АНКЕТИ
терапија против влијаат врска емоции интелигенција стравот меморијата карактер сексот нивните влијае психологија мажите депресијата жените мисли вашата стрес работа депресија мозокот мозок успех среќата среќа живот чекори прави менува зошто стресот соништа луѓето совети музика љубов меморија предизвикува однесување
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПОДОБРО НИШТО ОТКОЛКУ НЕШТО |
|
|
|
| Понеделник, 21 Март 2011 01:00 |
|
Слабо платена работа која бара многу напор од вас е лоша за вашето ментално здравје, покажува едно ново истражување.
Всушност, самото вработување не секогаш ја подобрува менталната состојба. Кај испитаниците кои на почетокот биле невработени а потоа нашле слабо платена работа менталното здравје се влошило, велат истражувачите од Австралискиот национален универзитет во КанДабера. Податоците укажуваат дека политиката на владата не треба да се фокусира само на намалување на невработеноста и факторите како што се условите за работа, придобивките, работните часови и флексибилноста исто така мора да се земат во предвид, вели Џозеф Гживач од Универзитетот во Њујорк, кој не беше дел од истражувањето. „Луѓето кои од страна гледаат на вработувањето и невработувањето сметаат дека секоја работа е иста,“ – вели Гживач. „Ова истражување само го докажува спротивното.“
Вработувањето и менталното здравје Истражувачите анализирале резултати од повеќе од 7 000 луѓе кои живееле во Австралија. Квалитетот на работата се оценувал според следните 4 фактори: - стрес и ниво на побарувачка; - нивото на контрола кое вработените ја имаат врз нивната работа; - нивото на сигурност на работата (и нејзиниот потенцијал во иднина)ч - висина на плата Испитаниците, исто така, пополнуваа прашалник што го оценуваше менталното здравје, нивот на депресија и нервоза како и позитивните чувства, нивото на среќа и смиреност.
Во целина, вработените луѓе имаа постабилно ментално здравје отколку невработените. Но кога се вклучија и факторите што можат да влијаат врз податоците – како на пример, возраста, полот, брачниот статус и степенот на образование – менталното здравје на невработените беше на исто ако не и на повисоко ниво отколку тоа на вработените луѓе кои извршувале лошо квалификувана работа. Оние со лошо квалификувани работи покажале голем пад на степенот на ментално здравје во споредба со тие што не биле вработени.
Луѓето кои се вработиле на квалитетни работни места имаа многу постабилно ментално здравје кое и понатаму се подобрувало и се искачило 3 степени погоре. Од друга страна, оние кои биле на лошо работно место покажале пад на менталното здравје за 5,6 степени. Нивото на овие луѓе било пониско од оние кои воопшто не биле вработени. Податоците покажуваат дека „Стратегиите за вработување што се трудат да го подобрат животот на оние кои сакаат да се вработат треба исто така да го осмислат работното место и политиката на работното место.“ – пишуваат истражувачите.
Што може да се направи? Еден начин да се подобри квалитетот на работата е да се постави заштита на работата и да се подобри сигурноста на истата, вели Гживач. На пример, немањето на договор за работа го прави работното место несигурно затоа што „луѓето не знаат што може да се случи наредниот ден,“ – вели тој. Вработувачите можат да го решат овој проблем со независни договори за секој индивидуалец – „Ако се залагаш за фирмата, ќе имаш иднина во истата.“ Организанизациите исто така, можат да се обидат да го намалат бројот на “присилни избори” кои мораат да ги направат вработените, како на пример, да бираат дали да ја извршат задачата на работа или да се грижат за нивните болни деца, вели Гживач. Работодавачите можат да направат една пофлексибилна политика кога има вакви случаи за да не мора вработените да се притиснати да бираат помеѓу работата и семејството, вели тој.
И на крај, предлогот да се крати полното работно време на пола можеби и не е најдобар избор, затоа што придобивките од ваквата работа со скратено работно време можеби нема да се доволни за едно семејство да преживее, вели Гживач. Заклучок: Слабо платена работа која нуди лоши услови и го зголемува стресот може исто толку лошо да влијае колку и воопшто да се нема никаква работа.
Слични Статии: |














