АНКЕТИ
врска нивните однесување чекори мозокот музика меморија стресот совети против депресијата луѓето мисли влијаат влијае љубов емоции стрес успех меморијата жените вашата предизвикува мозок работа депресија карактер среќа психологија терапија прави зошто сексот мажите менува среќата стравот интелигенција соништа живот
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ДЕЛОВНИ ПОДАРОЦИ |
|
|
|
| Понеделник, 27 Декември 2010 23:31 |
|
Не потценувајте го дарувањето во бизнис сферата. Тоа е исто така важно како и подароците за вашите најмили.
Подарувањето е еден вид на маркетиншка комуникација и како такво е неизбежно во приватниот и професионалниот живот. Пригодите за дарување денес се општоприфатени и познати – родендени, свадби, нова година, дипломирање, годишнини и слично. Сепак, подарувањето секогаш треба да биде прилагодено во зависност од ситуацијата. Но, што е со подароците во деловната сфера? Тие прилики воопшто не се за потценување. Значење на подарувањето Кога нешто дарувате, се заблагодарувате за соработката и вложувате во долгорочни односи. Подароците секогаш симболизираат поврзаност. Меѓутоа, не е секогаш едноставно да се најде соодветен подарок за луѓе кои можеби не ги познаваме доволно, како на пример деловните соработници. Подарокот мора да биде соодветен, а скапоцените подароци мораат да пренесуваат јасна порака. Исто така, неетички е со одреден подарок да барате одредена противуслуга. При подарувањето треба да водите сметка и за корпоративната култура на компанијата и обичаите во земјата. Секоја земја има свои специфичности, па успешниот менаџер мора да ги познава истите, со цел да избегне евентуални недоразбирања, па дури и конфликти.
Подарување во светот Во Белгија личните подароци и скапи предмети не се добар избор, бидејќи ги третираат како обид за подмитување. Во Франција се разменуваат скромни, но убаво спакувани подароци, но дури по вториот деловен состанок. Никогаш не им праќајте подарок на домашна адреса! Исто така, нема воопшто да ги воодушевите ако им испратите подарок со логотипот на вашата компанија. Во Германија подароците се разменуваат дури откако ќе се склучи успешна зделка. Книги, бурбон, виски, це-де со класична музика, и останати артикли кои се произведени во САД ќе бидат добредојдени. Нема да бидат среќни ако им подарите предмети за кои веруваат дека носат несреќа – чадори, ножици или ножеви. Горди се на своите германски вина, па не е препорачливо да ги дарувате со никакво друго вино.
Ирските менаџери се скромни по ова прашање: по заклучувањето на некоја зделка очекуваат само мал, симболичен подарок. За разлика од нив, Италијаните се прилично дарежливи, па за нив морате да имате скапи подароци. Истите се отвораат веднаш на состанокот. На првиот деловен состанок дарувањето не е задолжително, но пожелно е да имате некоја скапа ситница кај вас, доколку италијанскиот партнер реши да ве изненади и ви подари нешто. Холанѓаните не очекуваат подароци од сите бизнис партнери, туку само од оние со кои се во пријателски релации. Русите ќе прифатат мали, интересни подароци кои не може да се најдат во ниванат земја. Швајцарците не се избирливи – ќе примет подарок на кој се наоѓа логотипот од вашата компанија. Но, водат сметка за етикецијата, па ако ви подарат нешто, од вас се очекува да им возвратите.
Во Велика Британија дарувањето помеѓу бизнис партнерите не е често, но постои обичај според кој подарокот се отвора на самиот состанок. Швеѓаните не разменуваат подароци, но ако со нив долго се познавате, можете за Нова година или за католичкиот Божиќ да им подарите по некоја ситница. Во Грција често се разменуваат подароци, особено скапи вина, предмети за домаќинство, рачни ракотворби или предмети со логотип на фирмата. Нема да бидат среќни ако им дадете ефтино вино или остри предмети. Во Шпанија никогаш не подарувајте нешто на првиот деловен состанок, таква традиција таму не постои. Дури откако ќе заклучите зделка со нив, дарувајте им канцелариски прибор, книги или уметнички дела. Турците ќе прифатат подарок од соработниците и деловните партнери ако не се работи за нешто премногу лично и прескапо.
Слични Статии: |












