АНКЕТИ
влијаат чекори нивните интелигенција сексот мажите мисли стресот карактер однесување соништа музика стравот менува влијае среќа емоции мозокот работа предизвикува жените врска мозок терапија депресија меморијата против живот зошто меморија стрес депресијата луѓето љубов психологија прави успех вашата совети среќата
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ОБЛЕКАТА ГО ПРАВИ ЧОВЕКОТ |
|
|
|
| Сабота, 22 Јануари 2011 23:20 |
|
Истражувачи од Универзитетот во Флорида тврдат дека луѓето носеле облека пред 170 000 години.
Едно ново истражување на Универзитетот во Флорида што ја анализира еволуцијата на вошките покажува дека луѓето почнале да носат облека пред 170 000 години што им овозможило успешно да емигрираат надвор од Африка. Главниот истражувач, Дејвид Рид, кустос во природнонаучниот музеј во Флорида, ги истражува вошките кај луѓето за да ја разбере нивната еволуција и шемата на нивното мигрирање. Во неговото последно истражување што трае пет години, тој користи низи на ДНК за да открие кога вошките од облеката на луѓето прв пат почнале генетски да мутираат од првобитните вошки на човечката глава. Финансирано од Националната научна фондација, ова истражување е достапно на интернет и во печатената верзија на Молекуларна биологија и еволуција. „Баравме друг метод за да утврдиме кога прв пат луѓето почнале да носат облека“ – вели Рид. „Знаеме дека вошките од човечкото тело скоро сигурно не постоеле се’ додека луѓето не почнале се облекуваат бидејќи тие многу брзо се приспособуваат на облеката.“
Податоците покажуваат дека луѓето почнале да носат облека околу 70 000 години пред да почнат да се движат кон постудени средини и поголеми височини – појава што започнала пред околу 100 000 години. Овој период не може да се утврди според археолошки податоци бидејќи облеката од тоа време не може да опстои на археолошки локалитети. Истражувањето исто така покажува дека луѓето почнале да се облекуваат многу подоцна откако ги изгубиле влакната по телото, што, според едно истражување за генетската обоеност на кожата, се случило пред околу 1 милион години - значи човештвото поминало еден долг период без облека, изјави Рид. ‘Интересно е што луѓето успеале да преживеат стотици и илјадници години во Африка без да носат било каква облека и без влакна на телото. Но, започнале да мигрираат од Африка кон другите страни на светот дури кога почнале да се облекуваат.’ – рече Рид.
Вошките се добри за анализа бидејќи, за разлика од другите паразити, нивното потомство може долго време да живее врз телото на домаќинот. Врската меѓу потомствата им овозможува на научниците да научат повеќе за еволутивните промени кај домаќините врз основа на промените кај паразитите. Поврзувањето на еволуцијата на вошките и луѓето може да даде информации што ќе се искористат во медицината, еволутивната биологија, екологијата и голем број на други науки, вели Рид. „Истражувањето ни дава можност да го испитаме процесот на менување на домаќини и напаѓањето на новите – појави што ги има и кај инфективните болести од кои страдаат луѓето“ – изјави Рид.
Истражувањето за вошките во облеката од 2003 година на Марк Стоункинг, генетичар на Институтот Макс Планк во Лајпциг, Германија, процени дека луѓето прв пат почнале да носат облека пред 107 000 години. Сепак, истражувачите од Универзитетот во Флорида користат нови податоци и попрецезни методи за пресметување. „Резултатите од анализата посочуваат еден неочекувано ран период за облеката што е многу поназад од најраните цврсти археолошки докази, меѓутоа, се си има смисла,“ – рече Иан Гилиган, предавач на Факултетот за археологија и антропологија на Меѓународниот Австралиски Универзитет. „Ова значи дека современиот човек веројатно почнал редовно да се облекува за да се стопли во леденото доба кога прв пат бил изложен на такви услови.“
Последното ледено доба беше пред околу 120 000 години, но истражувањето покажува дека луѓето носеле облека во претходното ледено доба што било пред 180 000 години според пресметките на истражувањата за ледената кора, тврди Гилиган. Современиот човек прв пат се појавил пред околу 200 000 години. Бидејќи прастарите хоминиди не оставиле никакви остатоци од вошки на облеката, истражувањето не ја прифаќа можноста дека прастарите хоминиди надвор од Африка носеле некаква облека пред 800 000 години. Иако се смета дека прастарите луѓе живееле со генерации надвор од Африка, само современите успеале таму да преживеат до денес. „Веројатно употребата на оган, носењето облека, новите стратегии за лов и новите алати направени од камен им помогнале на луѓето да опстојат стотици илјадници години,“ – вели Рид.
Слични Статии: |
Природата и потеклото на човековата интелигенција е многу истражувана и дебатирана тема од природен инте ... |
Во Ведската култура, санјаса значи откажаниот дел од животот... |
Луѓето веројатно кампувале покрај потоците во близина на Тексас уште пред општеството на Кловисите, кои се с ... |
За старите Римјани љубовта била синоним за страдање, болка и тага. |
Првите човекови заедници водат потекло од праисториските погребни собири. |
Нашите дамнешни претци, неандерталците, готвеле и се хранеле исто како и модерните луѓе. |
Истражувачи од Универзитетот во Флорида тврдат дека луѓето носеле облека пред 170 000 години. |
Племињата во бакарното доба уживале во првото кинематографско искуство, правејќи гравури во камен во алпски ... |
Според анализите на неандерталски гени кои беа за прв пат секвенцирани во неодамнешно истражување, многумин ... |
Пред 10 до 16 милиони години, последниот заеднички предок на луѓето и мајмуните исто така се смеел, најверојатн ... |
Колку повеќе луѓето се дружеле во минатото, толку биле поголеми шансите да дојдат до нови, креативни идеи. |
Меѓународен тим на антрополози кои работеа во Еквадор со племето Ваорани покажаа дека понекогаш мачо момцит ... |
| Останати Статии | |













