АНКЕТИ
депресија влијаат меморијата стрес работа љубов соништа луѓето интелигенција прави мажите мисли емоции стравот меморија однесување среќата среќа чекори предизвикува врска музика нивните живот сексот карактер терапија психологија жените влијае депресијата успех вашата стресот против совети мозокот зошто менува мозок
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПОДОБРЕТЕ ЈА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА |
|
|
|
| Недела, 30 Октомври 2011 17:06 |
|
Колку пати сте седеле на бирото обидувајќи се да се фокусирате на задачата додека мислите ви се расеани?...
Покрај вашите најдобри намери, едноставно не можете да се концентрирате. Сите сме биле запознаени со ваква фрустрирачка ситуација која навистина може да го поткопа вашиот перформанс. Во оваа статија ќе ги разгледаме стратегиите за подобрување на концентрацијата и за намалување на секојдневното одвлекување на внимание.
Средина Вашата лична работна средина игра голема улога во вашата способност за концентрација. Колку поудобна и погостопримлива е вашата средина, толку ќе ви биде полесно да останете таму и да се фокусирате. Еве неколку совети за подобрување на физичката средина: • Осигурајте си удобност - Почнете така што ќе бидете сигурни дека вашата столица и биро се на правилна висина која ви обезбедува комфорно работење. Доколку вашата столица е висока, а бирото ниско, ќе ви биде неудобно и ќе бидете во искушение да го искористите тоа како изговор да станете и да си заминете.
• Ставете слики - Природниот пејсаж или слики од дивиот свет може да ви помогнат да ја подобрите концентрацијата. Доколку сте во можност да ставите слики во вашата канцеларија или работна средина, тогаш одберете пејсажи или природни слики во кои уживате. Ова може да го подобри фокусот, особено доколку можете да ги гледате овие слики од вашето биро. • Избегнете ги одвлекувачите на внимание колку што може повеќе - Слушањето на музика може да помогне, особено ако е инструментална музика. Некои луѓе користат дури и звучни машини во своите канцеларии - тие создаваат стабилен 'бел звук', како бранови од океан или врнежи од дожд. Овој стабилен звук во позадина може да ги 'стопи' другите звуци, овозможувајќи вашиот фокус да се подобри и да се игнорираат дистракциите.
Исхрана Применувајте одредени правила на исхрана: • Пијте вода - Многумина не помислуваат на пиење вода додека работат, иако дехидратацијата може да не направи да се чувствуваме уморни, иритирани, бавни па дури и болни. Кога нашиот мозок нема доволно течност, не може да оперира на врвно ниво. Одржувајќи ја хидратацијата најлесно може да се подобри концентрацијата за време на денот.
• Доручкувајте - Започнете го денот со здрав доручек. Многу потешко е да се концентрирате кога сте гладни, затоа пред да одите на работа конзумирајте добро комбиниран оброк. Исто така, корисно за одржување на концентрацијата е секогаш при рака да имате здрава закуска на вашето биро. Бадеми, житарки од цело зрно, свежо овошје и зеленчукот се добар избор. • Станете и раздвижете се - Дали се раздвижувате во текот на денот? Доколку сте како повеќето луѓе, веројатно не се движите доволно. Истражувањата покажаа дека редовното движење може да ви помогне да го зголемите фокусот во текот на денот.
Начин на размислување Постојаното одвлекување на вниманието и ниската продуктивност која е поврзана со него станаат толку честа појава во канцелариите денес што докторите дури му дадоа и име: Карактеристика на недостаток на внимание или АДТ. Велат дека и целата организација може да страда од ова нарушување. Следуваат неколку насоки за подобрување на фокусот на вашиот ум: • Одредете време за средување на грижите - Многумина од нас имаат проблеми со концентрацијата во текот на денот бидејќи сме постојано загрижени за други работи. Може да биде приближување на краен рок за некој проект кој не сте го започнале, нов колега кој предизвикува проблеми или само насобраната работа на вашето биро. Доколку се затекнете расеан поради грижите, тогаш запишете ги тие за да не морате да ги задржувате во вашиот ум. Потоа одредете време кога ќе се справите со тие проблеми.
• Фокусирајте се само на една задача - Многу потешко е да се фокусирате кога правите паузи (15-30 секунди) за да одговорите на и-мејл, да испратите СМС порака или да направите брз телефонски повик. Некои истражувачи веруваат дела може да бидат потребни 15 минути за повторно да се стекне целосен фокус после одвлекувањето на вниманието. • Затворете го сандачето со пораки и програмите за чат - Оставете го говорното сандаче да си ја врши својата работа. Доколку вашата канцеларија го дозволува тоа, затворете ја вратата и поставете "Не вознемирувајте" знак за да им дадете до знаење на вашите колеги дека ви е потребно да се фокусирате. (Доколку сте менаџер или саката да работите со отворена врата, тогаш размислете да работите од дома или од друго место).
• Менувајте меѓу задачи кои бараат многу внимание и кои не бараат многу внимание - Ова може да му дозволи на мозокот да се одмори после тешка концентрација. На пример, доколку поминете два часа работејќи на буџетот на вашиот оддел, вие веројатно ќе се чувствувате уморни после тоа. Можете да наполните енергија работејќи на задача за која е потребно мало внимание, како средување на досиеа, 15 минути пред да се вратите на буџетот. • Давајте приоритет - Многуте обврски може да делуваат одвлекувачки врз вниманието, а тоа некогаш предизвикува одолговлекување. Или, можете брз да прескокнувате од една на друга задача, создавајќи илузија дека работите - но во реалноста не постигнувате многу. Доколку не сте сигурни со кои задачи да започните или кои се најважни, искористете 10 или 15 минути за да креирате листа на приоритет на работните задачи. Лимитирањето на дистракциите дозволува да се внесете во текот на работата - на тој начин сработувате повеќе.
Слични Статии: |














