АНКЕТИ
работа соништа успех љубов врска среќата влијае мажите сексот менува стравот мозокот депресија влијаат мисли интелигенција прави терапија зошто вашата стресот меморија мозок нивните луѓето живот однесување чекори депресијата против меморијата психологија музика стрес среќа совети карактер емоции жените предизвикува
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПЛАТА И СТРЕС |
|
|
|
| Сабота, 12 Март 2011 01:00 |
|
Колку поголема плата имате, толку е поголем стресот на вашето работно место.
Се чувствувате ли притиснати се време? Има ли тоа врска со вашата заработка? Или пак тоа е само поради тоа што немате помош од други? Сте почувствувале ли поголем стрес за недостигот на време откако сте добиле покачување? Луѓето што се жалат дека немаат време за ништо, најчесто вината ја префрлуваат врз преголемиот број на задачи што ги имаат и на работа како и дома. Истражувачите пак, сметаат дека виновникот за ова е покачувањето на платата. Лицата кои заработуваат повеќе пари се чувствуваат притиснати со време, - се вели во статијата “Time is Tight”. Авторите на статијата велат дека ова откритие се базира врз економски принцип. Колку повеќе го цениме времето, толку помалку го имаме.
Истражувачите со децении се обидуваат да откријат зошто Американците толку брзаат – работата им зазема се’поголем дел од слободното време, се’ повеќе користат напредна рехнологија и работат на неколку задачи истовремено. Меѓутоа, кога станува збор за времето, истражувањата од минатото покажале дека стресот што го предизвикува недостатокот на време за да се заврши задачата порано бил барем многу малку присутен во нашите глави. Новото истражување покажува дека и најмалото покачување на платата може да влијае врз целиот поглед на недостатокот на време. „Можеби покачувањето на приходите во последните декади во многу држави – еден феномен што го прави времето многу поскапоцено, може да ни помогне да го објаснеме така наречениот “модерен временски јазол”.“ – се вели во студијата на Санфорф Дево, асистент професор за организациско однесување на Универзитетот во Торонто, и Џефри Фефер, професор по организациско однесување на Универзитетот Стенфорд. Се претпоставува дека пониската плата не влијае врз стресот со недостаток на време кај луѓето: ако не се доволно платени, полесно им е да си работат по свое без да се нервираат.
Статијата вклучува пет различни студии. Првата открива дека, од 6 846 луѓе во Австралија, со текот на годините се зголемувал стресот кај луѓето на кои им се покачувала платата. Втората студија вклучи 67 средношколци на кои им даде замислена задача и им одреди плата од 15 центи по минута на една група, а на друга 15 долари по минута. Иако двете групи ја работеа истата задача за исто време, се покажа дека тие што имаа повисока плата биле под поголем стрес. Во други две студии, учениците требаше да ги пријават парите кои ги имаат, а потоа, една група од нив беа убедувани дека се релативно побогати од другите, а другата група дека се релативно посиромашни. Тие кои мислеа дека се побогати покажаа дека чувствуваат поголем стрес кога времето е во прашање. Тие исто така покажаа помалку трпение и беа побрзи при извршувањето на нивните задачи во споредба со тие кои мислеа дека се посиромашни.
Во последната студија, на 427 луѓе им беше дадена задача да обрнат внимание на вредноста на времето откако ќе ја пресметаат нивната заработка што ја добиваат за еден час. Тие само ја потврдија врската меѓу приходот и стресот што се јавува при недостаток на време за завршување на задачата.
Слични Статии: |












