АНКЕТИ
депресијата однесување мажите против емоции мозокот врска влијаат интелигенција работа музика соништа луѓето среќата стресот среќа меморија терапија стравот влијае успех сексот мозок психологија меморијата чекори нивните стрес предизвикува зошто жените совети живот мисли менува прави вашата депресија карактер љубов
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПРЕИСТОРИСКО СМЕЕЊЕ |
|
|
|
| Вторник, 21 Декември 2010 20:25 |
|
Пред 10 до 16 милиони години, последниот заеднички предок на луѓето и мајмуните исто така се смеел, најверојатно при скокоткање.
Што е тоа што го прават сите човечки суштества, без оглед на расата, културата, јазикот или верувањата? Се смеат, секако. Пред 10 до 16 милиони години, последниот заеднички предок на луѓето и мајмуните исто така се смеел, најверојатно при скокоткање. Тоа е заклучокот од анализата на снимено смеење на млади орангутани, шимпанзи и деца кај човековиот вид. Чарлс Дарвин и другите научници одамна посочуваа дека мајмуните и останатите видови на цицачи се смеат или произведуваат слични звуци за време на друштвени игри. Но никој систематски не го има споредено смеењето кај разни видови на примати, особено кај големите мајмуни.
Зоологот Марина Давила Рос од Универзитетот во Портсмаут во Велика Британија и нејзините колеги го снимија смеењето на млади горили, шимпанзи, бонобоа, орангутани и еден сиаманг во зоолошките градини и национални паркови. Се испостави дека повеќето од младенчињата мајмуни сакаат да бидат скокоткани: Експлозивно се смееја кога нивните одгледувачи ги скокоткаа со некое гранче или со прстите на стапалата, дланките, вратот или под пазувите. Истражувачите потоа го споредија снименото смеење со она кај три деца од човековиот вид. Открија дека луѓето произведуваат повеќе "гласовни" звуци – карактеристичното "Ха! Ха!"- и дека поголемиот дел од човековото смеење се одвива при издишување. "Човечкото смеење е многу карактеристично," вели Давила Рос. Од друга страна пак, сите видови на мајмуни кога се смеат наликуваат едни на други. Повеќето од нив произведуваат еден вид на кратки, бучни гроктања. Но, на нивно изненадување, горилите и бонобоата се смеат подолго и при издишување, како и човекот. Еден бонобо дури и "гласовно" се насмеа, создавајќи звук сличен на "Ха!", изјави научниот тим во "Current Biology". Давила Рос забележува дека другите истражувачи исто така слушнаа слични звуци и од шимпанзите.
Овие наоди ја предизвикуваат претставата дека гласовното смеење при издишување е "исклучиво човечка карактеристика," изјави Рос. Тие исто така, вели таа, се противат на идејата дека смеењето како кај човекот е застапено само кај двоножците, како што тврдеше невро-научникот Роберт Провајн од Универзитетот во Мериленд, САД. И Провајн и Давила Рос велат дека бидејќи луѓето и сите мајмуни се смеат, голема е веројатноста дека далечниот заеднички предок на луѓето и мајмуните по мајмунска линија кој живеел пред 10 до 16 милиони години исто така се смеел. Врз основа на новата анализа, "неговото смеење било веројатно многу гласно и несредено" и било "слично на смеењето на мајмуните", изјави Рос. Нашето смеење се сменило подраматично во изминатите 5 милиони години, кога човечката линија се раздвоила од шимпанзите и бонобоата, а смеењето станало гласовно и се одвивало при издишување. Но тоа е се уште "преувеличување" на смеењето на нашите предци, вели таа. И, забележува Рос, постои уште едно нешто што и мајмуните и ние, луѓето, сме го задржале од нашиот далечен предок: Сакаме да бидеме скокоткани.
Слични Статии: |
Природата и потеклото на човековата интелигенција е многу истражувана и дебатирана тема од природен инте ... |
Во Ведската култура, санјаса значи откажаниот дел од животот... |
Луѓето веројатно кампувале покрај потоците во близина на Тексас уште пред општеството на Кловисите, кои се с ... |
За старите Римјани љубовта била синоним за страдање, болка и тага. |
Првите човекови заедници водат потекло од праисториските погребни собири. |
Нашите дамнешни претци, неандерталците, готвеле и се хранеле исто како и модерните луѓе. |
Истражувачи од Универзитетот во Флорида тврдат дека луѓето носеле облека пред 170 000 години. |
Племињата во бакарното доба уживале во првото кинематографско искуство, правејќи гравури во камен во алпски ... |
Според анализите на неандерталски гени кои беа за прв пат секвенцирани во неодамнешно истражување, многумин ... |
Пред 10 до 16 милиони години, последниот заеднички предок на луѓето и мајмуните исто така се смеел, најверојатн ... |
Колку повеќе луѓето се дружеле во минатото, толку биле поголеми шансите да дојдат до нови, креативни идеи. |
Меѓународен тим на антрополози кои работеа во Еквадор со племето Ваорани покажаа дека понекогаш мачо момцит ... |
| Останати Статии | |











