АНКЕТИ
влијае мозок меморијата депресијата соништа работа успех депресија стравот врска предизвикува мажите менува зошто психологија среќата стрес влијаат интелигенција терапија нивните чекори среќа љубов прави жените против сексот мисли живот карактер однесување емоции совети музика стресот вашата меморија мозокот луѓето
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| 7 СОВЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СВЕСТА |
|
|
|
| Понеделник, 05 Декември 2011 10:56 |
|
Нашите мисли се нашиот внатрешен дијалог. Во просек, имаме околу 6 000 мисли на ден, а повеќето од нив си ги повторуваме како по навика.
Во многу случаи, се учиме да се навраќаме на некои мисли поради претходните искуства уште од детството, и продолжуваме да си ги повторуваме во текот на животот. Ако земеме предвид дека нашата когнитивна способност се развива до 20-тата година, лесно ќе сфатиме дека многу од овие мисли веќе не ни се потребни. Зошто треба да развиеме свесност за нашиот внатрешен дијалог? Нашата способност да избираме како да размислуваме за себеси ќе ни овозможи да ги регулираме и да ја избираме сопствената реакција во одредени ситуации.
Едноставно, треба да станете свесни за што зборувате во себе за да можете да ги регулирате вашите избори наместо вашите емоции, затоа што среќата ви зависи баш од оваа одлука. Ова е навистина битно затоа што мислите ги активираат емотивните процеси. Вашите мисли, и мислите кои ги поткрепуваат всушност ги предизвикуваат емоциите. Постојат настани и реакции од одредени луѓе кои ни предизвикуваат непријатни чувства, но тие всушност не се вистинските предизвикувачи на нашата реакција. Она што нам ни предизвикува реакција е тоа што сами себеси си го кажуваме. И повеќето од тоа што си го кажуваме себеси функционира на потсвесно ниво - се појавува како реакција на ставот што го имаме за одредена ситуација. Кога вие самите управувате со мислите, имате целосна контрола над вашето однесување и текот на вашиот живот. Со развивањето на самосвеста ќе го направите првиот чекор кон трансформирање на вашите мисли.
Исто така, од големо значење е да научите да владеете со емоциите. Исто како компасот, вашите емоции ви сигнализираат дали сте или не сте на вистинскиот пат. Ако успешно ги надминувате проблемите поврзани со доживувањето на емоциите, тие ќе ви служат како голема помош во секој момент. На пример, пријатните емоции како што се среќата, самодовербата и радоста, покажуваат дека се настанува едно поврзување на внатрешните мисли; Сепак, овие мисли можат да не излажат. Сите мисли што создаваат среќни чувства не се здрави. Пример за тоа се зависноста од храна, од опојни дроги и активности. Кога се појавува негативно чувство, мислите сигнализираат дека се активираат хормоните на стрес. Меѓутоа, има ситуации кои предизвикуваат зголемување на хормоните на стрес кои се емоционално здрави – ни помагаат да учиме, да созрееме и да се подобриме во животот.
Еве 7 совети како да ја развиете свесноста за вашите чувства и нивната врска со мислите: 1. Изберете една ситуација и почнете да анализирате. Направете листа од ситуациите кои ви предизвикуваат непријатни чувства на лутина. Потоа, изберете ја ситуацијата која најмалку ви предизвикува лутина (Имајте трпение, анализирајте ги ситуациите една по една и така ќе стигнете и до онаа најстрашната). Оваа активност може да ви одземе и неколку недели, но бидете трпеливи. Ако оваа работа ве изморува, направете одмор, или побарајте помош од терапевт кој ќе ви помогне со проблемот.
2. Фокусирајте се со помош на дишењето Откако ќе ја пронајдете ситуацијата која ви предизвикува лутина, пред да започнете со анализа, направете пауза и земете длабок здив кој ќе ви помогне да се опуштите. Фокусирајте се на дишењето, затворете ги очите и ослободете се од напнатоста. Замислете си дека сте на некое пријатно место. Потсетете се дека вие не сте вашите чувства и мисли. Вие сте набљудувачи и креатори на сопствените чувства и мисли. Станете свесни за разликата и така ќе сфатите дека вие управувате со вашите реакции и никој не може да ве натера да добиете одредени чувства без ваша дозвола. Вие ги контролирате чувствата. Бидете свесни дека секое чувство што ќе го доживеете е само количество на енергија. И на крај, бидејќи вие сте возрасна и интелигентна личност, имајте предвид дека вие имате контрола врз реакциите. Ако чувствувате потреба, можете да престанете со вежбата во секој момент.
3. Поистоветувајте се со чувствата и емоциите. Откако се опуштивте, фокусирајте се на ситуацијата од минатото. Без да се осудувате, сетете се на емоциите и чувствата. Станете свесни за секоја емоција и запрашајте се: „Како се чувствувам во моментов?" Ако чувствувате лутина, анализирајте ја подлабоката емоција. Лутината е секогаш секундарна емоција која се појавува за да ве заштити од срам, страв и повредување. Запрашајте се себеси: „Што се крие под лутината?" Што чувствувате? Опишете ги вашите чувства на лист хартија или во вашиот дневник.
4. Одредете ја локацијата на чувствата во телото Направете пауза и почувствувајте ја емоцијата - откријте каде во телото најмногу ја чувствувате. За секоја емоција, запрашајте се што чувствувате во телото. Кога ви се појавува одредено чувство, земете длабок здив и ставете ги рацете на местото од каде што ја добивате емоцијата. Ако повторно чувствувате лутина, поставете си го истото прашање - што ви предизвикува лутина? Опишете си ја емоцијата што ја чувствувате во телото.
5. Прифатете ги сопствените чувства и верувајте дека можете да се справите со нив. Повторно потсетете се дека вие не сте чувства и мисли. Вие набљудувате. Бидејќи вие избирате, издишете ја секоја емоција и опуштете се. Прифатете ги вашите емоции, речете си: „Го прифаќам чувстото на ________ што го имам во моментов." Кажете на глас или во себе: „Јас можам да се справам со ова чувство." Еден начин да се ослободите од негативните чувства е да се присетите на моментот кога сте имале слично чувство и успешно сте се справиле. Ако сте го направиле тоа во минатото, можете и сега. Секој успешен обид е чекор напред за вас.
6. Откријте што ја предизвикува негативната емоција Забележете што ви зборуваат мислите кога ќе се присетите на некој непријатен настан и кога почнувате со таканареченото токсично размислување. Вашите мисли автоматски ги предизвикуваат емоциите. Едноставно, така функционира мозокот. Оддалечете се од емоциите и поставете се како набљудувач. Кога ќе се појави негативна емоција, замислете се дека се наоѓате во воз и гледате низ прозорецот како секоја мисла минува додека вие пријатно патувате. Запишувајте како размислувате.
7. Разберете ги сопствените доживувања Потсетете се дека иако постојат луѓе и ситуации кои можат да разбудат негативни емоции, тие не се вистинските фактори. Вашиот внатрешен дијалог е причина за појавата на негативни емоции како вина или фрустрација, каење или лутина. Тоа што си го кажувате себеси предизвикува и физичка реакција во телото. Ова е добра вест затоа што кажува дека се зависи од вас. На крај, заклучокот е дека мислите предизвикуваат емоции. Кога ќе станете свесни за тоа какви емоции доживувате поради појавата на одредени мисли, ќе станете способни да ги контролирате. Ќе сфатите дека само со мали промени во мислите можете свесно да си го промените текот на животот. Во морето наречено живот, вашите чувства се само систем за управување.
Слични Статии: |
Луѓето кои живеат во сегашноста, гледаат со топлина на минатото и ја антиципираат иднината се веројатно најс ... |
Сите луѓе се загрижени од време на време. Но, како загриженоста може да влијае врз интерперсоналните релации ... |
Ако му горат панталоните или му расте носот. Не, тоа не се единствените знаци дека некој ве лаже. Еве пет знаци ... |
Понекогаш правиме работи заради кои се чувствуваме ненормални и чудни, па од време на време се прашуваме себе ... |
Студентите кои пијат вода за време на испитите може да добијат подобри оценки. |
Најголемата лага на човековата меморија е дека ни се чини вистинита. |
Научниците започнале студија која има за цел да утврди дали е возможно да се влијае врз она што сонуваме. |
Научниците веруваат дека ги откриле тајните на психологијата што стои зад „интелигенцијата во играта" на ел ... |
Внимавајте со љубезноста, може да биде штетна по вашето здравје. |
„Ти си таков перфекционист!" – може да ви звучи како комплимент, но дали е навистина? |
Дали позитивното мислење навистина може да ја намали депресијата? |
Мажите и жените се различни на многу начини. Тие го гледаат светот преку сосема различни перспективи. Клучот ... |
Спиењето набрзо по учењето на нов материјал е најдобриот начин наученото да ви остане в глава. |
Дали сте чуле за Вилијамсов Синдром? Веројатно не. Тоа е таков тип на личност која има карактеристики на екстр ... |
Не е тајна дека постарите луѓе се многу поподложни на депресија и други проблеми со менталното здравје ако жи ... |
Доколку црвеното месо е во помали количини на вашата трпеза од препорачаните, може да станете депресивни и ан ... |
Нарушувањата во исхраната се честа појава, но колку навистина знаете за нив? |
Без оглед на тоа колку сте свесни за вашите зборови, психолозите се убедени дека ако не го мислите она што го з ... |
Ако се обидувате да ги избегнете искушенијата, престанете да се борите и едноставно опуштете се. |
Ние не сме секогаш свесни за тоа како одлучуваме за работите. Несвесните чувства или перцепции може да имаат ... |
Остракизмот или исклучувањето можеби не остава надворешни лузни но може да предизвика болка која честопати ... |
Кога сме соочени со некоја компликувана одлука, нашиот автоматски инстинкт е да ги ограничиме или поткастрим ... |
Останати Статии
| |


















