АНКЕТИ
меморија мажите мозокот луѓето соништа вашата нивните менува успех зошто влијаат среќа среќата психологија однесување мозок депресија предизвикува музика емоции меморијата љубов мисли стрес против живот работа интелигенција депресијата стравот прави совети чекори терапија стресот врска жените сексот влијае карактер
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| 5 СОВЕТИ ДА СТАНЕТЕ ПОЕФИКАСНИ НА РАБОТА |
|
|
|
| Вторник, 23 Август 2011 17:14 |
|
Користењето психологија на работното место може да ве доведе до унапредување, формирање на пријателски врски со колегите и успешна кариера. Ваквите навики им помагаат на многу луѓе да станат успешни во својата работа.
За да ја користите психологијата на работното место, вработените луѓе треба да ги познаваат сопствените карактери, да гледаат реално на нивната работа и животен стил и да знаат кога е вистинскиот момент повторно да ги формираат нивните цели во кариерата. Еве 5 начини како да ја смените мислата од "си ја мразам работата" до "едвај чекам да дојде понеделник".
1. Имајте волја да го покажете вашиот карактер на работа Успехот на работа не е поврзан со одредени карактерни особини (иако силна работна етика може да донесе гарантиран успех). Психологијата на работата е всушност свесноста за одредени карактерни особини и преференци и нивната употреба за формирање подобри врски со колегите и остварување на целите во работата. На пример, луѓето кои се интровертни повеќе сакаат да работат сами, додека пак екстровертните луѓе обожаваат да работат во тим. Ранобудниците најдобро функционираат наутро, додека пак "ноќните птици" се најпродуктивни навечер. Ефикасните работници функционираат со нивните вродени карактерни особини а не против нив. Тие не се обидуваат да го променат карактерот за подобро да се вклопат во работата.
2. Бидете реални кога ги формирате вашите професионални цели Ефикасните работници ги поставуваат професионалните цели кои не се во спротивност со нивните лични животи. На пример, ако треба да се грижат за нивните деца или пак постари родители, тие се свесни дека не можат целосно да им се посветат само на работата. Работниците кои патуваат, студираат или имаат проблеми со здравјето мораат да ги намалат нивните обврски исто така. Работниците мора да се реални кога си ги поставуваат целите за да можат да успеат, а тоа вклучува анализирање на сопствениот живот и природни способности во прашање.
3. Бидете спокојни кога преземате ризици на работа Ефективните работници преземаат ризици и се наградуваат себеси без разлика од исходот. На пример, ризик во кариерата може да е самото давање на сопственото мислење на состанок или пак аплицирање за ново работно место додека работите. Ризиците во кариерата вклучуваат се' и сешто затоа што секој различно го разбира ризикот. Еден од најголемите ризици во кариерата е искреноста кон самите себеси, да бидете доволно искрени да си признаете точно кои се вашите вештини и способности, а тоа ќе ви помогне подобро да ги формулирате вашите цели во кариерата.
4. Обрнете внимание што функционира на работа Ефективните работници не ги прават истите задачи постојано туку точно знаат кои задачи им одат добро и се трудат најдобро да ги извршат. Тие обрнуваат внимание и на останатите колеги кои им помагаат да успеат и бараат начини за најдобро да се справат со колегите кои им ја отежнуваат работата. За правилно да ја користите психологијата на работното место треба да научите како останатите вработени ги остваруваат сопствените цели. Еден добар начин да ја подобрите вашата работа и да бидете успешни може да е да најдете некој ваш колега кој е навистина успешен и ќе ви служи како пример.
5. Променете го тоа што не функционира Понекогаш работите не одат по план или пак целосно пропаѓаат – тоа може да им се случи и на највредните работници. Понекогаш и ним им е потребна помош при извршувањето на задачите, мала пофалба за да продолжат добро да работат или пак дури и ослободување од другите работни задачи за да можат целосно да се концентрираат. Психологијата на работното место не покажува дека работите секогаш треба да бидат совршени, туку треба да се одреди што не функцинира за да можат работите да се подобрат. Највредните работници се позитивни, флексибилни и оптимистички размислуваат за сопствената иднина. Тие знаат дека најдобриот начин да се подобрат во работата е да се приспособат на задачите и да размислуваат за промените во нивната кариера.
Слични Статии: |













