АНКЕТИ
соништа стравот против мозокот интелигенција предизвикува терапија влијаат психологија среќата влијае жените живот совети музика љубов чекори нивните депресијата сексот стрес однесување депресија прави успех зошто луѓето емоции стресот мозок карактер врска среќа вашата работа меморија мажите менува мисли меморијата
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ИЗБОРЕТЕ СЕ СО АНКСИОЗНОСТА |
|
|
|
| Вторник, 01 Февруари 2011 23:37 |
|
Се чувствувате анксиозно на вашето работно место и сметате дека тоа влијае врз вашите резултати. Што е всушност анксиозност?
Анксиозноста е одбранбен механизам на телото во акција. Иако повеќе не се справуваме со многу физички опасности како што било случај со нашите претци, сепак нашето тело и нашиот мозок реагираат на перцепираната опасност - како на пример правењето на презентација во соба полна со колеги - на истиот начин како што нашите претци реагираа кога ќе здогледаа предатор: со одговор “борба или бегство”, вели Кристофер Вилард, психолог на Туфтс Универзитетот, специјализиран за за лечење на анксиозноста. Тоа чувство може да се опише како паника - се забрзува работата на срцето, дланките се потат и се чувствуваме подготвени да се соочиме со опасноста или да бегаме од неа колку што можеме побрзо. Повеќето луѓе ја искусуваат анксиозноста во текот на животот, но кога го попречува секојдневното функционирање, сликата за себе или способноста за концентрација или работната ефикасност, тоа станува пореметување, вели Линда Б. Велш, клинички психолог и директор на Центарот за третман на анксиозност и агорафобија во Бала Сајнвид, Пенсилванија. “Можеби сте биолошки предодредени за анксиозност, но причина може да биде и начинот на кој сте воспитувани,” вели г-ѓа Велш. “Доколку вашите родители реагираат на светот исплашено , тоа ќе ве натера да поверувате дека светот е непредвидливо и несигурно место. Анксиозноста може да биде предизвикана од рана траума, нешто што тргнало погрешно во вашиот живот кога сте биле млади.”
Како да се справите со анксиозни ситуации? Еден од најадекватните третмани за анксиозноста е спротивставувањето, бидејќи соочувањето со таквите ситуации на крајот ќе го намали стравот и нелагодноста. Бидејќи голем дел од анксиозноста е фокусирана на иднината, обидете се доловите кога имате негативни мисли и размислувајте за нив рационално, вели Лорен Роуз, психотерапевт и основач на Центарот за ум и тело - Роуз, во Рај, Њу Јорк. “Да речеме дека ви следува проценка на работните перформанси и вие станувате многу анксиоизни поради тоа,” вели таа. “Размислете што е најлошото што ви се случило во минатата година. Дали беше нешто за што вредело да бидете загрижени? Вашиот шеф ве сака, вашата продажба е добра. Навратете се на овие факти и докажете си дека нема рационална основа за вашиот страв.” Подготовката исто така помага. На пример, ако спремате презентација испробајте ја пред пријател или пред огледало. Г-дин Вилард сугерира дека пишувањето на белешки како “овде земи длабок здив” или “паузирај и осети ги нозете на подлогата под тебе.” Овие белешки делуваат како кочница, вели тој, враќајќи ги вашите мисли назад во реалноста и оттргнувајќи ве од негативните размислувања. Новите или невообичаени ситуации предизвикуваат најголем дел од анксиозноста. Кога учите нешто ново, обидете се да откриете зошто сте анксиозни за тоа, вели г-ѓа Роуз. Дали ви недостигаат одредени способности и потребна ви е одредена обука? “Можеби вие немате проблем со учењето; станувате анксиозни само затоа што се работи за нешто ново,” вели таа. Доколку анксиозноста влијае врз други аспекти од вашиот живот - како спиењето или апетитот - би требало да побарате помош од професионалци за ментално здравје, советува г-ѓа Велш.
И покрај вашите најдобри обиди за подготовка, сепак имате напад на анксиозност. Што да правите? Почнете да дишете длабоко низ носот. Вдишете и притиснете го воздухот во стомакот и во градите, потоа бавно издишете, вели Сузан Оренстејн, психолог кој се занимава со лечење на анксиозноста и е основач на Оренстејн Решенија, психотерапевтска ординација во Кари, Северна Каролина. Откако ќе го стабилизирате дишењето, зборувајте со себе. “Кажете си го тоа што би му го кажале на пријател во невоља или дете - смирувачки работи како ‘чекор по чекор,’” советува таа. “Исто така, корисно е да се потсетите дека само затоа што се чувствувате дека сте во опасност не значи дека сте навистина во опасност. Ако можите, работете со обучувач или терапевт при креирањето на смирувачки изјави кои одговараат за вашата личност.”
Дали е возможно да ја канализирате таа анксиозна енергија кон подобри перформанси? Г-ѓа Роуз предлага размислување за таа енергија како тркачки коњ кој галопира во дивината. “Замислете колку моќно би можело да биде тоа,” вели таа. “Визуелизирајте, користејќи го тоа за да бидете пострастни кога зборувате или продавате, или поентузајистични кога се обидувате со нешто ново.” Обидете се да не ја претставите вашата анскиозност на негативен начин пред вашите колеги, вели г-дин Вилард. Наместо да изјавите, “Мразам да зборувам јавно” или “Не знам да работам со компјутер,” изјавете: “Што вие правите за да ги контролирате нервите кога зборувате во јавност?”
Вашата анксиозност изгледа како да е ограничена за работното место. Дали е можно вашата работа да биде толку стресна што единствениот начин да го спречите проблемот е да ја напуштите? Доколку одредено време бевте анксиозни на работа, а не и во останатите сегменти од животот, тоа може да значи дека таа работа не е вистинската за вас, вели г-дин Вилард. “Не ја напуштајте додека прво не зборувате со претставникот од човекови ресурси или претпоставен за начинот на кој можите да ги прилагодите вашите потреби,” вели тој. Или пак може да одлучите дека можете да живеете со мала анксиозност. На крај, “тоа ќе ја прошири вашата зона на удобност,” вели г-ша Оренстејн, “и како возрасни, доколку сакаме да растеме треба да бидеме спремни да преземеме нови предизвици.”
Слични Статии: |













