АНКЕТИ
работа врска љубов прави совети стресот чекори жените среќата менува стрес влијаат сексот нивните музика депресија среќа мисли влијае емоции соништа карактер депресијата успех интелигенција мозокот терапија стравот психологија луѓето меморијата зошто живот меморија мозок предизвикува однесување вашата мажите против
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| 7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ |
|
|
|
| Среда, 19 Јануари 2011 17:28 |
|
Ви се чини дека вашата креативност пресушила? Еве неколку техники со кои ќе го обновите замрениот креативен потенцијал.
Сите ние можеме да бидеме иновативни доколку имаме време, слобода, доволно искуство, соодветен модел на однесување и мотивација. Но, има моменти кога и на најкреативната личност и се здосадува, или едноставно се соочува со креативен ќорсокак, односно недостиг од идеи. Еве ги седумте најинтересни и најневообичаени техники со кои ќе ја повратите вашата: 1. Психолошка дистанца Психолошката дистанца може да биде мошне корисна алатка за интензивирање на креативноста. Учесниците во едно истражување кои беа подготвени изворот на задачата да го сметаат за оддалечен, решија двојно повеќе внатрешни проблеми од оние кои поаѓаа од непосредната близина на задачата. За увид: Обидете се да ја замислите вашата креативна задача како да е оддалечена и неповрзана со вашата моментална локација. Тоа би требало да ве поттикне да размислувате на повисоко ниво.
2. Понапред во времето Како психолошката дистанца, така и хронолошката дистанца може да ја поттикне креативноста. Фостер и неговите колеги ги замолија учесниците во истражувањето да размислуваат како би изгледал нивниот живот една година подоцна. Како резултат на тоа, тие се покажаа како оостроумни и дојдоа до покреатвини решенија за проблемите, за разлика од оние кои размислуваа како би изгледал нивниот живот наредниот ден. Размислувањето за дистанцата во времето и просторот веројатно го поттикнува мозокот да размислува апстрактно и соодветно на тоа, покреативно. За увид: Проектирајте се себеси понапред во времето; гледајте на своите креативни задачи како да се една, десет или сто години оддалечени.
3. Апсурдистичка стимулација Мозокот секогаш се стреми да учи преку искуството. Колку повеќе апсурдност искусува притоа, толку повеќе се труди да изнајде решение за проблемот со кој се соочува. Учесниците во едно истражување прочитаа апсурдна, бесмислена приказна од Франц Кафка пред да пополнат образец со задача за препознавање. Споредени со контролната група на учесници, оние кои ја прочитаа приказната покажаа подобрена потсвесна способност за препознавање на скриените шаблони. За увид: Прочитајте ја "Алиса од земјата на чудата", "Метаморфоза" од Кафка, или било кое апсурдно ремек дело. Апсурдноста е “закана за смислата” која ја подобрува креативноста.
4. Искористете го лошото расположение Позитивните емоционални состојби го подобруваат решавањето на проблемите и флексибилното размислување, а генерално земено се повеќе придонесуваат во креативноста. Но, и негативните емоции имаат моќ да ја поттикнат креативноста. Едно истражување спроведено над 161 вработен откри дека креативноста се зголемила кога и позитивните и негативните емоции беа на високо ниво (Џорџ и Зоу, 2007). Се испостави дека испитаниците позитивно ги искористија драматичните ситуации на работното место. За увид: Негативните расположенија може да ја убијат креативноста, но сепак обидете се да пронајдете начин да ги искористите на позитивен начин - може да се изненадите од тоа што ќе се случи.
5. Комбинирање на спротивностите Интервјуата со 22 Нобелови лауреати во физиологија, хемија, медицина и физика, како и писатели добитници на Пулицеровата награда и други уметници, открија изненадувачка сличност во нивните креативни процеси (Ротенберг, 1996). “Јанусовото размислување”, така наречено според Јанус - римскиот бог со повеќе лица, вклучува смислување на повеќе истовремени спротивности. Интегративните идеи потекнуваат од спротивставените страни, кои вообичаено не се очигледни во крајниот производ, теорија или уметничко дело. Физичарот Нилс Бор можеби го употребил Јанусовото размислување за да дојде до принципот на комплементаноста во квантната теорија (дека светлото може да се анализира како бран или како честичка, но никогаш како двете истовремено). За увид: Поставете невозможни спротивности, испробајте смешни комбинации. Ако се друго пропадне, помолете му се на Јанус.
6. Линија на најголем отпор Кога луѓето се обидуваат да бидат креативни, тие обично одат по патот на најмал отпор преку создавање на веќе постоечки идеи. Тоа не е проблем, се додека не ви пречат варијациите на една иста тема. Доколку сакате нешто поневообичаено, тоа може да ве ограничи да се задржите на она што веќе постои. Линијата на најголем отпор води до покреативни решенија. За увид: Повеќето луѓе одат по патот на најмал отпор, бидејќи тоа е најлесно да се направи. За промена, обидете се со потешката опција. Не се плашете од предизвиците.
7. Реконцептуализација Луѓето често пребрзо одговараат, често дури и пред да размислат убаво за одговорот на поставеното прашање. Истражувањата укажуваат дека времето кое го минувате во реконцептуализирање на одреден проблем може да биде навистина делотворно. Мамфорд и неговите колеги открија дека учесниците во екперимент дојдоа до поквалитетни идеи кога беа принудени повторно да го замислат проблемот на разни начини, пред да се обидат да го решат. Слична класична студија на уметници откри дека оние кои се фокусираа на откритието во периодот на формулирање на проблемот, создадоа подобри уметнички дела (Чикшентмихалиј и Гетцелс, 1971). За увид: Засега заборавете го решението, концентрирајте се на проблемот. Дали го поставувате вистинското прашање?
Секојдневна креативност Сите овие методи може да се применат во секојдневниот живот. Комбинирањето на спротивностите, одбирањето на патот на најголем отпор, апсурдноста и останатите може да ви помогнат да изберете подарок, да размислувате за својата кариера на поинаков начин или да одлучите што да правите за викендот. Креативноста “без обврски” е исто така важна, а можеби дури и поважна, од “сериозната” креативност.
Слични Статии: |
Да ги запознаеме креативните луѓе... |
Доколку сметате дека сте чудак или аутсајдер, не очајувајте. Искористете го вашиот креативен потенцијал како ... |
Во едно ново истражување се покажува дека тинејџерите кои поминуваат повеќе време слушајќи музика наместо ч ... |
Луѓето размислуваат многу покреативно кога работат за некој друг отколку кога работат за себеси, вели едно н ... |
Музиката лесно може да не развесели или да не трогне до солзи. Зошто се случува тоа? |
Што знаеме за психологијата на музичките вкусови? Дали музиката има влијание врз вашите лични карактеристик ... |
Ви се чини дека вашата креативност пресушила? Еве неколку техники со кои ќе го обновите замрениот креативен п ... |
Вашата омилена слика зборува многу за тоа какви сте како личност. |
Дали музичкиот талент е однапред детерминиран во гените, или пак се јавува сам по себе? Најновото истражување ... |
Што е тоа кај музиката што е толку корисно кога првпат среќаваме некого и какви информации можеме да извлечем ... |
















