогаш сум изгубил многу." Едно нешто кое што може да ги раздели луѓето од шимпанзите се нашите поттикнувачки механизми кои претставуваат трета страна во трговијата, вели Броснан. Додека шимпанзите се потпираат на меѓусебни интеракции, луѓето имаат механизми со кои ја поттикнуваат вербата во трговијата, на пример законски или социјални казни кои ги чекаат оние кои нема да ги исполнат договорените обврски. На наједноставно ниво, суштински аспект на довербата во трговијата е репутацијата – засилена преку јазикот, или озборувањата, а тоа е нешто што им недостига на шимпанзите.
"Можам да кажам некому: "И дадов на оваа личност банана, и требаше за возврат да ми даде јагоди, но не добив ништо." Тоа е моќен засилувач на репутацијата," изјави Броснан. Резултатите од ова истражување им помагаат на научниците да ги разберат корените на економското однесување кај човекот, објасни Беран. "Треба да продолжиме со овој вид на тестови врз животни за да можеме да го ставиме човековото однесување во контекст со однесувањето на животните, и да ги разбереме еволутивните корени на човековото економско одлучување," изјави тој.
Слични Статии: |












