АНКЕТИ
зошто влијае нивните депресијата музика врска совети однесување живот среќа сексот меморијата жените работа психологија стрес среќата соништа вашата мозокот влијаат меморија луѓето успех стресот мозок чекори депресија стравот прави љубов предизвикува мисли против карактер емоции менува интелигенција мажите терапија
ПСИХА МУАБЕТ
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
-
guest_9917 :
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЈУНГОВИТЕ АРХЕТИПИ И ВАШЕТО ЛИЧНО ПАТЕШЕСТВИЕ |
|
|
|
| Понеделник, 26 Декември 2011 15:49 |
|
Јунговите четири примарни архетипи ги опфаќаат главните фази при остварувањето успешен личен развој.
Секој од нас има некоја своја цел која сме си ја поставиле. Може да биде поголема, како на пример да докторираме, или пак помала, да бидеме подружељубиви. Можеби сакаме да промениме некои тешки емоции како лутина или страв или пак да се зафатиме конечно со посакуваната кариера на писател. Која и да е нашата цел, теоријата на Јунг ни дава насоки како да ја постигнеме.
Јунговите архетипи и како влијаат врз нашиот пат За многумина визуелизацијата е моќно оружје кое не носи до посакуваната цел. Иако постојат многу техники, Карл Јунг е оној кој ни дава концептуализација на сличностите кои сите ги споделуваме обезбедувајќи метод на визуелизација за секој чекор кон постигнувањето на нашата цел. Овие сличности се улоги на ликови кои ги наоѓаме во она што тој го нарекува колективно несвесно, споделено ниво на искуство во рамки на човековата раса обезбедено со наследноста.
Структурата на колективното несвесно е изградена од архетипи, или „психички, внатрешни диспозиции за искусување и прикажување на базичните човекови однесувања и ситуации" (Карл Јунг). Според Јунг, постојат одредени архетипи кои луѓето ги споделуваат без оглед на нивната националност, раса или култура. Четирите примарни архетипи се Кралот, Магионичарот, Воинот и Љубовницата, и секој од нив има клучна улога во постигнувањето на она кон кое што тежнееме.
Кралот Архетипот на Кралот ни носи плодност и благослов на нашиот пат. Тој е наш извор за инспирација и ни дава чувство за мотивација кое не носи кон продуктивност. Следствено, претставата на кралот ни овозможува да создаваме идеи за нашата потрага или цел и ни дава верба дека тоа е вредно нешто за постигнување. Тој ни дава енергија за мотивацијата да почнеме и ни овозможува да ги предвидиме различните сценарија кои може да се појават при нашиот пат до остварување на саканото.
Кралот е оној поттикнувачки извор кој ги вади на површина работите кои тлееле во нас и кои сме ги посакувале да ги направиме или промениме веќе извесно време, но никогаш не сме нашле сила и инспирација да почнеме да ги правиме, тој е оној кој не убедува во возможноста дека тоа е остварливо во надворешниот свет. Преку поставувањето на параметрите на патешествието, кралот ни носи мир, смиреност и ред во потрагата која во поинаков случај можеби би била спречена од страв или напуштена пред воопшто и да започне.
Воинот Воинот ги поседува оние неисцрпни резерви на енергија која е потребна на патот кон остварувањето на целта, пат кој е преполн со пречки што ја црпат енергијата на секој чекор. Оваа енергија е потребна да се соочиме со нив и да ги надминеме, како и да креираме нови чекори како што разрешувањето на проблемите ни открива подобри стратегии кои ќе ги заменат оние кои не успеале да не придвижат поблиску до целта. Иако личносните карактеристики на воинот се пронижани со војничкиот менталитет, неговата агресија е канализирана исклучиво кон оние битки кои се потребни да му служи и да го штити кралот. На овој начин тој носи сигурност дека се што се труди Кралот да направи во насока на целта нема да биде уништено од мрачни сили кои настојуваат да ги анихилираат амбициите на Кралот.
Енергијата на Воинот им овозможува дури и на оние пасивни индивидуи да ја извадат надвор и искористат силата потребна да се скршат бариерите поставени од внатрешните и надворешните непријатели кои сакаат да ги спречат да остварат успешно исполнување во животот. Воинот ја сублимира емоционалноста во време на криза со цел да се бори и победи во битката без да биде деконцентриран од страстите. Истовремено, Воинот тежнее да го продлабочи подобрувањето на индивидуата преку подредување на својата волја на Кралот, на тој начин останувајќи емоционално дистанциран се додека е потребно да се надмине конфликтот.
Магионичарот Магионичарот е важна фигура која треба да биде вклучена кога се прават чекорите кон остварувањето на целта од неколку причини. Магионичарот е оној кој ја склопува стратегијата која ќе се употреби на патот кон остварување на посакуваното и ги дава инструкциите за тоа како таа да се употреби кога ќе се сретнеме со нешто непредвидено. Тој исто така е Магионичарот кој ја иницира одлуката да се тргне на патот, иако овој архетип е повеќе ангажиран во размислување отколку во делување. Токму Магионичарот е оној кој е одговорен за разбирањето и регулацијата на внатрешната енергија на индивидуата, и тоа на начин со кој може да ги лечи раните кои може да се појават за време на патешествието и да ја уништат мотивацијата да се продолжи.
Како јасновидец или пророк, Магионичарот е ги знае сите тајни знаења на индивидуата и може овие нешта да ги донесе во свеста кога е потребно и со тоа да обезбеди сила и вештини за индивидуата која не ни знаела дека ги поседува. Токму работа на Магионичарот е да ги ослободи и раководи внатрешните способности на индивидуата на начин на кој таа ќе стане целосно свесна за деталите како Кралот и Воинот функционираат во остварувањето на целта на патешествието и да ги употреби вештините и на двајцата на најдобар можен начин за да осигури самодоверба и успех.
Магионичарот има многу од најтешките задачи во однос на другите архетипи затоа што токму тој мора да се справува со сомневањето во себе, дефетизмот, себесаботирачките однесувања, безнадежноста, анксиозноста и сите други внатрешни состојби кои може да го уништат сиот напор. Се подразбира дека за да ја изврши целосно својата задача му треба извесна количина на магија. Тој мора секогаш да биде подготвен да и помогне на индивидуата кога ќе се судри со дилеми, да и даде нов поглед и нова перспектива на работите, учејќи ја како да размислува „надвор од кутијата".
Љубовницата Љубовницата е онаа која негува и дава сочувствителни совети на патот до целта. Таа ги надополнува одговорностите на Магионичарот, но го носи фокусот на работите на подлабоко ниво, кое сега е возможно заради вештините кои ги обезбедил Магионичарот.
Карактеристиките на љубовницата вклучуваат енергија, емпатија, поврзаност со другите, сочувствителност и духовна енергија. Љубовницата сака да поврзе со другите, сака заедништво и сплотеност, и тежнее да ги сруши границите меѓу луѓето, особено оние кои стојат помеѓу неа и другите и можат да попречуваат нејзиниот напредок кон самоподобрување.
Овие карактеристики зборуваат за критичниот аспект на социјална поддршка кој обезбедува отпорност и зголемена способност за справување со негативните мисли или искуства кои се среќаваат на патот. Па така, таа ја турка индивидуата да ги засили постоечките позитивни врски и да изгради нови здрави релации како што патувањето кон целта напредува. Таа е свесна дека ова ќе обезбеди силен извор на моќ за индивидуата на кој ќе може да се потпре, и во смисла на позитивни емоции и во смисла на знаење дека има други луѓе на кои може да се потпре кога и е потребно сигурно засолниште како и надворешни извори на утеха и совет.
Љубовницата е клучна во обезбедување на енергија за другите архетипи и создавање на добра атмосфера, со нејзината позитивност, интуиција за тоа што секој од нив чувствува во одреден момент, виталност и сигурност дека секој од нив го одржува меѓусебниот контакт за да можат да функционираат како единствен тим как ои да останат посветени на патот на кој се нафатиле и исходот кој го бараат.
Резиме и финални согледувања Заклучно, архетипите ни покажуваат дека постојат многу сфери со случувања во кои може да бидеме вклучени во различни времиња, многу возможни улоги кои може да ги усвоиме во различни ситуации. Кога почнуваме да размислуваме да се посветиме на некоја важна цел во нашиот живот може да биде исклучително корисно да се осврнеме на важноста на улогите кои ги играат четирите главни архетипи на Јунг, Кралот, Воинот, Магионичарот и Љубовницата , во однос на патот кој не очекува.
За да си ја зголемите посветеноста на патот кон целта која сакате да ја постигнете, визуелизирајте го секој од архетипите, погледнете го со свои очи преку вашиот ум како вистински лик, така што нивната појава ќе биде конзистентна со вашата перцепција за нив. Потоа, ставете ги во акција. Замислете си како тие би се однесувале кога ќе стигнат на различни места од патот по кој треба да одат за да ја остварат целта, вашата цел, како ќе се справат со блокадите на патот и начинот на кој секој од нив ќе ја оствари функцијата која се очекува од него и конечно како секој од нив ќе се однесува во работата со другите при постигнувањето на заедничката цел.
Откако ќе се впуштите во овој процес на ментална сликовна имагинација по извесен период ќе почнете да сфаќате со какви се способности и вештини располагате и како секој од тие атрибути кои им ги припишувате на овие четири лика, всушност ви припаѓаат вам. Ќе ви стане кристално јасно дека она кое го замислувате како слика на четирите ликови се всушност четири аспекти кои ве прават она што сте. Во моментот кога ќе бидете подготвени да го направите последниот чекор, прифаќајќи го овој факт и целосно интегрирајќи ги овие аспекти во вашата личност истовремено одредувајќи како целосно да ги асимилирате овие вештини во вашиот репертоар на капацитети, ќе бидете подготвени да тргнете по патот на остварување на целта, притоа сфаќајќи дека сте станале целосно посветени кон него.
Слични Статии: |
Луѓето кои живеат во сегашноста, гледаат со топлина на минатото и ја антиципираат иднината се веројатно најс ... |
Сите луѓе се загрижени од време на време. Но, како загриженоста може да влијае врз интерперсоналните релации ... |
Ако му горат панталоните или му расте носот. Не, тоа не се единствените знаци дека некој ве лаже. Еве пет знаци ... |
Понекогаш правиме работи заради кои се чувствуваме ненормални и чудни, па од време на време се прашуваме себе ... |
Студентите кои пијат вода за време на испитите може да добијат подобри оценки. |
Најголемата лага на човековата меморија е дека ни се чини вистинита. |
Научниците започнале студија која има за цел да утврди дали е возможно да се влијае врз она што сонуваме. |
Научниците веруваат дека ги откриле тајните на психологијата што стои зад „интелигенцијата во играта" на ел ... |
Внимавајте со љубезноста, може да биде штетна по вашето здравје. |
„Ти си таков перфекционист!" – може да ви звучи како комплимент, но дали е навистина? |
Дали позитивното мислење навистина може да ја намали депресијата? |
Мажите и жените се различни на многу начини. Тие го гледаат светот преку сосема различни перспективи. Клучот ... |
Спиењето набрзо по учењето на нов материјал е најдобриот начин наученото да ви остане в глава. |
Дали сте чуле за Вилијамсов Синдром? Веројатно не. Тоа е таков тип на личност која има карактеристики на екстр ... |
Не е тајна дека постарите луѓе се многу поподложни на депресија и други проблеми со менталното здравје ако жи ... |
Доколку црвеното месо е во помали количини на вашата трпеза од препорачаните, може да станете депресивни и ан ... |
Нарушувањата во исхраната се честа појава, но колку навистина знаете за нив? |
Без оглед на тоа колку сте свесни за вашите зборови, психолозите се убедени дека ако не го мислите она што го з ... |
Ако се обидувате да ги избегнете искушенијата, престанете да се борите и едноставно опуштете се. |
Ние не сме секогаш свесни за тоа како одлучуваме за работите. Несвесните чувства или перцепции може да имаат ... |
Остракизмот или исклучувањето можеби не остава надворешни лузни но може да предизвика болка која честопати ... |
Кога сме соочени со некоја компликувана одлука, нашиот автоматски инстинкт е да ги ограничиме или поткастрим ... |
Останати Статии
| |

























