RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДВОЈНИОТ ЖИВОТ НА ЖЕНИТЕ
Понеделник, 21 Март 2011
Слика
6 МАШКИ ЗАБЛУДИ ЗА СЕКСОТ
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
КАРАКТЕР, ШТО Е ТОА?
Среда, 23 Март 2011
Слика
ШТО Е ТОЧНО ДЕЖА ВУ?
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
ВИНО ЗА ДОЛГ ЖИВОТ
Понеделник, 14 Февруари 2011
Слика
НЕМА СРЕДОВЕЧНА КРИЗА
Среда, 09 Март 2011
Слика
ДАЛИ СИТЕ ЖЕНИ СЕ БИСЕКСУАЛНИ?
Сабота, 22 Октомври 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ЛИЧНОСНИ ТИПОВИ А Б Ц Д PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 10852 пати
Понеделник, 30 Септември 2013 18:08

Постојат редица типологии на личност, некои научни некои ненаучни, еве една од поинтересните.

типови личности 

Општо гледано, сите поделби на типови на личности може да се нападнат и стават под знак прашалник, но тоа не ги спречува луѓето да ги класифицираат другите во „фиоки“. Голем дел од тие типологии се дел од т.н. „популарна психологија“ и немаат научна основа или одржливост. Па сепак, не се ни толку бесмислени и неповрзани со реалноста.

Таква е и типологијата која ги дели луѓето на тип А, тип Б, тип Ц и тип Д на личност. Најчесто се употребува од психолози а и непсихолози кои работат во бизнис секторот но неретко и вон него.

Тип А

Овие личности се крајно независни. Добар поим со кои би се опишале е булдожери. Имаат голема амбиција да остават нешто во светот и тоа ги издвојува од другите. Располагаат со голема внатрешна мотивација и добро го знаат значењето на поставувањето цели, позитивното размислување и мотивацијата. Ако сакате да проучувате примерок од овој тип, тогаш треба да побарате некој од бизнис секторот, од оние кои почнале сами, од малку, не добиле ништо на тацна или со наследство, а создале многу, понекогаш и цели финансиски империи. Тие се ужасно компетитивни, до тој степен што тоа им е основната животна сила, тоа е погонското гориво што ги тера да се будат наутро и како во занес да дејствуваат кон целите што си ги поставиле.

Ричард Брансон 

Овој тип на личности е познат по својот остар и директен јазик, кој веднаш преоѓа на суштината од работите, без заобиколување. Ваквите индивидуи се секогаш подготвени за ризик, нешто што е водечка карактеристика на претприемачкиот дух. Тие имаат способност кон се да пристапуваат со доза на практичност кога тоа се бара од нив. Тајната на успешните луѓе од типот А е тоа што никогаш не потклекнуваат под предизвикот на потребата и неопходноста од промени, карактеристика која во крајна линија ги води кон она што сакаат да бидат.

Тип Б

Нив ќе ги опишеме како бомбардери. Овие ликови се екстравертни до самата нивна срж и сметаат дека во животот најважно е да си во центарот на вниманието и се друго е од второстепено значење. Ваквите индивидуи се одликуваат со своевиден магнетизам кој привлекува внимание кај секого и тоа без премногу напор. Ова ги прави посебни во однос на другите типови на личност. Тие имаат една поттикнувачка личност која ги прави заразни и вешти во комуникацијата. Нивната широчина и длабочина во вештините е толкава што без поголем проблем би успеале да му продадат фрижидер и на Еским кој уште и ќе се почувствува презадоволен и почестен што купил нешто од овој прекрасен човек.

Мадона 

Заради нивната способност веднаш да се синхронизираат со луѓето, другите ги перципираат како неисцрпен извор на забава и се просто маѓепсани од нивната харизма. Ако сакате да проучите ваков тип на личност, тогаш најпаметно ви е да пронајдете некој врвен продавач или маркетар, а уште подобро некој што функционира во светот на шоу бизнисот, каде што без нема да ви треба многу долго за да го препознаете. Нив ги исполнува интеракцијата со другите. Ако ги игнорирате или ако не обрнувате многу на напорите што ги вложуваат за да привлечат внимание, подобро забијте им нож в грб, помалку ќе ги боли. За некои од луѓето кои припаѓаат кон овој тип тоа е најлошото што може да им се случува, едноставно, не постои ништо пострашно за нив.

Тип Ц

Нив може да ги опишеме како трагачи. Ако имате вишок микроскоп и немате кому да му го подарите, тогаш одберете било кој што припаѓа кон личност од типот Ц. Тие се интровертите кои се живо заинтересирани за деталите, карактеристика што ги двои од другите типови. Тие се подготвени буквално да го превртат светот наопаку ако треба само за да дознаат некој факт кој ги интересира. Тоа се луѓето кои ги расчленуваат нештата за потоа повторно да ги спојат, се со цел само за да видат како сето тоа функционира. Во социјални или општо човечки ситуации тие се повлечени и се чувствуваат нелагодно. Се опкружуваат себеси со факти и логичкиот поредок е она што ги придвижува и исполнува.

програмер 

Во однос на другите типови, интересно е дека со типот Б се сушта спротивност. Како кога ќе ставите на исто место иста количина материја и антиматерија. Тие си се антитези еден на друг, како што се различните спинови на електроните во атомот, едниот налево другиот надесно. Ако сакате да ги сретнете во нивна природна околина, побарајте ги помеѓу програмерите, сметководителите и сличните професии. Ним им е многу тешко да се оттргнат од својата заштитна обвивка и да комуницираат со другите луѓе, но кога се работи за работи поврзани со логика и со бројки, тука се вистинските тигри. По природа се резервирани и многу претпазливи. Не сакаат да превземаат ризици, тоа ги плаши. За да влезат во нешто попредизвикувачко тие и сто пати ќе ги проверат сите факти и ќе си ги свртат во главата сите можни ситуации, па ако не најдат ништо загрозувачко, ќе се решат да се впуштат во „авантура“.

Тип Д

Инерцијата владее со типот Д. Тие преферираат да одат по веќе проверени патишта и да се препуштаат на воспоставените рутини. Несигурноста која ја носи промената не е нивни пријател. Без поголем проблем може да ги пронајдете кај службениците. Тие се оние кои со задоволство извршуваат наредби и директни команди. Најсигурно се чувствуваат кога следат некого. Ако за нешто е потребно да се преземе поголем ризик и одговорност, тогаш не барајте доброволци меѓу овие луѓе. Тие едноставно самите, без ничија помош, не се способни за поголеми нешта.

службеничка 

Процентуално гледано овој тип на личност сочинува околу една петтина од вкупната популација. Нив неретко ги мачат несигурности, постојано се загрижени, имаат мрачно расположение, лесно се иритираат и многу тешко доаѓаат до самодоверба. Одбивањето и стравот од напуштање им се најголем проблем, па така со сите сили избегнуваат да се отворат и да ги споделат своите негативни емоции. Сето ова предизвикува постојано да се подложени на голем стрес што е извор на голем број соматски и психосоматски болести. Многу често кај типот Д страда срцето така што дури до 50 проценти од сите пациенти со срцеви заболувања се смета дека се токму ваков тип на личност.

Реално гледано, сепак една индивидуа тешко е да се смести само во еден од овие типови на личност. Најчесто се работи за некаква комбинација. Се работи за една широка класификација која не треба да стане извор на продукција на стереотипи и силум категоризирање на сите луѓе што ќе ги сретнете во животот во еден од овие типови. Луѓето се жива и комплексна материја, но секогаш е од корист да се имаат некакви насоки како алатки за снаоѓање во непредвидливата околина.

личносни типови 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.