АНКЕТИ
мажите меморија работа успех предизвикува стрес против стресот совети психологија врска депресија жените влијае терапија депресијата однесување луѓето музика сексот емоции љубов влијаат соништа прави зошто мозокот меморијата мисли интелигенција нивните вашата менува карактер мозок среќа стравот чекори среќата живот
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| КРЕАТИВНА ТОЛПА |
|
|
|
| Вторник, 21 Декември 2010 19:19 |
|
Колку повеќе луѓето се дружеле во минатото, толку биле поголеми шансите да дојдат до нови, креативни идеи.
Организаторите на забави знаат дека доколку пикнат група луѓе во мал простор, неизбежно ќе дојде до мешање и интеракција. Нова студија укажува дека ова важело подеднакво за нашите предци како и за нас денес, и дека социјалното поврзување во старите времиња резултирало со нови идеи кои биле корисни за нашата цивилизација и помогнале да станеме луѓе. Истражувањето, кое е објавено во списанието "Наука" сугерира дека пред десетици илјади години со зголемувањето на густината на човечката популација се зголемил и преносот на нови идеи и вештини. Резултат: Настанок на се повеќе и повеќе паметни пронајдоци. "Нашето истражување предлага нов модел за тоа зошто современото човеково однесување започнало во различно време во различни делови на светот, зошто исчезнало на некои места пред повторно да се врати, и зошто во сите случаи се случило пред повеќе од 100 000 години по појавата на првите современи луѓе," изјави истражувачот Адам Пауел од Истражувачкиот Центар за Уметност и Општествени Науки за Еволуција на Културната Разновидност при Универзитетскиот Колеџ во Лондон. Идејата дека демографијата е поврзана со модерното човеково однесување е присутна со децении, но ова е првпат научниците да употребат компјутерски модели и ги тестираат различните хипотези, вели Ричард Потс, антрополог и директор на Програмата за Човековото Потекло при Националниот Музеј за Природна Историја на Смитсонијан Институтот во Вашингтон, САД. Потс, кој не беше вклучен во студијата, ја поздрави одлуката на научниот тим кој реши да не се потпира исклучиво на компјутерски модели туку исто така да употреби генетски и археолошки податоци со цел да го поткрепи своето тврдење.
Современи луѓе
Научниците знаат дека анатомски современите луѓе, или Homo sapiens (кои се одликуваат со голем мозок и со други карактеристики кои ги имаме денес) постоеле пред најмалку 160 до 200 000 години. Некои сметаат дека зголемувањето на мозочната сила или развојот на јазикот довеле до современото човеково однесување, во што спаѓа и создавањето на абстрактна или реалистична уметност, декорирање на телото, музички инструменти и ловење и правење на разни стапици.
Но се чини дека нашите големи мозоци немале културни придобивки се до многу, многу подоцна. Всушност, археолошките докази за уметност и технологија посовршени од најосновните камени алатки се пронајдени во суб-Сахарска Африка и датираат од пред 90 000 години. Таму остатоците од современото човеково однесување изчезнале пред 65 000 години, и подоцна повторно се појавиле пред 40 000 години. "Во Европа и западна Азија оваа напредна технологија и однесување доживува експанзија пред 45 000 години кога луѓето пристигнале таму, но не се појавува во источна и јужна Азија и Австралија се до многу подоцна, и покрај човековото присуство таму," изјави член на научниот тим Стивен Шенан од Институтот за Археологија при Универзитетскиот Колеџ во Лондон.
Споделување идеи
Истражувачите спроведоа компјутерски симулации врз разни густини на населението, групирајќи ги луѓето во субпопулации кои мигрирале. Моделот откри дека при одредена густина на субпопулацијата се појавува акумулација на идеи и вештини. Со цел да дознае дали овој феномен на споделување на вештините бил реален, тимот употреби компјутерски податоци со цел да ја процени големината на популацијата во различни региони во рани временски периоди. Доста сигурно е дека кога била достигната критична густина на популацијата или кога постоел извесен степен на миграција помеѓу субгрупите исто така постоеле археолошки докази за современото човеково однесување. "Како што се зголемува густината на популацијата, луѓето повеќе мигрираат помеѓу групите," изјави Томас за време на телефонско интервју. "Тоа ја оневозможува веројатноста дека било која вештина која е тешка за учење ќе биде изгубена или изумрена." На пример, густината на населението била слична во суб-Сахарска Африка, Европа и на Блискиот Исток кога современото човеково однесување за првпат се појавило во овие региони. Резултатите исто така покажаа дека густината на популацијата би се намалила како резултат на климатските промени во времето кога современото човеково однесување привремено исчезнало во суб-Сахарска Африка.
"Основната идеја појмовно е дека можете да имате поединци кои се навистина одлични во смислувањето идеи, концепти и начини како да му се доближат на светот, но потребна ви е и одредена густина на популацијата со цел да се се задржат и рашират тие идеи," изјави Потс за "LiveScience".
Тој додаде: "Можете да замислите дека постоеле навистина иновативни поединци во одредени пригоди, но со многу мала големина на популацијата и со мобилни трагачи по храна кои не влетуваат често во други групи, нивните пронајдоци биле најверојатно краткотрајни и скоро невидливи во археолошките записи." Слични Статии: |
Природата и потеклото на човековата интелигенција е многу истражувана и дебатирана тема од природен инте ... |
Во Ведската култура, санјаса значи откажаниот дел од животот... |
Луѓето веројатно кампувале покрај потоците во близина на Тексас уште пред општеството на Кловисите, кои се с ... |
За старите Римјани љубовта била синоним за страдање, болка и тага. |
Првите човекови заедници водат потекло од праисториските погребни собири. |
Нашите дамнешни претци, неандерталците, готвеле и се хранеле исто како и модерните луѓе. |
Истражувачи од Универзитетот во Флорида тврдат дека луѓето носеле облека пред 170 000 години. |
Племињата во бакарното доба уживале во првото кинематографско искуство, правејќи гравури во камен во алпски ... |
Според анализите на неандерталски гени кои беа за прв пат секвенцирани во неодамнешно истражување, многумин ... |
Пред 10 до 16 милиони години, последниот заеднички предок на луѓето и мајмуните исто така се смеел, најверојатн ... |
Колку повеќе луѓето се дружеле во минатото, толку биле поголеми шансите да дојдат до нови, креативни идеи. |
Меѓународен тим на антрополози кои работеа во Еквадор со племето Ваорани покажаа дека понекогаш мачо момцит ... |
| Останати Статии | |











