АНКЕТИ
зошто предизвикува соништа сексот среќата мозок нивните депресијата среќа терапија успех врска карактер стресот прави љубов стрес менува депресија емоции вашата психологија работа музика меморијата луѓето мозокот чекори меморија влијаат мажите интелигенција живот совети мисли жените стравот влијае однесување против
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| СОЦИЈАЛНО БЕЗДЕЛНИЧЕЊЕ |
|
|
|
| Недела, 09 Октомври 2011 13:58 |
|
Постојат неколку стратегии кои помагаат при отстранувањето на социјалното безделничење и намалувањето на бројот на безделничари...
Една организација се дефинира според функциите што ги изведува. Исто така, организацијата има сопствен идентитет кој што е вкоренет во идентитетот кој што го одржуваат вработените. Ако моментално работите за некоја организација и имате постојано работно место гартантирано со договор, можеби ќе можете да забележите дека некои од вашите колеги не ја земаат нивната задача многу сериозно. Од друга страна, има луѓе кои не прават ништо друго освен што работат. Разликата помеѓу овие два вида на луѓе е зачудувачка. Токму во овој момент, оние што напорно работат за да заштедат некој денар стануваат свесни дека се на исто ниво со оние кои не штедат, и притоа имаат исти придобивки. Ове можеби е елементарен метод за дефинирање на концептот на социјално безделничење. Социјалното безделничење се случува на неколку нивоа во организацијата – од рангот на работници до менаџери и директори.
Што е социјално безделничење? Социјалното безделничење е феномен кој најчесто се појавува во профитни или непрофитни организации кадешто поединците кои немаат позитивен став кон работата и не даваат се' од себе при извршувањето на задачите кои им ги поставуваат нивните претпоставени и сето тоа кулминира во една негативна нееднаквост меѓу целта и постигнатиот резултат. Овие луѓе воопшто не се интересираат како функционира една група и како напредува истата. Социјалното безделничење се случува баш кога треба да се работи во група и поединците треба да се меѓусебно синхронизирани, затоа што секој од нив треба да даде придонес при успешното извршување на задачата.
Психологијата дава едноставен пример за полесно да се сфати концептот на социјалното безделничење. Истражувачи направиле експеримент врз пар на студенти. Од нив било побарано да ракоплескаат колку што можат посилно. Следниот чекор беше да побараат уште еден студент кој исто така ќе ракоплеска најсилно што може. Притоа, додавале се' повеќе стуенти додека групата добила доволен број студенти. Со зголемувањето на бројот на студенти, се намалувал напорот кај другите. Може да се рече дека одговорноста што тие ја чувствувале почнала да се намалува во секоја наредна фаза.
Како да се отстране социјалното безделничење? Постојат неколку стратегии кои помагаат при отстранувањето на социјалното безделничење и намалувањето на бројот на безделничари. Еве неколку совети: 1. Стратегија број 1 – безделничете само кога навистина можете Можете да безделничите за време на паузите, за време на ручек или кога е време за некои забавни активности организирани од страна на фримата. Инаку, секој треба да си ја извршува сопствената задача и колку што може да придонесе за успехот на фирмата.
2. Стратегија број 2 – разберете ги вашите колеги Социјалното безделничење влијае на луѓето на начин што им го одзема вниманието и не им дозволува да се фокусираат на задачата што им е зададаена. Кога ќе видат дека некои не работат правилнo, сметаат дека лицата кои имаат авторитет треба да им укажат дека се свесни за проблемот во работата. Подобро е да ја менувате културата на фирмата отколку некого да присилувате да си ја врши задачата.
3. Стратегија број 3 – Набљудувањето помага Набљудувањето игра голема улога. Можеби сметате дека набљудување е потребно кога се работи за студенти затоа што тие можат да покажат некакво деструктивно однесување, меѓутоа, можеби ќе се изненадите кога ќе видите како добро работат вработените кога се под надзор. Случајна прошетка низ канцелариите прави огромна разлика и помага при намалување на бројот на безделничарите. Ова е суптилен начин да се осигурате дека луѓето си ја вршат работата. 4. Стратегија број 4 – организирајте тимски игри Можеби треба да организирате еден ден кога целото внимание ќе е посветено на тимска игра, забава и оттргнување од секојдневните задачи. Назначете неколку денови како "денови за забава" и дозволете им на вашите вработени да се забавуваат и да ги подобрат тимските вештини. Можете да организирате натпревари, да им давате награди и да им дозволите да се зближат со колегите. Со други зборови, ако веќе им дозволувате на вработените да безделничат, нека биде тоа во одедени денови и сепак да е продуктивно. 5. Стратегија број 5 – комуницирајте со вработените Ефикасната комуникација е клучна. Имајте на ум дека треба да им дозволите на вашите вработени да разговараат со вас за проблемите поврзани со работата. Бидете отворени и достапни за нив. Додека се шетате низ канцелариите, комуницирајте со вработените, прашајте ги како се чувствуваат и што би сакале да се промени на нивното работно место. Ако нивните мислења вредат, применете ги во пракса. Но, ако нивните планови не можат да бидат имплементирани, објаснете им дека е потребна работа на случајот.
6. Стратегија број 6 – поставувајте прашања Прашувајте ги вашите вработени за теми поврзани со работното место и извршувањето на работните задачи. Со тоа што ќе прашувате во моментот кога некои луѓе ништо не работат, ќе им дадете до знаење на таквите дека сте ги забележале. Тогаш, ваквите безелничари ќе сфатат дека сами си ја ставаат работата и кариерата на ризик само затоа што не им се работи.
7. Стратегија број 7 – мотивирајте ги вашите вработени Ако забележете дека мотивацијата кај вашите вработени опаѓа, можеби треба да закажете состанок каде ќе разговарате за проблемите и да им дадете до знаење дека нивнот напор не останал незабележан и за брзо време ќе добијат награда. Со тоа ќе го намалите социјалното безделничење и ќе направите да се чувствуваат добро на работното место. Ако и после применувањето на овие совети, вработените продолжат со нивното социјално безделничење, тогаш соочете се со вработениот и побарајте да го смени сопственото однесување. Дајте им до знаење дека нивното социјално безделничење мора да престане и нема да биде толерирано. Во меѓувреме, одржувајте добар однос со вистинските работници.
Слични Статии: |















