RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Што го поттикнува агресивното и насилно однесување кај децата?
 
 
 
 
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

ПСИХА МУАБЕТ


Последна Порака: 2 денови, 6 часови изминато
  • meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист Smile))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\"
  • TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
  • Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other Smile
  • Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
  • floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other Smile
  • Gorgievska : ve molam odgovorot
  • nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
  • Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate Smile
  • guest_8667 : zdr
  • guest_9917 : Very Happy
Види архива

Смајли?
Very HappySmileWinkSadSurprisedShockedConfusedCoolLaughingMadRazzEmbarrassedCrying or Very SadEvil or Very MadTwisted EvilRolling EyesExclamationQuestionIdeaArrowNeutralMr. GreenGeekUber Geek

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
10 ПРАВИЛА ЗА СРЕЌНА ВРСКА
Петок, 14 Јануари 2011
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЖИВОТНИ МАТЕМАТИЧАРИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
СПРАВЕТЕ СЕ СО СТРЕСОТ НА РАБОТА
Понеделник, 17 Октомври 2011
Слика
НИ БОЛКА НИ МИРИС
Среда, 13 Април 2011
Слика
ДА СЕ ВЕРУВА ИЛИ НЕ?
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
ЕМОЦИИТЕ СЕ ВРОДЕНИ, А НЕ НАУЧЕНИ
Вторник, 02 Ноември 2010
Слика
И МОМЧИЊАТА, ЖРТВИ
Четврток, 03 Март 2011
Слика
КАКО ПРОТИВ КРЕАТИВНАТА БЛОКАДА?
Четврток, 02 Февруари 2012

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер


СКОПЈЕ
Sun, 20 May 2012 3:29 pm CEST
Partly Cloudy
25°C
До: 26°C
Од: 10°C
Изгрев  5:06 am
Залез 7:51 pm
Ветер: 4.83 kmh
Влажност: 39 %
Видливост: 9.99 km
Притисок: 982.05 mb
Стабилен
 
Tommorow
 21 May 2012
Isolated Thunderstorms
 
26°C / 11°C

Сваштарник


ПСИХОЛОГИЈА НА АПОКАЛИПСАТА PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5690 пати
Вторник, 03 Јануари 2012 19:28

Зошто идејата за крајот на светот е толку атрактивна за луѓето што некои дури се целосно опседнати со неа?

2012 филм 

Што е заедничко за:

  • Филмот 2012,
  • Стотиците книги поставени на Amazon.com за мајанскиот календар и катастрофата во 2012,
  • Исламските верувања за дванаесеттиот имам,
  • Почетокот на христијанството,
  • Индијанското движење за Танцот на Духовите,
  • Јапонското движење Аум Синрике или Алеф
  • Адвентизмот на Седмиот Ден,
  • Јеховините Сведоци?

Тие се сите движења за крајот на светот . Тие ја проповедаат Апокалипсата.

ден на пропаст 2012

Но, зошто е визијата на Апокалипсата толку нагласенa? Зошто работи како кука за човечкиот дух одново и одново? Зошто подложностa на таква чудна фасцинација е толку фундаментална за нас што дури може да се каже дека е во нашите гени, во нашата биологија? Зошто еволуцијата го задржала верувањето во катастрофи од генерација во генерација и во култури расфрлани насекаде на планетата?

Колку многу се раширени овие опсесии со катастрофи? Дали страста за катастрофични сценарија навистина се протега низ сите епохи и континенти? Или тоа е само една од нашите самоуништувачки ексцентричности?

четирите јавачи на апокалипсата

Најпрвин, опсесијата околу апокалипсите е од многу одамна. Првите христијани биле сигурни дека Исус го предвидел крајот на светот, сигурни дека Исус претскажал големи несреќи кои ќе претходат на воспоставувањето на Кралството Господово. Овие христијански верници од првиот век од нашата ера, очекувале Исус да се врати од гробот и да воспостави нов светски поредок час поскоро. Тоа е она што се случувало пред околу 2000 години и далеку од нас, на Еврејска територија во Средниот Исток. Но, кога Исус не се појави, тоа не ја дискредитираше религијата. Всушност, системот на верување порасна многукратно.

галактичко порамнување

Два милениуми подоцна и илјадници километри подалеку, на западниот брег на Соединетите Американски Држави, во Холивуд, се појави едно слично предвидување. И се покажа дури и многу попопуларно отколку што било раното христијанство своевремено. Ни беше дадено во форма на филм – 2012 – чиј создавач, Sony Pictures, вели дека во моментов тоа е филмот број еден ширум светот. 2012, ја сумира својата порака во подтекстот – „кој ќе го преживее крајот на светот?"

крај на светот 2012

Но, 2012 не е единствениот апокалиптичен излив на западната поп култура кој ужива неверојатен успех. Ако успеете да преорате преку 100 книги на Амазон околу 2012 и сеуште сте жедни за армагедон, не очајувајте, ќе најдете и други книги за апокалипси, кои се продаваат во мулти милионски тиражи во индустрија за која важи правилото ако сте продале 50 000 примероци тогаш сте направиле успешна работа.

 календар на маите

Од каде всушност дојде концептот дека светот ќе заврши во 2012 година? Зошто токму 2012? Датумот наводно доаѓа од календарот на Маите и од нивната митологијата. Според Маите, боговите се обиделе три пати да го создадат човештвото и не успеале во ниедна од нив. Потоа, успеале некако да поднаучат како се прави човек, па создале суштества како нас, кои биле способни да ги обожуваат. Тоа се случило на 11 август, 3114 година п.н.е.. Но, според Маите, креацијата можела да преживее само 5126 години, тогаш таа се распаѓа и отвара пат за повторен обид. Нашава, на четвртата креација, ќе и помине рокот на крајот на 20 декември 2012. Или барем така оди приказната. Некои експерти за културата и митологијата на Маите велат дека ова е чиста глупост и налудничава измислица. Со други зборови, постои добра шанса, дека западните „познавачи" и љубители на катастрофи го имаат измислено концептот на катастрофална 2012 година, користејќи ги Маите како изговор.

апокалипса декодер

На историчар на религија, сето ова би му звучело многу морничаво познато. Особено американците се гладни за возбудата на брза и непосредна катастрофа веќе подолго време. Во почетокот на 19 век, земјоделец од горниот дел на државата Њујорк, Вилијам Милер, проповедал дека светот ќе пропадне катаклизмично во 1843 година. Потоа, кога крајот на светот не успеа да пристигне навреме, следбениците на Милер ги преработиле неговите предвидувања да ги натокмат со тврдење дека светот ќе престане со постоење во 1844 година. И така, тоа веќе требало да биде крајот не на светот, туку на кредибилитет на Милер. Арно ама, не беше така. Предвидувања на Милер им биле толку примамливи на неговите следбеници што денеска бројат шеснаесет милиони. Тие се наречени адвентистите на Седмиот Ден.

адвентистичка црква

Но, ајде да речеме дека тоа е само налудничавата западна цивилизација. Сигурно другите култури не се толку опседнати со катаклизма. Особено најмудрите култури на планетата, како оние на домородните народи на пример. Порано, имало староседелци во Средна Америка, луѓе кои биле тотално изолирани од западно влијание. Толку изолирани што луѓето од Запад немале поим дека ова племе и земја постои. Ниту, пак, овие домородни народи имале било какви сознанија дека има други континенти кои се распространети преку морињата. Овие староседелците биле софистицирани градители и создавачи на империја. Но, тие беа, исто така опседнати со крајот на светот, толку што дури и помогнаа самите за вистински да им се случи апокалипса.

монтезума

Тоа го направиле со автодеструктивни предвидување во нивната религија дека белите богови ќе дојдат од исток и ќе го донесат крајот на светот. Кога Кортез и неговите конквистадори се појавиле, бледите странци се чинело дека ги исполнуваат предвидувањата. На самиот почеток, владетелот на домородците, Монтезума, , направи огромна грешка и им посака добредојде на овие шпански убијци и ги покани во срцето на својот град. Името на цивилизацијата што ја направи оваа голема грешка? Ацтеки. Нивните самоуништувачки предвидувања биле толку моќни што нема повеќе останати Ацтеки денес.

cortezmontezuma

Ајде да речеме дека Ацтеките се случаен пример. Но, што е со народите кои активно се спротивставуваат на западниот начин на живот? Народи кои веруваат во радикално различни вистини? Секако тие не се толку извитоперени па и ним катастрофичните сценарија да им се толку привлечни. Нели? Една од двете големи култури спротивни на западниот начин на живот денес, е исламот. Своевремено тоа била империја чии освојувања се протегале на територија пет пати поголема од големината на Римската Империја, а седум пати поголема од големината на Соединетите Американски Држави. Од 622 година наваму, милитантниот ислам успеа да направи една од најголемите империи во историјата на светот, со верници од Нигерија и Алжир до Индонезија и Малезија, со или без обединета политичка структура. Сигурно систем на верувања кој направил вакви достигнувања нема слабост во фиксација со катастрофи. Или можеби има?

мехди

Осумдесет и пет проценти од муслиманските шиити - Исламските Дванаесетници - веруваат во појавата на 12-тиот имам кој исчезнал во деветтиот век и за кој сметаат дека ќе се појави кога и да е во брзо време, да ја донесе светлината и вистината на Исламот на целиот свет. Тој имам ќе ја исчисти планетата од нејзините застарени и радикално неточни идеи - гревови како демократијата, секуларизмот, западните човековите права и толеранција. Тоа ќе го направи со апокалипса. Катастрофа проследена со нов светски поредок во кој законите на исламот ќе владеат од едниот крај на планетата до другиот. Тогаш, или сите ќе бидат исламизирани или ќе ги снема. Морничаво е дека еден од овие верници во ваква катастрофа е Ахмад Ахмадинеџад, сегашниот претседател на Иран, човек кој се чини дека е настроен да дојде до она што реално би предизвикало голема катастрофа – нуклеарното оружје.

ахмадинеџад

Да не навлегуваме во верувањата на индијанците за Танцот на Духовите. Или во Јапонското движење Аум Синрике познати и како Алеф. И тие се поборници на апокалипсата. Наместо тоа, да се вратиме на прашањето што интригира. Зошто се луѓето толку често привлечени од епохални движења, такви кои велат дека светот се ближи кон својот крај? Што е основната биологијата на оваа навидум екстравагантна и контрапродуктивна зависност? Верување кое ги црпи нашите енергии, ги исцицува нашите ресурси, и речиси секогаш испаѓа дека е погрешно? Би требало во свет каде што секој организам е креиран да се бори за опстанок, ваков болен систем на верување да не постои. Нели?

индијански танц со духовите

Ајде да започнеме со еден ваков одговор. Понекогаш овие предвидувања за катастрофи се остваруваат. Па и би морало. Војните, земјотресите, гладот, сушата итн., се нешто што редовно се случувало, се случува и ќе се случува на планетава. Дури и да фрлите коцки за да видите кога ќе се случи вакво нешто, постои веројатност некогаш и да ви се посреќи да погодите. Вакво нешто му се случило на еден самонаречен пророк од Питсбург, по име Чарлс Расел, кој предвидел дека падот и несреќата ќе пристигнат пред 1910 година и ќе кулминираат во 1914 година. Во извесна смисла, Расел бил во право. Во 1914 година, Европа влегува во Првата Светска Војна, првата индустриска војна која го зафати целиот свет. Во таа војна загинаа невидени 40 милиони луѓе.

прва светска војна

Според многу историчари, оваа војна, наречена војна која ќе ги заврши сите војни, ги збриша старите европски погледи на светот и подоцна го отвори патот кон нов светоглед. Но, имаше еден пропуст овде. Еден голем пропуст. Оваа катастрофа не го воведе владеењето на Христос како што Расел предвидуваше. Овој централен проблем на предвидувањето, сепак, не го спречи Раселовиот систем на верување за непосредна катастрофа да расте. Денес, неговите следбеници се нарекуваат себеси Јеховини Сведоци. Ги има дури седумнаесет милиони.

Јеховини Сведоци

Случајното погодување не звучи како доволно добра причина за оваа фиксација кон катастрофи да се одржува во живот кај луѓето низ историјата и кај култури кои се наоѓаат на различни краеви на планетата. Сигурно, биологијата и еволуцијата мора да имаат поголема причина да се држат до вака длабока страст за катастрофи. Ајде, во овој дух, да предложиме друго решение на загатката за податливите визии за крај на светот. Еве еден експеримент, стар 60 години, објавен во книгата Принципот на Луцифер:

кафез со глувци

„Кон крајот на 1940-тите, германскиот истражувач Ф. Штајнгер стави петнаесет кафеави стаорци кои никогаш не се сретнале меѓусебно, во кафез. Најпрвин суштества кукавички се повлекле во аглите, исплашени и загрижени. Ако случајно налетале едни на други, тие ги истакнувале нивните заби и се кострешеле. Постепено, сепак, некои од мажјаците забележале дека помеѓу сите овие странци се наоѓаат привлечни млади женки. Господата глодари станале надежни Дон Жуани и тргнале да се додворуваат.

стаорец

Првиот мажјак и женка чии срца се споиле добиле и нешто друго, она што сите други го немале, сојузник. Овој пар целосно ја искористил ситуацијата, тие ги тероризирале нивните цимери. Во прво време, љубовниците едноставно ги бркале своите колеги глодари подалеку од храната, ги испраќаа загрижени за својата безбедност на некој крај од кафезот. Подоцна, романтичното дуо ги ловеле своите соседи, еден по еден. Женката била особено брз убиец. Таа обично ја користела приликата кога жртвата тивко џвакала некој остаток од храната, упатувајќи се со ненадејна брзина, и ги забивала забите во вратот на несреќникот, честопати отварајќи ја директно каротидната артерија. Некои од нападнатите починале од инфекција. Други, претепани, изморени и избезумени од постојаните обиди да избегаат, попуштиле пред премореноста. Кога среќната двојка завршила, тие биле единствените преживеани.

глувци во борба

Вака, глувците ја расчистиле новата територија од конкурентите, трансформирајќи го кафезот во пространа земја на мед и млеко за себе. Новата ветена земја. Сега, тие би можеле да основаат племе, кое ако се остави само на себе ќе опстојува со генерации. Племе што ќе ја носи родителската линија на гените."

Е сега, како врска има ова со популарноста на претскажувањата за крај на светот? Размислете само за момент. Сите овие епохални движења за крајот на светот се слични. Ќе бидеме спржени, сварени или фатени во вкрстен огин на апокалиптичните битки и чуми. СИТЕ ќе бидеме збришани од лицето на планетата. Но, почекајте, сепак не сите. Оние вистински верници, тие ќе бидат поштедени. И ним ќе им припадне новиот свет, светот кој ќе биде прочистен од сите нас, нечистите неверници, еден свет кој тие ќе може слободно да си го претворат во приватен рај.

бог

Дали можеби овие верувања во апокалипсата и прочистувањето се само остаток од времето кога сме биле обични ѕверови?

А сега, неколку завршни сомнежи. Еден од најпопуларните системи на верување во крај на светот во последните 30 години е идејата дека луѓето и носат крај на планетава со своето дејствување. Сценариото за стаклена градина е само делумно научна хипотеза а во остатокот еден привлечен мит. Верувањата за климатски промени се само секуларна експресија на еден прастар шаблон... можеби инстинктивен шаблон. Тие се само нов начин да се каже дека крајот се ближи и само верниците ќе се спасат. Единствено оние кои го прифатиле вистинскиот бог или вистинската филозофија ќе преживеат. Само тие ќе ја знаат вистината на новиот светски поредок. Но не само тоа, тие не само што ќе останат живи, туку и ќе избијат на врвот. Ќе просперираат на секој можен начин.

ефект на стаклена градина

Тоа не остава со три едноставни прашања. Прашања кои може да имаат моќен ефект врз нашите животи:

  1. Дали оние кои веруваат во климатските промени се во право? Дали на пример тие ќе делуваат самодеструктивно врз американското општество на начин што ќе го осакатат и ќе му ја препуштат доминацијата на кинеското, кое има подлога на стара цивилизација?
  2. Дали опсесијата со апокалипса која владее со Иран денес ќе заврши со нуклеарна војна и вистинска апокалипса?
  3. Како да ја избегнеме судбината на Ацтеките? Како да се осигуриме дека предвидувањата за крајот на светот нема да станат реалност? Што да сториме за светот каков што го знаеме сега ни потрае и опстане на подолг рок?

апокалипса 2012

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
article thumbnailПСИХАГОНЕФЕКТОТ НА ВРЕМЕНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ

Луѓето кои живеат во сегашноста, гледаат со топлина на минатото и ја антиципираат иднината се веројатно најс  ... 


article thumbnailСОЦИОПСИХАЗАГРИЖЕНОСТА И ВАШИТЕ МЕЃУЧОВЕЧКИ РЕЛАЦИИ

Сите луѓе се загрижени од време на време. Но, како загриженоста може да влијае врз интерперсоналните релации   ... 


article thumbnailПСИХАГОНКАКО ДА ЗНАЕТЕ АКО НЕКОЈ ЛАЖЕ

Ако му горат панталоните или му расте носот. Не, тоа не се единствените знаци дека некој ве лаже. Еве пет знаци   ... 


article thumbnailПАТОПСИХАДЕФИНИЦИЈА НА ПСИХОЛОШКАТА АБНОРМАЛНОСТ

Понекогаш правиме работи заради кои се чувствуваме ненормални и чудни, па од време на време се прашуваме себе  ... 


article thumbnailПСИХАГОНЗА ПОВИСОКА ОЦЕНКА, ПИЈТЕ ВОДА НА ИСПИТ

Студентите кои пијат вода за време на испитите може да добијат подобри оценки.


article thumbnailПСИХАГОНОЧЕВИДЦИТЕ И НИВНИТЕ ГРЕШКИ ВО СУДОВИТЕ

Најголемата лага на човековата меморија е дека ни се чини вистинита.


article thumbnailПСИХАГОНДАЛИ МОЖЕ ДА КОНТРОЛИРАТЕ ШТО СОНУВАТЕ?

Научниците започнале студија која има за цел да утврди дали е возможно да се влијае врз она што сонуваме.


article thumbnailПСИХАСПОРТПСИХОЛОШКИТЕ ТЕСТОВИ ПРЕДВИДУВААТ ФУДБАЛСКИ ЅВЕЗДИ

Научниците веруваат дека ги откриле тајните на психологијата што стои зад „интелигенцијата во играта" на ел  ... 


article thumbnailСОЦИОПСИХАЉУБЕЗНОСТА МОЖЕ ДА БИДЕ И ШТЕТНА

Внимавајте со љубезноста, може да биде штетна по вашето здравје.


article thumbnailПСИХАГОНПЕРФЕКЦИОНИЗАМ: ДОБЛЕСТ ИЛИ МАНА?

„Ти си таков перфекционист!" – може да ви звучи како комплимент, но дали е навистина?


article thumbnailПАТОПСИХАПОЗИТИВНОТО МИСЛЕЊЕ ЈА НАМАЛУВА ДЕПРЕСИЈАТА КАЈ ДЕВОЈКИТЕ

Дали позитивното мислење навистина може да ја намали депресијата?


article thumbnailПСИХАГОН6 РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ НА КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ

Мажите и жените се различни на многу начини. Тие го гледаат светот преку сосема различни перспективи. Клучот   ... 


article thumbnailПСИХАГОНУЧЕЊЕТО Е НАЈЕФИКАСНО АКО СЕ ОДМАРАТЕ

Спиењето набрзо по учењето на нов материјал е најдобриот начин наученото да ви остане в глава.


article thumbnailПАТОПСИХАДАЛИ СТЕ ПРЕМНОГУ ПРИЈАТЕЛСКИ ЧОВЕК

Дали сте чуле за Вилијамсов Синдром? Веројатно не. Тоа е таков тип на личност која има карактеристики на екстр  ... 


article thumbnailСОЦИОПСИХАЖИВЕЕЊЕТО САМИ ЌЕ ВЕ НАПРАВИ ПОДЕПРЕСИВНИ

Не е тајна дека постарите луѓе се многу поподложни на депресија и други проблеми со менталното здравје ако жи  ... 


article thumbnailПСИХАГОННЕРАСПОЛОЖЕНИ? ЈАДЕТЕ ЦРВЕНО МЕСО!

Доколку црвеното месо е во помали количини на вашата трпеза од препорачаните, може да станете депресивни и ан  ... 


article thumbnailПАТОПСИХАНАРУШУВАЊА ВО ИСХРАНАТА И ЗАБЛУДИ

Нарушувањата во исхраната се честа појава, но колку навистина знаете за нив?


article thumbnailСОЦИОПСИХАВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА

Без оглед на тоа колку сте свесни за вашите зборови, психолозите се убедени дека ако не го мислите она што го з  ... 


article thumbnailПСИХАГОНКАКО ДА ИМ ОДОЛЕЕТЕ НА ИСКУШЕНИЈАТА

Ако се обидувате да ги избегнете искушенијата, престанете да се борите и едноставно опуштете се.


article thumbnailПСИХАГОНКАКО ЌЕ СЕ НАВАЛИШ ТАКА ЌЕ СИ ОДЛУЧИШ

Ние не сме секогаш свесни за тоа како одлучуваме за работите. Несвесните чувства или перцепции може да имаат   ... 


article thumbnailСОЦИОПСИХАОСТРАКИЗАМ

Остракизмот или исклучувањето можеби не остава надворешни лузни но може да предизвика болка која честопати   ... 


article thumbnailПСИХАГОНОГРАНИЧЕН ИЗБОР - ЛОШИ ОДЛУКИ

Кога сме соочени со некоја компликувана одлука, нашиот автоматски инстинкт е да ги ограничиме или поткастрим  ... 


Останати Статии
Psihagon Ltd.

Copyright © 2011 Psihagon Ltd. All rights reserved.