RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НАЈУМНИ СМЕ НА 27 ГОДИНИ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
ИСТИ ГЕНИ, РАЗЛИЧНИ КАРАКТЕРИ
Четврток, 10 Март 2011
Слика
ЖЕНАТА Е ГЛАВНА ВО ДОМОТ
Четврток, 17 Март 2011
Слика
ЛУЃЕ, ЕМОЦИИ И КОМПЈУТЕРИ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
МАЈКИТЕ НА БЛИЗНАЦИТЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
ГЕНЕТСКИ ПРОМИСКУИТЕТ
Понеделник, 11 Април 2011
Слика
ЕФЕКТОТ ЛУЦИФЕР
Вторник, 09 Ноември 2010
Слика
РОБОТ НА ИДНИНАТА
Вторник, 07 Декември 2010
Слика
ОГЛЕДАЛА ВО ВАШАТА ГЛАВА?
Среда, 11 Јануари 2012

'Крикот' е секогаш само тоа - бука, а не музика.

Карл Густав Јунг


Сваштарник


ПАРИТЕ И СЛАВАТА СЕ НЕСРЕЌА? PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 4.50 од можни 5)
прочитано 5378 пати
Петок, 26 Ноември 2010 22:33

Ако сметате дека куп пари, одличен изглед и восхит од страна на останатите може да ве усреќи – размислете повторно.

Хит Леџер

Нова студија спроведена од тројца истражувачи од Рочестер Универзитетот покажува дека оние луѓе кои се стремат кон богатство, слава и убавина воопшто не се среќни.

"Луѓето сфаќаат дека е важно во текот на животот да имаат одредени цели и веруваат дека нивното остварување ќе има позитивни последици. Студијата покажува дека тоа не е вистина за сите цели," вели авторот Едвард Деци, професор по психологија и социјални науки. "Иако нашата култура силно ги вреднува богатството и славата, потрагата по нив не значи дека ќе имате исполнет и среќен живот. Нештата кои ве прават среќни во животот се индивидуалниот развој, врските исполнети со љубов и можноста да придонесете кон вашето општество," изјави Деци.

Истражувањето, објавено во  "Journal of Research in Personality", испитуваше 147 дипломци од два универзитети  кои дипломирале пред две години. Користејќи опширни психолошки прегледи, истражувачите ги оценуваа субјектите во клучни области, како задоволството од животот, самопочитта, анксиозноста, физичките манифестации на стрес и искусувањето на позитивни и негативни емоции.

Ен Никол Смит

Аспирациите беа оценети како "внатрешни" или  "надворешни".  Субјектите беа запрашани колку ги вреднуваат "значајните, длабоки врски" и помагањето "на другите со цел да го подобрат својот живот" (внатрешни цели) наспроти достигнувањето на "посакуваниот изглед" или "да се биде богат" (надворешни цели). Студентите исто така требаа да посочат до кој степен ги оствариле своите цели. За да го забележат напредокот, научниците ја спроведоа студијата два пати – првиот пат една година по дипломирањето, а вториот пат 12 месеци подоцна.

Овој период по дипломирањето не беше случајно избран. Напротив, тој е вообичаено критичен момент за младите возрасни луѓе, објаснува главниот автор Кристофер Ниемиек, кандидат за докторат по психологија на Универзитетот. "За време на овој формативен период, дипломците веќе не се дома ниту на Универзитетот. За прв пат во животот се наоѓаат во позиција самите да решат во која насока сакаат да продолжат со својот живот."

Како и кај претходното истражување, студијата потврди дека колку повеќе е некој посветен на одредена цел, толку е поголема и веројатноста за успех. Но за разлика од претходните наоди, оваа анализа покажа дека не е секогаш добро да го добиете она што го посакувате. "Постои силна традиција во психологијата која вели дека доколку имате зацртано одредени цели и ги постигнете, добросостојбата ќе следи потоа," вели Ниемиек. "Но овие поранешни студии не водеа сметка за содржината на целите."

Ернест Хемингвеј

Она што е "изненадувачки и парадоксално" во врска со ова истражување, вели тој, е што тоа покажува дека материјалистичките и површни цели всушност носат само несреќа; и покрај тоа што ги достигнале, личностите искусуваат повеќе негативни емоции како срам, лутина и физички симптоми на анксиозност во вид на главоболки, болки во стомакот и изнемоштеност. Од друга страна пак, оние кои го вреднуваат личниот развој, блиските врски, општествената активност и физичкото здравје се позадоволни кога ќе постигнат успех во некоја од овие области. Тие доживуваат благосостојба во подлабока смисла, попозитивни се кон себеси, имаат поисполнети емоционални врски со останатите и помалку физички симптоми на стрес.

Наодите од оваа студија одат во прилог на Теоријата за Самоодреденост, добропозната теорија за човечката мотивација развиена од страна на два автори на студијата, Деци и универзитетскиот психолог Ричард Рајан. Теоријата тврди дека добросостојбата во голем дел зависи од основните психолошки потреби за автономија, способност и поврзаност.

Внатрешните аспирации ги усреќуваат луѓето бидејќи ги задоволуваат овие основни потреби, заклучуваат авторите. " Се чини дека внатрешните аспирации  се повеќе поврзани со внатрешноста, со она што е внатре во личноста, отколку со надворешноста," обајснува Ниемиек.

Мерилин Монро

Од друга стана пак, копнежот по ласкање и богатство не ги задоволува овие длабоки човекови потреби, барем во оваа рана фаза од животот. Студијата беше спроведена врз високообразовани субјекти и авторите посочуваат дека е потребно да се изврши истражување врз испитаници на друга возраст и од друг демографски состав. За оваа група на млади возрасни луѓе, авторите посочуваат дека времето потрошено на надворешни цели, како прекумерното работење, често ги "замаглува" можностите за психолошки корисни искуства, како одморањето со семејството и пријателите или постигнувањето на некоја друга внатрешна цел. Стремежот кон пари и обожавање исто така може да доведе до натпреварување и постојано споредување со оние кои имаат повеќе (а секогаш ќе постои некој кој има повеќе од нас), што создава љубомора и незадоволство. И за разлика од трајните придобивки од внатрешните цели, возбудата од надворешните постигнувања брзо бледнее; по неколку дена веќе заборавате на покачувањето на платата и неодамнешните комплименти.

Курт Кобејн

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.