RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЕФЕКТОТ ЛУЦИФЕР
Вторник, 09 Ноември 2010
Слика
6 МАШКИ ЗАБЛУДИ ЗА СЕКСОТ
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
ЖЕНИТЕ И МЕДИУМИТЕ
Четврток, 28 Април 2011
Слика
ВЕДСКА КУЛТУРА
Среда, 03 Август 2011
Слика
КАКО ТИ БЕШЕ ИМЕТО!?
Среда, 05 Септември 2012
Слика
КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ВАШАТА МАЈКА
Понеделник, 10 Октомври 2011

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд


Сваштарник


УБАВИ ЖЕНИ, ГОЛЕМИ БАРАЊА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5206 пати
Среда, 01 Декември 2010 23:10

Дали вашата привлечност влијае врз тоа кои квалитети ги барате кај партнерот? Според студијата на Дејвид Бас и Тод Шакелфорд, се чини дека одговорот е потврден.

убава жена

Истражувачите испитуваа 214 луѓе кои беа во брак (половината беа мажи, а другата половина жени) со цел да одредат како сопствената атрактивност влијае врз изборот на партнер.

убава двојка

Учесниците во оваа студија најпрвин оценуваа кои карактеристики е пожелно да ги поседува посакуваниот партнер. Во овие карактеристики спаѓаа низа позитивни квалитети како добри гени (на пример, добар изглед и добра кондиција), инвестиции (способност за заработување, ниво на образование), родителска умешност (желба за дом и семејство, способноста за одгледување деца е приоритет) или да се биде добар партнер (да се пружа љубов и поддршка, да се биде лојален). Потоа испрашувачите го оценуваа нивото на атрактивност на секој од испитаниците. За секој учесник беа дадени непристрасни проценки на лицето, телото и вкупниот степен на привлечност. Сите тие оценки се собираа и на крајот со помош на компјутер се добиваше просечна оценка.

привлечност

Резултатите покажаа дека жените кои беа оценети како поатрактивни имаа поголема склоност кон тоа сите горенаведени карактеристики да ги прогласат за пожелни. Тие не само што сметаа дека одредени карактеристики се попосакувани, туку општо земено постоеше значајна корелација помеѓу нивната атрактивност и повеќето машки карактеристики, што укажува дека убавите жени посакуваат нивниот партнер да има што повеќе од горенаведените квалитети.

Грдата Бети

Интересен е фактот дека овие наоди не можат да се применат на мажите. Постоеја неколку значајни корелации помеѓу машката атрактивност и квалитетите кои ги бараат кај партнерката, што сугерира дека привлечните мажи не секогаш посакуваат нивната партнерка да има што поголем број од претходно споменатите квалитети.

атрактивна блондинка

Зошто се случува ова? Мажите многу ја вреднуваат женската привлечност. Според тоа, колку е жената поубава, толку има поголемо право да бара одредени квалитети кај потенцијалниот партнер. Помалку атрактивните жени немаат толкаво право и ги снижуваат критериумите врз основа на сознанието дека се помалку пожелни. Од друга страна пак, жените не ја ценат машката убавина во толкава мера како некои други квалитети, на пример интелигенцијата, и затоа убавите мажи немаат толкаво влијание врз жените.

грда двојка

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.