RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МИТ ЗА ПОЛОВИТЕ
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
ГЛЕДАЈ, НО НЕ ДОПИРАЈ
Четврток, 04 Ноември 2010
Слика
ЉУБОВ, АХ ЉУБОВ
Вторник, 14 Февруари 2012
Слика
ДЕХИДРАЦИЈАТА ОПАСНА ПРИ СЕКС
Среда, 05 Октомври 2011
Слика
КАКО СЕ СПРИЈАТЕЛУВАМЕ?
Вторник, 30 Ноември 2010
Слика
МЕРКАЊЕ ЗА НЕУСПЕХ
Понеделник, 28 Март 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс


Сваштарник


И НА ПРИВЛЕЧНИТЕ НЕ ИМ Е ЛЕСНО PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5707 пати
Четврток, 02 Декември 2010 17:47

Луѓето кои се под притисок да изгледаат атрактивно повеќе се плашат да бидат одбиени заради својата појава за разлика од останатите.

перцепција за атрактивност

Ова го тврдат истражувачите на Универзитетот во Бафало и Универзитетот во Кент врз основа на студија која неодамна ја спроведоа.

Студијата беше изведена помеѓу студенти од страна на проф. др. Лора Парк, помошник професор по психологија, дипломираната студентка Ен Мари ДиРадо од Универзитетот во Бафало и проф. др. Рејчел Калогеро, која предава психологија на Универзитетот во Кент.

Истражувањето беше објавено во списанието "Psychology of Women Quarterly " кое го издава Американската Психолошка Асоцијација.

Научниците открија дека во глобала жените беа почувствителни на одбивање кое резултира од надворешниот изглед за разлика од мажите. Ова особено се покажа како точно кај оние жени кои чувствуваа дека мораат да изгледаат атрактивно за да им се допаднат на останатите. Студијата исто така откри дека оние мажи и жени кои ги имаа прифатено потсвесно идеалите за атрактивност од страна на медиумите беа поисплашени дека некој ќе ги одбие заради нивната појава.

медиумска атрактивност

Не беше откриена никаква поврзаност помеѓу ваквата чувствителност и родителската перцепција за атрактивноста на нивните деца. Според тоа, општеството и медиумското влијание, а не родителското, се оние фактори кои играат клучна улога во овој страв од одбивање.

"Постојат голем број на истражувања кои укажуваат дека физички привлечните луѓе се помалку стигматизирани од останатите во општеството, и имаат многу поголеми предности во голем број животни аспекти отколку оние на кои се гледа како на непривлечни," вели Парк.

"Нашата студија посочува дека кога луѓето се под притисок да изгледаат атрактивно, без оглед дали е тоа од страна на пријателите или медиумите, се изложуваат на ризик од негативни исходи кои можат да го ограничат нивниот развиток и многубројните начини на уживање во животот."

атрактивна девојка

Навистина, претходно истражување спроведено од страна на Парк утврди дека стравот од одбивање поради надворешниот изглед е поврзан со негативни последици по менталното и физичкото здравје. Така на пример, овие луѓе се чувствуваат непривлечни, се чувствуваат лошо кога го споредуваат својот изглед со останатите, и секако, осамени и одбиени кога размислуваат што тоа кај нив не им се допаѓа на луѓето. Тие исто така  се поподложни на зголемен ризик од пореметувања во исхраната.

Студијата беше спроведена врз репрезентативен примерок од 220 студенти на колеџ (од кои 106 беа жени, а 114 мажи) на возраст од 18 до 33 години. Учесниците одговараа на серија прашалници, во кои спаѓаа и скали кои го мереа влијанието на околината и родителите врз стравот од одбивање, а тука беше и скалата број 3 за социокултуролошките ставови кон изгледот, која го проценува медиумското влијание врз изгледот.

маж оптоварен со тежина

До истите резултати се дојде дури и откако беше испитано нивото на самопочит на испитаниците, нивната чувствителност кон одбивање во глобала, како и тоа колку атрактивно се доживуваат самите себеси.

Иако оваа студија беше изведена врз претежно млади студенти со бела боја на кожата, Парк вели дека во иднина ќе се спроведе вакво истражување врз примерок составен од разни етнички групи на различна возраст, со цел подобро да се разбере распространетоста на овој страв и како тој би можел да се намали.

депресивна жена

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.